Драга,
Лето и плажи.
Јас си ги сакам и двете.
Но не е лесно да си најбелиот човек на плажата. На Балканов барем, каде одмор се брои ко квалитетно поминат ако се вратиш бар три нијанси поизгорен од што си тргнал. Јас никогаш немам добар одмор истерано според тој критериум.
Ко што пишав, не е лесно. Покажување со прст, озборување, тотални странци да идат да те замараат да не си нешто болна, тенот да ти биде окарактеризиран ко ненормален ... Кога читам глупости за белиот човек и неговите злодела, јас вина си набивам за двајца бели.
Пред некоја недела ми рекоа да си ја приберам раката пошто ми се познавале вените и било крипи.
Левата поточно, таа ми е стварно крипи, десната се трпи некако.
Си го обожавам тенот, иако е проѕирен очигледно. Секогаш ми е интересно кога ќе слушнам покреативен прекар или опис од тоа што се иам изнаслушано претходно.
#proudToBeThisWhite