Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Драга Кајгана,
Со луѓето колку си поблизок, толку те прават подалечен. Држењето на луѓето на дистанца било златна работа:)
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.929
Поени од реакции
12.421
Маж ќе те откачи пошо не е заинтересиран и стварно не е заинтересиран.
Жена ќе те откачи пошо не е заинтересирана, ама која е типката што ти реди срциња на сликите и зошо не ми одиш веќе по кејфот?
 
Член од
11 октомври 2016
Мислења
31
Поени од реакции
29
Оф Кајгано , блазе ти и ти што све не трпиш...
Какави катиљ луѓе има.:mad:
Плачат за шамари, ах!:boksix:
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Драга,

Овој град е наш, некако како своина што случајно ни припаднала, а во суштина - е ничиј. Земјата што не’ трпи и небото што не’ гледа сигурно ни се смеат. Им се може. Затоа што луѓето се најгрозната и воедно најграндиозната форма што може да го предизвика ова чувство.
Дека нештото е твое. Ништо не е твое. Само денов е твој, што се распослал ко јамболија низ октомври.
Многу сакам кога ме дрмаат проблесоци. Денес е таков ден. Плус - во автобус ме туркаат. Секогаш. Наоѓам изгубени чадори, хранам мачки пред влез, сакам да им истурам масло на шофершајбна на сите паркирани ко тупи и непрописно, ми иде да го избањам сиот народ и да му кажам дека идат подобри денови. Мижам и пред мене јато птици над зградите. И си викаш, па јебига, можам да пишувам и да љубам.
Овој град е наш, а во суштина е ничиј. Земи го денот и пушти си музика што те отвара. Можеби, ќе се случи нешто убаво.

М.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom