Аман со тоа, „леле не 2016, кобна година, со солзи во очите чекам да си замине, те молам 2016-та, не одземај ми ги најдрагите!“
Реално, повеќето тука, кур ве болел за Боуви, Мајкл, Леми или кој и да е. Замислете, во 2016-ата кобна проклета година, во просек, секоја секунда умираат двајца-тројца. Ама не само 2016-та, туку секоја година. Е сеа, некои од тие коишто умираат, успеале да се прослават со некој талент ко пеење, глума или што и да е. Не знам дали стварно искрено сакате да си иде 2016-та и се надевате дека 2017-та и понатаму, никој нема да умира од познативе, или го пишувате тоа пошто е тренди сите да го тупите со „клетата 2016-та“. И во двата случаја, поривите ви се мизерни.
Прво, 2016-та, не е поклета од другите години. Да се вратиме една година назад...
Познати личности кои умреле 2015-та: Спок, Б.Б. Кинг, Омар Шариф, Кристофер Ли, Бен Е. Кинг, Тери Пречет и ред други...
И ако идете уште поназад, ќе видите некој константен статистички тренд на пропорција од познати луѓе кои умираат секоја година наспроти непознати, што е нормално.
Ајде што оваа година не отскокнува во бројот на познати луѓе кои умираат, ова ќе е клише, али дали искрено ја сметате 2016-та за проклета година пошто умреле неколку познати ѕвезди што цел живот живееле у мед и млеко, а умираат луѓе поради секакви причини од кои некои умираат многу гадно, во многу лоши услови поради сосема нефер причини?
Ок е некој да си испоштува познат лик којшто умрел и му значел, неам ништо против тоа и да постира песни од него, ама не го дрвете со клетата 2016 година, нема ништо клето у 2016 година.
Ќе почнам и ја со тоа, „гладните деца у Африка“, ама така е. Има пун курац војни, експлоатација, убивање и мачење на луѓе насекаде у светот, не ми е јасно како некој може да се фокусира на клетоста на 2016 само поради тоа што умреле неколку познати ѕвезди...