До 2019 година Македонија ќе потоне во мрак?

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.197
Поени од реакции
12.102
Во 2019 година Македонија ќе увезува 90 отсто од своите потреби за струја. Почнувајќи од 2013 година, блоковите на РЕК „Битола“ и ТЕЦ „Осломеј“ треба да се „пензионираат“ или да се реконструираат. Овие „мрачни“ процени се дел од последната анализа на Светската банка на енергетскиот сектор во Македонија.
Експертите на Светската банка препорачуваат инвестиции во производствениот сектор, како и подготвување на ТЕЦ „Неготино“ за работа на гас или на јаглен, за да се избегне најлошото сценарио. Нашите експерти, пак, уверуваат дека ситуацијата и не е толку драматична.
Анализата што ја направија експерти на Светската банка покажува постојан пораст на побарувачката на електрична енергија. Така, ако во 2003 година побарувачката изнесуваше 7.222 гигават-часа, десет години подоцна се проценува дека побарувачката ќе порасне на 9.780 гигават-часа годишно. Според процената на Светската банка, побарувачката на струја во Македонија до 2019 година ќе се удвои и ќе достигне 12.600 гигават-часа годишно.
Како што расте побарувачката, прогнозата покажува дека понудата на електрична енергија ќе опаѓа. Ако во 1998 година сме произвеле 6.523 гигават-часа, за 2008 година анализата предвидува производство од 5.836 гигават-часа, додека за десет година подоцна е предвидено дури петпати помало производство - само 1.230 гигават-часа. Најзагрижувачки се, сепак, процените што се однесуваат на увозот на струјата. За 2019 година анализата покажува дека 90 отсто од струјата што ќе се троши во Македонија ќе биде од увоз, а ако пак ТЕЦ „Неготино“ работи со полн капацитет, „само“ 78 отсто од струјата ќе биде увезена. Во извештајот препорачуваат изградба на нови производствени капацитети, како и рехабилитација на блоковите на РЕК „Битола“ и ТЕЦ „Осломеј“. Исто така се препорачува ТЕЦ „Неготино“ да се преориентира за работа на гас или на јаглен, кој би се увезувал од надвор.
Македонските енергетичари велат дека ситуацијата и не е толку црна како што ја навестуваат од Светската банка.
- РЕК „Битола“ и ТЕЦ“Осломеј“ се навистина стари капацитети, со технологија стара педесетина години и дефектите кај нив зачестија. Меѓутоа тие и понатаму ќе продолжат да произведуваат струја - вели Константин Димитров, професор на Машинскиот факултет во Скопје. Тој оценува дека Македонија има резерви на јаглен, на кои може да се потпре.
- Во РЕК „Битола“, за да се произведе киловат-енергија се трошат три киловати гориво. Меѓутоа, тоа не значи дека овие термоцентрали ќе се пензионираат, како на стар автомобил ќе им се менуваат деловите и ќе се реконструираат. Во Осломеј може да се донесе и јаглен од Косово, а во Битола од Мариово, така што ситуацијата и не е толку црна колку што ни прогнозираат - оценува професорот Димитров.
Во меѓувреме, македонските енергетичари имаат надеж дека изградбата на големите хидроцентрали „Чебрен“ и „Галиште“, малите хидроцентрали со моќност од 30 мегавати и гасната централа ТЕ-ТО, која ќе има моќност од 200 мегавати, ќе ја подобрат ситуацијата во електроенергетскиот сектор во Македонија. Другите, пак, не се согласуваат, бидејќи тие капацитети ќе си имаат свој приватен стопан, кој струјата ќе ни ја продава по која сака цена и доколку сака да ја продава во Македонија.
Според Наумовски, решението може да лежи и во косовскиот јаглен, кој го има во огромни количества, а Косово сепак останува без струја. Останува можноста Македонија да купува косовски јаглен и да произведува струја, која потоа би ја продавала на Косово.
- Важно е да има добра волја, иако волјата на Косовците се уште не е решавачка за располагање со јагленот. Таква соработка ќе придонесе кон подобрување на односите на двете земји. Земји што имаат добри економски интереси не стапуваат во војна, што е наш најголем страв во однос на Косово - смета магистер Васко Наумовски од институтот „Охрид“.

Нуклеарка може да не спаси

Енергетската криза во јавноста повторно ја отвори можноста за изградба на мала нуклеарна централа со современа технологија во Македонија, во ретко населената област Мариово.
- Имаме ситуација во која Македонија во овој момент не може да произведе доволно струја за себе. ТЕЦ „Неготино“ не може докрај да ги задоволи нашите потреби. Геополитички гледано, наше учество во изградбата на новата нуклеарна централа „Белене“ во Бугарија би била подобра варијанта отколку да се потпреме на рускиот гас. Меѓутоа, не би требало да се одбегне идејата за долгорочна изградба на нуклеарна централа во Македонија. Земји како Германија, Франција, Шведска, Белгија не живеат од хидроцентрали, туку се потпираат на нуклеарна енергија. Имаше идеја за изградба на ваква централа во Мариово, но тоа наиде на силен протест кај македонските еколози - оценува магистер Наумовски.

Ц.Ч.

„Шпиље“ не го оствари планот

Хидроелектричната централа „Шпиље“ кај Дебар минатава година произведе 197 милиони киловат-часа електрична енергија, што претставува помало производство во споредба со годишниот план. Во ЕЛЕМ велат дека планот е реализиран со 86 отсто, а како главна причина за потфрлувањето се изразито сушната година и ремонтот на железната врата на тунелот што ја носи водата во турбините, што траеше повеќе од 20 дена. Во акумулацијата на Дебарско Езеро има резерви на вода за производство на над 20 милиони киловат-часа електрична енергија, а електроцентралата работи со трите турбини. Испораката на електрична енергија од ХЕЦ „Шпиље“, според надлежните, се одвива во согласност со потребите на ЕЛЕМ. Одговорните во централата велат дека поради обилните врнежи од снег се очекува подобрување на хидролошката состојба на Дебарско Езеро.

Време
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.177
Поени од реакции
4.133
Изгледа ќе мора да се гради нуклеарка.:toe:
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Поставете на статички точаци динама...и ете ви струја :) :)
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
8
Поени од реакции
0
nemame nikakva strategija vo oblasta na energetikata.albanija treba da ni sluzi za primer.tie izglasaa za nuklearka,davedoa veternicari,non stop pravat hidrocentrali itn.samo ne znam dali tie toa go pravat za sebe ili za kosovo...
vladata mora da investira vo nuklearkata vo bugarija,posle barem ke ni davaat poeftina struja.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
IC NE BRIGAJTE.......STO VE BOLI ONAKVOOTO ZA NEKOJA SI VUKOJEBINA 2019 GODINA....nema ni da se sekavate na nea... :)
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Македониja во 2019 година нема да потане во мрак,не се секираjте.Сега на Балканот се градат 2 нуклеарки и една се мисли дали да се гради.Това ке биде достачно за цел балкан.Ке си ja платате струjaта и ке имате.
 

TheGeneral

Арогантно копиле
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
583
абе нека потоне у мрак , ама нии струја да си имме :) иначе ке треба у темник ТВ да гледам :pos2::pos2::pos2:
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.030
Поени од реакции
625
Take it easy.....Everything it's going to be OK....
абе ке биди аман не се плашете..
Држете палци светот да опстои до 2019 па за струја ке се снајдиме :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom