Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Кога се занимавам премногу со озбилноста на животот, кога на пример мислам дека е крај на светот кога ќе деси нешто на работа и сл., ми текнува дека постојат и песни како тие на UB40... и дека постоело некое време во 80те и 90те кога луѓето знаеле да живеат... A soft reminder that it's not the end of the world ...
Ко што пишува во еден јутуб коментар: " This album is amazing I don't know what do with my life now ".
 
Ф

Флеш

Гостин
Сеа ми падна у 90та минута една глупа мисла ....Абе глуп, утре си прва ?! Што не одиш на Лени Кравиц или на Авенџерс !!!:LOL: Финтата е шо да избереме?:(:tapp: Концерт од 50е или филмче од 5е .... 10х е разликата.....Ама неам пари:boksix::place::place::place:
 
Член од
21 март 2014
Мислења
523
Поени од реакции
385
Никогаш не верував дека ќе ти се обратам Кајгана!

Тешко е кога неможеш да се одлучиш во животот. Безброј комбинации.

Летна пријавата во Словенија.Љубљана.Нее Марибор поефтино е.Љубљана. Тоа е не сака Белград.

Се јави и Дали ме планира и ми нуди 30 иљадарки да не одам по тој пат. Електроника.Не сакам.Незнам не сум спремен животу не е за мене.

И Мац се согласи на 4,5 бона дневница по манифестација. Ќе ги има 20ина летово.( Накрај пак ќе му покажам и објаснам наместо да му наплатам(иста грешка,по втор пат),да ние младите ви ја спуштаме цената...). Супер нема да ми штети некој кеш. . Или грешка удира во ЦНС да свртам од колосек ?!??

Скопје,сине... Ем ќе идам кога цимерот нема да е кај тебе да држам часови и ќе ти средам преку партија. Вај ар ју дуинг дис ту ми дед? Треба да му кажам дека никогаш нема да прифатам да бидам паразит или со финти да успеам не ми дава „нештото“ во мене.

Седи мирен,немаш капацитет да те биваше ќе покажеше резултати на натпреварите. Ти чим во Македонија не можеш ... После може да одиш. Океј мамоо, океј не знаеш ти за 3+2...

Фрапантно Кајганче. Просто неверојатно е тоа колку човек не може да си верува сам на себе.

Што ако не сакам да го работам тоа што ме влече? Што ако еден ден желбата да се откажам од мојот избор е преголема и биде прекасно за тоа? Ако се разочарам? Што да одберам кога сакам 4-5 професии? Зошто ваква лакомост? - Зошто да не?

Што убаво си легнував во 10 до денес... Ама нее муабет,кафиња социјален живот. А таман почнав ритам на вежбање, па ајде да си кажам дека сакав да ги изненадам хормоните со легнување покасно...

Сум имал желба и за пишување ама стварно ќе го собори капакот да нурнам и тука.

Легнувам.

Со срдечни желби и многу здравје за сите Кајганофили,

До следниот виртуелен записник,

Лека ноќ.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.026
Пред 6 месеци кога ја напуштив Македонија се чуствував грозно и ми беше многу тешко.Еве сега кога дојде времето да се вратам назад наместо да сум среќен не знам зошто но не сакам да се вратам иако ни овде не е нешто многу добро за мене во овоа ситуација.Чуствувам дека Македонија се променила драстично за овие 6 месеци и дека Македонија која ја познавам веќе не иста и не знам зошто но чуствувам некој голем презир и омраза кон неа и кон самото враќање во неа.Следејќи ги работите на социјалните мрежи како ја губиме државата на секое поле и како група на луѓе буквално ја силуваат Македонија за овие 6 месеци во мене предизвикува бура на зло и омраза.Колку само се сменија работите во мојот град каде веќе во некои населби за Македонецот и официјално нема место и буквално неможеш веќе да поминеш од таму ако сакаш да немаш некаков проблем.Се надевам дека ќе ми смени мислењето за 1 недела кога ќе си дојдам а искрено се надевам дека нема да влегувам во проблеми како до сега за Македонија иако тоа ми е најголемата грешка која сум ја правел во животот.Дури и овде за малку ќе останев без работа а и зависи до ситуацијата малку недостасуваше да дојде до физички инцидент"бранејќи" го името кое веќе не постои и мојот народ и моето семејство па и јас не направи ништо за да го одбрани.Треба да се навикнам дека Република Македонија е мртва и македонскиот народ исто заедно со неа.А на сите Македонци без разлика колку и да се заслепени и не ја гледаат страшната и црната иднина која ќе се случи благодарение на самите нив Бог нека им е на помош и нека ги чува.

Правда за Саздо и Правда за сите деца кој настрадале од немакедонска рака и порака до сите млади патриоти кои веруваат дека со тоа што нема да се премолчат и ќе се борат за нешто што веќе и не постои да не го прават тоа зошто ќе настрадаат а на никого нема да му е гајле за нив.
 
Член од
27 јануари 2018
Мислења
375
Поени од реакции
1.231
Д.К

Плаче наоколу дека нема кој да ја дружи.
Ќе ја поканат во друштво на кафе илјадници пати, ќе ги откачи со глупи изговори за да седи дома.
Гниј, што да ти кажам.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.131
Поени од реакции
13.257
Во оваа држава да имаш среќа да ти се случат 2 работи: да избегаш од неа или да не се разболиш во неа (ако останеш тука). Во последно време доста често одев со баба ми и дедо ми по болници, дека се луѓе во години и не се снаоѓаат баш плус и мака мачат со видот, тоа што го доживеав, останува за спомени и вечни сеќавања. Добив впечаток дека тука сеедно им е дали ќе преживееш или умреш, дали имаш мака или не, за односот нема доволно карактеристичен епитет. Медицинските сестри, вработените на шалтер се крајно искомплексирани бидејќи не се доктори, па си викаат еј ние цела работа ја бркаме, овие поголеми плати зимат. Докторите се мислат дека се богови и се на став дека во Македонија и така кадарот квалтиетен отиде, па што и да напрват никој нема да се осмели да ги смени и дека се незаменливи. Просто бес ме фати и инат да направам некоја пара во животот за никогаш да не мора да гледам како некој поминува низ ваква тортура низ државните болници.
Најпрво кога воошто не знаевме каде треба да се упатиме, влеговме кај др Татјана Сотирова од одделението за Хематологија што со дерење ни се обрати со следниве зборови на прашањето каде треба да се упатиме: "Што е што сакате, ви пишува 11, аман више од вас, знаете ли да читате", ова и го кажала на баба ми 72 години откако тропнала на врата да праша дали е за тука. Подоцна рекоа резултати во 1:30 ќе имало, немаше резултати до 2:50, се расипал апаратот па доаѓаа 2 по 2 резултати на секој 10 минути... Успат слушав муабети како на еден секој ден правел испитувања, секој ден различни бројки се давале, си викам аман толку нервози, чекања, и на крај постои веројатност и да не се точни? Параноја и агонија ме фати, стигнаа конечно резултатите, влезе дедо ми кај докторката (за него бевме), таман да завршиме одиме на шалтер да платиме, ни вика еден лист заборавив да ви дадам од испитувањето, ајде и за него влезете. Тропам на вратат кај докторката ме пречекува цела бесна "Што сакате уште аман више аман", и реков дека не по наша вина едне лист заборавиле да ни го дадат. И го давам, НЕ ГО НИ ПОГЛЕДНА, и рече добро е. И реков дека видов дека не го погледна, сериозна работа е здраството, не може да се извршува ради реда нешто, само да го погледне, не сакаше да го погледне и не врати ништо.
После некој ден, бевме и за баба ми, она друга мака имаше, влеговме на еден шалтер и само прашавме каде да го најдеме одделението за каде што имавме работа, вработената на шалтер ни се издра "очно е ова, не ли гледате, не ми го трошете времето" максимално дрско и не не упати каде треба, тоа било во истата зграда, само на друга страна. Требаше да најдеме докторката да види резултати дали смее да прими некоја инекција (дали не е алергична), имавме резултатите во рака, ни велат на 14 мај дури дојдете тогаш докторката ќе е на работа... Две недели да чекаш само за 1 секунда да каже дали може или не да се прими некоја инјекција. Среќа наидовме на разумни сестри, што сфатија дека нема резон да се малтретират луѓето 10 пати да доаѓаат и да чекаат за 5 секунди работа, однесоа кај друг доктор и завршивме работа.
Знам дека ништо не функционира и дека се е во хаос, ама луѓе здравство е ова, за живот се работи, сериозна работа е, може ли до волку да сме мизерни. Не е ова матично, па на шалтер да ти го утнат презимето, па да се расправаш и пцуеш, живи луѓе се ова, од тие доктори и персонал им зависи здравјето и животот. Чувајте си го здравјето, нема ништо поважно од тоа.
 
Ф

Флеш

Гостин
Каптен Марвел ти е Даенерис у последно продужење ....Извинете,појќе е Бран .... Се појавува на почеток и крај,колку да е нешо ..... Филмот беше одличен кон прекрасен,само шо беше усран почетокот или кажано воведот .....Шо беше финтата со Марвел :LOL:o_O Јака сцена беше Хулк со ќебапите ....:love:У кафичот
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.349
Драга Кајгана I'm about to end this кладилница whole career

4.30 квота дека Македонија ќе заврши?????

Сто посто завршуваме!!!

upload_2019-5-4_0-19-41.png
 

бутЕ

старлета
Член од
29 март 2011
Мислења
2.231
Поени од реакции
3.830
Драга, Моне ја немат појќе. То 2 месечно кученце шо го добив поклон од татко ми ко почнав прво одделение денес си замина. После 16 години поминати заедно дојде ден да се простиме. Збогум Моне, многу ќе ми фалиш...
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.915
Поени од реакции
41.878
Имам некои роднини и пријатели кои секогаш кога ќе ми се јават се жалат дека немаат пари, земаат по 200-250 евра и нив никогаш не им е покачена платата. Живеат сиромашен живот, бараат на заем и не враќаат со години, а истите се задоволени со се и сешто, секоја пролет слики како нешто реновираат по дома, секоја втора вечер сликани во некој кафич или кафана и имаат по 2 коли и по 3 пати одат на одмор.
Да и тоа се со минималната плата. :pipi:

Пред нова година околу 10тина такви на ФБ ми пишаа да и направам мејл и да ги регистрирам на онаа страната на ујп. :icon_lol:
Ај за еден ден и средив и на сите и пратив на вибер се на готово, само да ја испринтаат таа пријавата.
Сега кога е изготвена годишната даночна пријава и треба направат потврда и нормално тие се прават дека ништо не знаат и пак јас сум тука за нив 24/7 корисничка поддршка. Друг наместо нив ќе памети мејлови и лозинки и ќе заврши работа.

Обично не се замарам кој колку зема и не сум љубоморен по што си имам живот од кој сум задоволен, ама некои од тие со нивните плачења ме натераа и детално да им ги провереам месечните примања. Сите месечно над просек и тоа 3 и 4 пати поголема плата од минималната плус кој субвенции, кој од фирма месечно пари за патни трошкови итн. :coffee:

Нивни се не им ги земам ни парите ни колите, но муабетот ми е оние што се жалат дека се на минимална, ништо немаат и се неблагодарни кон фирмата која демек освен плата ништо друго не им дава, абе ич да немаат племето нивно. :свиркам:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.510
Поени од реакции
37.346
Кајг,
многу се недосетливи, да се даваа чадори (од тие по 50 ден) ќе видеше кој % излезеност ќе имаше! :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom