- Член од
- 13 април 2021
- Мислења
- 2.272
- Поени од реакции
- 8.195
Еве една интересна тема за сите љубители на животни и оние кои се во потрага по домашен миленик. Повторно, во разговор со една колешка добив инспирација за темава, па зошто да не?
Честопати возбудени од помислата да имаме домашен миленик (куче или маче) забораваме на некои важни фактори, кои е неопходно да се земат во предвид. Pros and cons што би рекле Американците или придобивки и недостатоци. За жал, не земајќи го предвид сето тоа, многу невини душички завршуваат на улица.
Прашањата на темава би биле наменети за сите членови и нема ограничување никакво во однос на поседување/непоседување миленик. Секој еден може да си го искаже своето мислење, своите преференции, тоа што прочитал или научил.
- Кои се најосновните поставки на кои треба да се обрне внимание пред вдомување животно?
- Кои се предности, а кои мани на имањето миленик?
- Кои раси се погодни за чување во домашни услови, а кои во двор?
- Каков миленик имате вие и како се грижите за истиот?
- Каква е вашата рутина?
- Колку пати го храните дневно, каква храна му давате?
- Колку често го четкате, шишате, бањате?
- Колку често го шетате?
- Дали вашиот миленик има стекнато некои хигиенски навики?
- Што кога не сте дома?
- Што не знаевте пред да го вдомите вашиот миленик, а посакувавте да знаете?
- Какви беа вашите очекувања и преференции?
- Какви лекции научивте од вашиот миленик?
- Што би ги советувале оние кои планираат addition to the family?
Хм, листата слободно може да ја продолжите надолу. Јас ќе пишам повеќе покасно.