- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Донација за Најден утре во парк
13.04.2013 | 10:54
Утре во периодот од 12.30 до 14 часот во Градскиот парк во непосредна близина на Школка, (ќе има табла „Донација за Најден“) веднаш по завршувањето на Женскиот рекреативен маратон, група хумани граѓани ќе се соберат да достават донации за бебето Најден, кое лежи на интензивна нега во Клиничкиот центар Скопје.
Оттаму добивме информација дека им е потребно млеко НАН 1, но само доколку донаторот гарантира дека датумот на млекото е со неистечен рок. Тоа значи дека му е потребна и флаширана вода Ладна, Роса или Планинска.
Потребни му се тетра пелени за под главчето. Бебешка козметика за нега, влажни марамици и пелени за новороденче. Потребна е и облека, со големина како за едно месечно бебе. Ве замолуваме доколку донирате облека таа да биде исперена и испеглана. Кој чувствува потреба да достави донација во пари ви ветуваме дека педантно и агилно ќе бидат доставени до Клиничкиот центар. Потребно е сите да бидеме практични и добро организирани. Доколку имате можност донацијата да ја донесете во соодветна картонска кутија ќе ви бидеме благодарни. Имаме возило со кое веднаш после 14 часот ќе ги однесеме пристигнатите донации на Клиника.
Грижата за малиот Најден ја споделуваме сите, секој од нас му пожелува брзо закрепнување и му упатува позитивни и добри мисли. Ве молиме воздржете се да ја контактирате болницата и директорката, тие ќе ви одговорат на вашите прашања доколку ги побарате, но со тоа ги одвлекуваме од нивните обврски околу Најден и сите останати бебиња што се во моментот во болницата. А тоа секако не сакаме да го сториме, оти на сите ним, а посебно на Најден им е потребна нивната целосна концентрација и посветеност.
http://tocka.com.mk/1/92386/donacija-za-najden-utre-vo-park
Се работи за бебето кое беше најдено оставено во двор во Арачиново со исечен јазик.