Каснам скоро секогаш, не знам ни ја самиот зошто, ако треба пример у 8 да искочам од дома, ја у 5 до 8 почнувам да се спремам, и после секад треба да се правдам, јебига идиотски од моја страна.Иначе најмногу иам закаснето коа требаше да идам кај другар дома да му помогнам нешо и закаснив цели 3 саата, се заглеав филмови и тотално забораив дека треба да искачам, коа отидов беше интересантно.
Мрзам кога ми каснат...па поготову ако сме се договориле на некое прометно место ко рекорд кај што цело Скопје се свртува за 10 мин...а ја 15 минути дремам ко деген најголем!! Срамота е бе...
Ја гледам да не каснам...не сум закаснила на некој одамна, уште коа беше школска година...немаме сеа некои обврски кујзнае какви па ќе почнеш да се спремаш од порано, а не ја да чекам тука 15 мин сите да ме гледаат...:kesa:
Никогаш не доцнам, кога ќе кажам некое време точно на тоа си стојам, единствено може и да подранам, а многу ме нервира доцнење, ама ептен многу, подобро нека каже спор сум, влечко сум или нека се јаве одколку да кажува едно време, а да доцне :sakas_ust
не каснев порано ама кога испаѓавме цело друштво обавезно чекавме еден другар по 30 мин.
и од тогаш си имам лоша навика да си каснам
се трудам да си ја сменам оваа навика оти ме нервира и кај себе и кај другите
мислам дека каснење до 10-15 мин се толерира...ама повеќе не ни за мене ни за било кој
Јас ова го решив со првата плата. Редовно се подготвувам психички да одам пеш, и кога ќе сфатам дека немам шанси да стигнам така, одам со такси, некоја минута порано.
Проблем е што се нервирам дека мене ми каснат. Слично како машкиот изговор. Јас смеам да ја изневерувам девојката, ама таа мене не, бидејќи (пази мудрост) Јас сум друго.
Е неее...
Ниту сум доцнел некогаш, ниту сега. Дури и полсаат порано знам да дојдам за било која работа, али доцнење њет. Податоците се тие-од 20 години работа, 2-3 пати имам задоцнето, а за девојка само еднаш, кога се успав откако не пуштија од воена вежба, окапани од планинарење.
Оф
Ако некој сериозен работодавец ова го чита (или швалерка која не сака да и доцнат на состаноци), ете прилика за работник/швалер кој не доцни, каква прилика за самореклама уф
Кога се чекам со друштво ми се случува ретко да доцнам најмногу до 20 минути.
За во школо никогаш не доцнам то ест доцнам преку сила два пати во една школска година и не по моја вина туку затоа што се расипал автобусот или блокирани улици ,штрајкови ,такви работи.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.