секој нивни пост е антидржавна пропаганда, јавно те негираат при секоја можна ситуација, ама вие си знаете зошто ги толерирате, т.е и сите ние знаеме
Не можам да банирам членови од форумов. Можам да опоменувам без казнени, можам да делам казнени и можам да банирам од тема, привремено или трајно. Ако бараш да се банира конкретен член, од форумов, пиши им на админите.
Дури и кога казнуваш, опоменуваш или банираш од тема, треба да имаш објективна причина. Објективната причина може да биде "ширење антидржавна пропаганда", но на чело на државата имаш партија која нема црвени преговарачки линии. Не знаат што е државен интерес, откажување од идентитетскиот статус или ЕУ! И на домашно тло имаат истомисленици.
И не сакам да казнувам и банирам, преферирам да бришам. Политика
и вести е еден од најактивните, па можеби и најактивниот подфорум на форумов. Ако започнам доследно да ги следам форумските правила, за опоменвуање и казнување, малкумина ќе останат на овој подфорум, па и на форумов. Така, со мојот пристап, гледам да не се нанесе штета на самиот форум, дозволувам да се испукате, и потоа бришам.
Тука сум 9 години, политиката на форумов беше забранета,мислам, првите 5. Буквално и најопштите теми за дневно-политичките прашања одма беа затворани и фрлани во Канта! Овој подфорум навистина може да понуди многу повеќе од тој дневно-политички навратив на наши против ваши. Има лепеза на теми каде може да процветаат интересни и квалитетни дебати. Ова не е таква тема! Ако имаш уште некое прашање или забелешка, ќе одвојам време да ги одговорам на истото односно истата.
пи.ес. Ако мислиш дека има поадекватен модератор, од мене, кој би се нафатил да модерира, слободно предложи го на темата за модераторите.
