Имав изминативе 10-15 дена обавези со станот и не се врткав дома ич, дали 2 пати спиев дома во тие 15тина дена. И завчера конечно си доаѓам, викам ај ќе одморам и бап ми ѕвони некој на врата. Отварам и комшиката од карши мене, 70 и кусур години, ми ги поставува следните две прашања:
1. Стефан кај е мајка ти? Доби одговор дека не е дома и дека е во комшии, по што следеше:
2. Да не знаеш дедо Коле дали е болен?
Па добро бе да му ебам матер, на матичар ли ви личам јас? Како може така да знам рандом комшија дали е болен, и тоа комшија од другата зграда... А и да знаев немаше да и кажам, ебате народот стрвен за оговарање. Стварно помислувам дека нешто не е во ред со мене што не ме занимаат животите на другите, не знам што друго да кажам. Не сум совршен човек, имам 300 други маани, ама пример да седам на кафе и да се ѕверам во телефоните на другите, да слушам што зборат или нешто слично, ма уопште не ме занима. Многу глуп нарав ни е тоа, општо зборам на цел народ овде, све у туѓ двор не занима.
Викендов ми е скроз за одмарање, конечно после некое време. Се завршува лека полека и дипломскиот труд, се надевам за 10тина дена ќе бидне работата. Ќе ти ебам матер ако врне и ако е дно времево, знам дека во претходниот мој пост овде кажав оти почнав да сакам дождливо и тмурно време, ама кога е викенд не, нарочито кога е ваков викенд кај што немам ниту една обврска. Ае да доглеам Пики Блајндерс задњава сезона, зз.