И еве, после 99 минути молк поради лошите услови за живеење во: Кина, Танзанија, Сенегал, Монголија, Флорида, Тексас, Портланд, Молдавија, Украина, Белорусија, Зимбабве, Танзанија, Драчево и Шкотска, може да започне мечот.
Еве, судијата кој нема моќ над играчите, бидејќи и судијата е човек исто како и играчите, нели, нема што он да им кажува, ова е чист расизам, бел судија да му дава картон на црн играч? Ма ајде ви се молам, еве започна мечот...и веднаш завршија осумте секунди од натпреварот, судијата свири крај, уште еден маестрален меч во кој сите сме победници, сите сме исти пред Бога или науката или природата или било кој антички Бог или не-Бог го сакате, одличен резултат, 0-0 сите сме луѓе, сите сме еднакви, никој не е подобар од другите, да, и ти педесет и пет годишен дебел ќелав гледачу од Стоук со преостанат еден заб во устата, дури и ти си подеднакво квалитетен и добар како и Адама Траоре, сите се сакаме, сите заслужуваат бодови, среќа за сите.
Се гледаме утре, од 15 часот има меч помеѓу една екипа и друга екипа, а впрочем тоа е само една голема екипа, зошто да се делиме на Челзи и Јунајтед, на Јунајтед и Сити, на Сити и Гладни, сите сме еднакви, сите играме за една иста екипа, освен ако не сте себичен човек, во тој случај исто така тоа е ок, нема зошто јас да ви судам, впрочем јас сум само уште еден грешник како и сите ние, освен ако не сте од тие што не веруваат во концептот на грев, во тој случај и тоа е ок. Во 16 часот и 39 минути ќе започне мечот после 99 минути молк за преостанатите земји.
Ова е Премиер Лига, најдобрата лига што се вика Премиер Лига, ама можеби и не е најдобрата, пошто сите лиги се квалитетни и имаат нешто да покажат! Се гледаме утре...освен ако не сакате нешто друго, во тој случај и тоа е одлично, правете што сакате, вие сте слободен човек, освен ако не сакате да кажете дека Адама Траоре е брз играч, во тој случај горете во пеколот...или можеби не.
Јас сум Мартин Тајлер, до мене е Адам Смит, и се слуш..пардон, некои од вас се глуви...сакам да кажам, се гледа....пардон, постојат и слепи луѓе..овај...
Збогум! Премиер Лига!