Драга Кајгана,
Дефинитивно најдобро било кај и да одиш да бидеш гласен, да шириш сила, мислење, па дури и страв. Луѓето не сакале културни, добри и чесни луѓе. Таквите најлесно ги газат за да поминат.
Иначе времево е премногу убаво. Посебно кога ќе го видам небото при зајди сонце или изгреј сонце со некоја затемнета/матирана плаво портокалова боја, мислам дека очиве ми уживаат во погледот. И така сабајле гледам потопло време и си реков да одам на работа со маица по кратки. Ама затоа што пеглата е со скинат кабел се решив да импровизирам пегла и сето тоа го правев пола саат пред работа.
Сум земал ѓезве, го наполнив со вода и го ставив на плинчето да се загрее, па демек така ќе пеглам
Ај тоа што маицата е бела, ама со р'ѓосаново ѓезве си ја разубавив на едно место, па земав да ја чистам со влажни марамици и на крај се утешив дека утре ќе биде потопло, па тогаш ќе ја носам
Успат разгледувам огласи за работа. Во моментов не ми треба нова работа, ама се чудам како излегуваат секогаш добри шанси за работа кога јас не барам работа, а кога барам, никаде нема