Драга...
Ќе се обидам накратко да се надоврзам на едно многу занимливо мислење од пред недела дена со уште поинтересна случка која ме изнасмеа, како мене, така и многу од вас. Случајно го видов вчера, а еден дел баш ми привлече внимание.
Покрај јаката дешавка, како од филм, книга на Mark Twain или некој со појака имагинација дури и од него се работи и за луѓето
отров.
Луѓе кои речиси секојдневно ги среќаваме во нашето опшество. Нив, за жал ги има многу, но повеќе или помалку се познати на поширокото и потесното опкружување во кое виреат, па можеш да се заштитиш, ако ништо друго барем да не ти крадат енергија и време. Тие не се кријат од тоа што се и се отворено отровни за сите околу.
Единствен поголем отров од овие познати отров луѓе се оние од сличен калибар, ама подзасркиени и не многу експонирани. Да речеме не се магистри, јавни личности, политичари или некој друг вид функционери, не се целосно вистински познати на опкружувањето и најчесто нив не ги гледаш со овие првите, но се спремни да им се улижуваат ако имаат потреба.
Ситни души со комплекс на нижа вредност кои се вечно недокажани, желни за внимание, ликови кои се разбираат од сѐ и се експерти за сѐ, арно ама се некој друг им е крив.
За реакција плус на социјални мрежи и по некој аплауз, за да бидат интересни во состојба се и од газот да си апнат.
Најчесто сознанијата им се темелат на тоа што слушнале од "другарите" за кои нормално кога не се заедно одма почнуваат да јадат го*мна.
Си веруваат на лагите кои си ги кажуваат сами на себе и секогаш се споредуваат со други, а никогаш сами со себе.
Епа, Драга Кајгана, со вакви нијанси на отровни и екстремно отровни луѓе, кои ги има насекаде, не треба да не чуди што луѓето вадат Бугарски пасоши и бегаат што подалеку од тука.
