До кога МПЦ планира да го дере народот?

  • Креатор на темата Moon Child
  • Време на започнување
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
Кој како заслужил...
Девојче, да имаш прочитано три реда Библија, ќе знаеш дека наградата за тие што заслужиле е во следниот живот, не во овој. Нема врска, друго е темата, продолжи навечер да си разговараш со своето замислено другарче.
 
Член од
17 мај 2014
Мислења
124
Поени од реакции
214
Девојче, да имаш прочитано три реда Библија, ќе знаеш дека наградата за тие што заслужиле е во следниот живот, не во овој. Нема врска, друго е темата, продолжи навечер да си разговараш со своето замислено другарче.
А молитвите не се дел од верата туку се зборење со замислени пријателчиња? Ах што мразам вакви сезнајковци ко тебе.
Јас верувам во Божја правда и тука во овој живот.
Него не е тоа темата во право си. Ти се убацуваш колку да кажеш нешто.
 
D

Daedalus

Гостин
Еј, држете се до темата на дискусија. Има веќе теми на кои се преџвакани муабетиве.
Тука ќе зборуваме за лоповлукот на МПЦ. :D
 
W

wicked_1

Гостин
Они веруваат, само што не се информирани.
Многу христијани, искрено веруваат во Бог, само не знаат дека Новиот Завет укажува на тоа дека нема потреба од црква како институција.
Некои од нив дури веруваат дека Господ ќе ги казни ако не викнат поп, шубе било, ад хокови зошто е лошо и баксуз ако не викнеш поп за ова, за она.
Ја не би го нарекол ова хипокризија (освен тие кои „веруваат“ ради традиција/адет), туку неукост.
Генерализираш без потреба а пред се погрешно и со цел да ја спинуваш дискусијата, 70% и повеќе од тие што ги збориш веруваат и реагираат у овие случаи исклучиво традиционално. У секуларно општество како што е нашево, без разлика колку ова да се негира, тие традиционални практики ќе исчезнат за доста брзо време.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
А молитвите не се дел од верата туку се зборење со замислени пријателчиња? Ах што мразам вакви сезнајковци ко тебе.
Јас верувам во Божја правда и тука во овој живот.
Него не е тоа темата во право си. Ти се убацуваш колку да кажеш нешто.
Ти можеш да веруваш и во летечки слонови, ама тоа нема врска со рисјанството. И како можеш како рисјанка да мразиш? И тоа за толу ситна работа?

Отиде и ти во котелче, џабе се гребиш навечер.:angel:
 
Член од
17 мај 2014
Мислења
124
Поени од реакции
214
Ти можеш да веруваш и летечки слонови, ама тоа нема врска со рисјанството. И како можеш како рисјанка да мразиш? И тоа за толу ситна работа?

Отиде и ти во котелче, џабе се гребиш навечер.:angel:
Да бе секој верник е брзгрешен и живее 100% според библија. Еве сите се чуваат за прва брачна вечер и некои такви ствари. А и ти ама си буквалиста. Фигуративно го пишав тоа мразам, не си ми ја убил мајка ми да те мразам, Бог да чува.
И не ме буцкај више да бидам офф топик. :yid:
 
D

Daedalus

Гостин
Генерализираш без потреба а пред се погрешно и со цел да ја спинуваш дискусијата, 70% и повеќе од тие што ги збориш веруваат и реагираат у овие случаи исклучиво традиционално. У секуларно општество како што е нашево, без разлика колку ова да се негира, тие традиционални практики ќе исчезнат за доста брзо време.
Не генерализирам, реков „многу христијани“. Да генерализирав, ќе го употребев зборот „сите“. Втората причина поради која во случајов зборот „многу“ не е генерализирање, бидејќи и „многу“ може да е генерализирање ако не зборуваме за фактичка ситуација туку дискриминација, е бидејќи мојот заклучок е донесен како резултат на земање на репрезентативен примерок на луѓето кои се декларираат како христијани, а примерокот е земен од опсервација на примери кои ги имам забележано преку моето лично искуство со христијани и одредени студии поврзани со религијата и психологијата позади верските практикувања.

Баш ради тоа, пишав во заграда дека не зборувам за тие кои го прават тоа ради традиција и адет.
А дали во секуларно општество како нашево, тие традиционални практики ќе исчезнат или не, е дискутабилна тема и храбро предвидување, земено дека има многу секуларни општества, општества кои се секуларни повеќе од 2-3 генерации, а сепак традициите и религиозните практикувања не се исчезнати во истите.
Причините поради кои се останати, не се поврзани со државниот систем и дали е секуларен или не иако не се сомневам дека тоа може да допридонесе во задржувањето на традициите.
Причините поради кои овие традиции опстојуваат се фактори повеќе поврзани со верувањата/психологијата/образованието/социјалниот статус на луѓето со што мислам дека психолошките фактори се доминантни.
@Ставрогин ќе те бришам, доста го боцкаш девојчето, иди у Филозофија, реплицирај ми таму, ти пишав реферат :D
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.362
Поени од реакции
4.884
Па кога си будала да плаќаш поп и поскапо треба.
 
W

wicked_1

Гостин
Баш ради тоа, пишав тоа во заграда, дека не зборувам за тие кои го прават тоа ради традиција и адет.
А дали во секуларно општество како нашево, тие традиционални практики ќе исчезнат или не е дискутабилна тема и храбро предвидување, земено дека има многу секуларни општества, општества кои се секуларни повеќе од 2-3 генерации, а сепак традициите и религиозните практикувања не се исчезнати во истите.
Причините поради кои се останати не се поврзани со државниот систем и дали е секуларен или не иако не се сомневам дека тоа може да допридонесе во задржувањето на традиците.
Причините поради кои овие традици опстојуваат се фактори повеќе поврзани со психологијата/образованието/социјалниот статус кај луѓето со што мислам дека психолошките фактори се доминантни.
Од тоа у заграда што го напиша пишав коментар, не од претходното.
"Освен тие кои „веруваат“ ради традиција/адет" - луѓето не веруваат, туку реагираат и се однесуваат на одреден начин у ситуации поради традиција или адет, а тоа е огромно мнозинство.
На вака поставен државен систем со регулации или недостаток на регулации у таа сфера, не може никако да допринесе да се задржат на долг план овие практики, причините што ги имаш напишано зашто уште се применуваат и како се залепени на индивидуите, се легитимни, и не само психолошки сите други фактори придонесуваат.[DOUBLEPOST=1425471836][/DOUBLEPOST]но казнени плс
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.710
А молитвите не се дел од верата туку се зборење со замислени пријателчиња? Ах што мразам вакви сезнајковци ко тебе.
Јас верувам во Божја правда и тука во овој живот.
Него не е тоа темата во право си. Ти се убацуваш колку да кажеш нешто.
Ти си старозаветно настроена, се гледа одма, око за око, заб за заб. (y)
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.106
Поени од реакции
5.846
Го згрешив факултетот ја, требаше за поп да учам. Ќе им проповедав на луѓето нешто во што ни самиот не верувам и ќе заработував 5 пати повеќе. А ми имаат кажано дека го имам гласот за попско пеење :D
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.710
На темата, јас не знам што се очекува да се дискутира. Ценовникот е тој. Ако ти чини, добро, ако не, пак добро.
Колку што знам, кај католиците и протестантите е бесплатно, па може да преминете кај нив. И така 99% одат на црква само на Велигден и на Божиќ и немаат блага веза од Библијата и христијанството. Повеќето работи што се практицираат како „христијански“ се суеверја, немаат блага веза со христијанството (ама влезени се како црковни, заради парите) и за нив не треба поп.
 
D

Daedalus

Гостин
Од тоа у заграда што го напиша пишав коментар, не од претходното.
"Освен тие кои „веруваат“ ради традиција/адет" - луѓето не веруваат, туку реагираат и се однесуваат на одреден начин у ситуации поради традиција или адет, а тоа е огромно мнозинство.
На вака поставен државен систем со регулации или недостаток на регулации у таа сфера, не може никако да допринесе да се задржат на долг план овие практики, причините што ги имаш напишано зашто уште се применуваат и како се залепени на индивидуите, се легитимни, и не само психолошки сите други фактори придонесуваат.
Зборот беше напишан во наводници. Напишан беше саркастично и се однесуваше на луѓето кои практикуваат одредени работи во ситуации поради традиција и адет како и од други причини кои не се религиозни.
Разговорна форма, можда требаше да се изразам попрецизно.

Ако го земеме трендот на практикување на религиозни ритуали од традиционални причини во земји кои се секуларни (повеќето земји и се секуларни), ќе приметиш дека држави ко Турција и други во кои традиционалната компонента е доминантна исто како и искреното верување во одреден бог од страна на мнозинството од народот, нема промена во овие практикувања откако државата историски, официјално станува секуларна.
Во земји кајшто практикувањето на овие традиции се намалува со тоа што стануваат секуларни ко тие во Скандинавија, се забележуваат разлики кои се поврзани со образованието на луѓето, а воедно и разлики со тие од горенаведениот пример во други работи како социјалната важност на традиционалната компонента, менталитетот на затворено општество и „Што ќе каже комшијата“ којшто е скоро и непостоечки во Норвешка и сличните на нејзе држави, а секуларното уредување неминовно постои и во овие и во тие држави.
Така што можеме да заклучиме дека доминантна улога за тоа во колкав интензитет ќе се практикуваат религиозни обичаи и други адети во една држава, играат овие фактори повеќе отколку тоа дали земјата е секуларна или не.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom