Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Три месеци изгубив, за да го направам ова. Додека цртав, собата беше заклучена, за случајно да не влезат и да видат што им спремам. :D Денес беше изненадувањето и сечењето на лентата. Радости до бескрај. :cool:

ace.jpg
 
Ди Кеј, можеби единствената непријатна работа што живеам ваму каде што живеам е што гробиштата ми се на 600-700 метри воздушна линија. Не е поради глетката од тераса што ја имам, одамна отрпнав од такви работи, туку за време на викенди, пролет, лето, есен или кога е Задушница, Духовден, се случува ветер да дувне од север и комшилуков мириса на свеќи, темјани :Кезец:
Прееска ми дојдоа гости и дека од двор не се гледа баш идилата и ми викаат што замириса вака на црква и им викам, некој од комшииве тера романтики :lolzz:

Исто така мислам дека е редно на баба ми да и кажам дека зајакот од време на време во двор си поткаснува од цвеќињата додека не ја раширила на сите комшики сторијата за огромни полжави кои гризаат по цели листови па Animal Planet & Discovery да се паркираат во двор. Идам да досработам нешто, нема поента да се гледа фудбалов, пуса.:backa:[DOUBLEPOST=1434312299][/DOUBLEPOST]p.s. Ќе ја шернам на ФБ програмата за пливање што му ја дадов на Cassaro али не е за почетници, без с`клдисување како што би рекле стариве.
 
Вчера бев да ја скратам косата, отидоа 10тина сантими и одма се осеќам полесно. Од таму на јадење, глеам времето нешто идеално за шетња. Облачно, ни топло ни ладно. Зимање кафе од локален старбакс, шетам низ градот и едно време кога почнаа не знам од каде таа донација, шетаат - сладолед, и тоа од тој квалитетниот сладолед. :ROFLMAO: Се заебавам, слушнав од некаде доаѓа некоја музика, викам мора некоја дешавка да има тука у близина. Затворени улиците, уличен фест у населба која е lgbt-friendly. Неколку стејџови, музика, храна, пиво, сувенири, тракатанци. Народ низ улиците, баровите полни со луѓе. Им се инфилтрирав во дувлото, толку гејови, лезбејки немав видено од парадата пред некоја година. Заврна малку, застанавме кај еден стејџ, свиреше некој женски бенд. Листата на песни одеше некако вака: I kissed a girl, I love it (I don't care), Can't get you out of my head, You gotta fight for your right, You shook me all night long итн, се пресмеав...сите се журкаат мокри, лезбејки у загрљај, педери се лапаат под чадорче (how romantic), срциња на сите страни летаат. Проба еден фин дечко да ми понуди џоинт, му фрлив еден ваков:
poker-face-gif.gif

and he was like:
8e4dc8eb87da414b906d853ce68385f52f75728aa4413c35f269d903ad337080.jpg

and then I was like I'm outta here:
3e07998b-918d-45dc-b2bf-b3026022ec7f.gif
 
Последно уредено:
Драга,

Како тргнало ќе кинам конци :(, денес сум како да сум седел 20 минути во рерна на 200 степени, качив температура, црвен како рак и згора на се алергијата ме уништи од кивање.
Па и ушето троа ми заслабна после муабетот на телефон со дедо ми, човекот мисли дека треба посилно да вика поради далечината :D
 
Денеска мртов уморен, повеќе од 13 часа работа, од темница до темница што викаат, толку уморен што доаѓам дома, го вклучувам лаптопот (толку доцни вклучувајќи што додека се вклучува одам да јадам), после јадење се качувам кај мојата домашна канцеларија, се соблекувам до боксерки, онака како дете, и некако уживајќи отварам мозила, кикесс и барам, ШТОООО, нема торенти за серијата, за финалето јебагоооо, готово, се разочарувам, брзам да отварам тема да видам зошто нема и кога ми текнува дека е недела... не знам сега дали сум разочаран, или среќен, ама повеќе разочаран, баш очекував да уживам вечерва...
 
Пред неколку дена го видов Бубо Каров на стадионот додека трчев. Си помислив де бе ајде не ме заебавај нема шанси воа да се десе. Тргна надолу и јас возбуден цел, не е мала работа Бубо Каров да го видиш да трче и наеднаш си заврти во кафаната одма до стадионот што е... Јебига ќе видев чудо за малку. После сакав да отидам да му речам ај да мааниме по една десетка, ама си викам бегај, сигурно ќе ми рече „Со кромид или без?“.
 
Свежи маслинки удавени во маслиново масло, младо кравјо сирење и домашно наливно црвено вино. Малку повеќе од таман... да се каже, али супер е:)

Комшиите ми се за во филмско сценарио, толку се изузетно ненормални, што почнуваат да ми се свиѓаат. И сочувствувам со нив, ги бранам. Отсекогаш ме привлекувала човековата глупавост и тенденција да се пркоси на нормите и нормалните луѓе.

Да не бев пијано весел ќе ги фрлев од тАраса. Ќе немаше кој муабет за рипките, белите гуштери и стршлените, да ми прави(они ги викаат пријателчиња).

Ќе фалат кога ќе се вратам:(
 
Предходниот пат сам си ја запали кафаната ама сега ја има да му ја запалам. Си ја реновираше кафаната од парите што ги зема од подменатиот пожар и од тогаш цела населба во воздух ја крева. Веќе секој ден во последниот месец до 2-3 навечер доаѓа гласна музика од кај него. Чим другарка што живее скоро километар одалечено не може да спие заради музиката можете да видите колку е гласно. А јас сум на 150 метри од кафанава. За високи партиски членови институции не постојат. Така да он ќе пушта музика колку си сака, а ние ќе трпиме.
 
ДК Годинава си дадов предизвик да одам на сите претстави на Војдан Чернодрински фестивалот. Засега имам појдено на сите 4 од официјалната програма. Досега се маестрални сите претстави, ама посебно сакам да ја издвојам „Хотел ни на небо ни на земја“ од штипскиот театар. Браво :cuc:
btw еве едно сликче од отварањето на фестивалот во петокот
 
Кеј,

Јас сум од времето кога во лето навечер фаќавме светулки, плус тоа дење крадевме цреши,вишни и по некоја кајсија.

Денес се штукаат децава по школски дворови уште од 13 год.

Само се прашувам кога ќе имаат деца што ќе им кажат тие на своите деца за својата младост?
 
Драга Кајгана,
Летово го мразам само поради бубачкиве. Човек на раат не го оставаат.......:@
 
Дк Годинава си дадов предизвик да одам на сите претстави од Војдан ЧЕрнодрински фестивалот.
Засега 4 од 4 од официјалната програма. Сите беа маестрални досега, ама морам посебно да ја издвојам „Хотел ни на небо ни на земја“ од штипскиот театар. Предобро парче, на моменти се наежував. Го препорачувам на секој кој има шанса некаде да го гледа.

btw едно сликче од отварањето во петокот (тие на крановите се глумците)
WP_20150612_19_57_43_Pro.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom