Домашни миленици - pros and cons

Член од
13 април 2021
Мислења
3.039
Поени од реакции
10.248
Еве една интересна тема за сите љубители на животни и оние кои се во потрага по домашен миленик. Повторно, во разговор со една колешка добив инспирација за темава, па зошто да не?

Честопати возбудени од помислата да имаме домашен миленик (куче или маче) забораваме на некои важни фактори, кои е неопходно да се земат во предвид. Pros and cons што би рекле Американците или придобивки и недостатоци. За жал, не земајќи го предвид сето тоа, многу невини душички завршуваат на улица.

Прашањата на темава би биле наменети за сите членови и нема ограничување никакво во однос на поседување/непоседување миленик. Секој еден може да си го искаже своето мислење, своите преференции, тоа што прочитал или научил.

- Кои се најосновните поставки на кои треба да се обрне внимание пред вдомување животно?
- Кои се предности, а кои мани на имањето миленик?
- Кои раси се погодни за чување во домашни услови, а кои во двор?
- Каков миленик имате вие и како се грижите за истиот?
- Каква е вашата рутина?
- Колку пати го храните дневно, каква храна му давате?
- Колку често го четкате, шишате, бањате?
- Колку често го шетате?
- Дали вашиот миленик има стекнато некои хигиенски навики?
- Што кога не сте дома?
- Што не знаевте пред да го вдомите вашиот миленик, а посакувавте да знаете?
- Какви беа вашите очекувања и преференции?
- Какви лекции научивте од вашиот миленик?
- Што би ги советувале оние кои планираат addition to the family?

Хм, листата слободно може да ја продолжите надолу. Јас ќе пишам повеќе покасно. :)
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.363
Поени од реакции
38.336
Милениче само надвор чување, дома јок. А и треба да има секундарна цел освен да биде милениче. Куче да ја чува куќата а мачка да фаќа глувци. Овие денешни мачки не ни знаат како се прави тоа од што се разгалени од нивните сопственици.
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.625
Куче или маче

pros - ојачуваат имунитет, намалуваат стрес, помагаат и во социјализација и емоционална врска кај децата - изразување емпатија

cons - зависи дали ви смета да расчистите неред, влакна, да ги собирате какушките на кучињата, мењате песок на мачето, мирисот, но ако вистински ги сакате нема да ви е проблем.

Имам хендикеп да сконтам чување риби, можеби некого го смирува аквариум.
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.683
Поени од реакции
866
Милениче само надвор чување, дома јок. А и треба да има секундарна цел освен да биде милениче. Куче да ја чува куќата а мачка да фаќа глувци. Овие денешни мачки не ни знаат како се прави тоа од што се разгалени од нивните сопственици.
Потполно се сложувам за чувањето надвор . Апсолутно не ми се јасни луѓето што чуваат кучиња и мачки дома , а дел од нив и спијат во кревет со нив . За мене тоа е скроз ненормално . И тоа што го рече за практичноста од кучето и мачката скроз е точно . Кучето да ја чува куќата а мачката да фаќа глувци . Проблем е што денешниве песој и мачки нит чуваат куќа нит ловат глувци . Единствено милениче за дома е папагалче и евентуално риби .
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.120
Поени од реакции
15.931
Моите чуваат папагал тигрица и куче шкотски овчар.

Папагалот прво јас го чував, но кога се вратив дома за некој месец го земав и него. Толку се навикна на тој простор, што беше каде каде поголем, на повеќе луѓе околу него, татко ми му стана најомилен, после ми беше грев да му менувам средина пак и остана со нив.
Мислам дека има околу 8 години, беше 6+ месеци кога го земавме. Обично за папагали препорачуваат помали, овој веќе си беше посамостален и беше тежок за припитомување. Му требаа недели за да излезе од кафез, да не зборам стоење на рака, рамо и слично. И сега си е прибран, си се дружи кога сака и е приврзан за домашните, но си сака свој простор. Има 3-4 места на кои можеш да го најдеш, во кафез влегува за спиење само. Кажува некои фрази што му се повторувани нонстоп, плус името.
Јаде само просо, скроз економичен е.
Она што ме нервира кај квази чувачи на папагали, оние што им ги покриваат кафезите, зашто на светло црцорат и се бучни. Фак ју. Исто има куп дешавки каде ги забесуваат на балкон, претпоставувам од истата причина, знаат да се бучни, па ветер или мачка, или што и да е, им го турка кафезот и птиците ги снемува.
Може не бара внимание ко куче, но ако не сакате да чувате нешто и башка сте неодговорни, не го зимајте.


Лесито е од лани во фамилијата.
Типично леси, имавме чувано и порано, па знаевме што да очекуваме отприлика. Многу се енергични, слатки, убави, елегантни, нежни, питоми, лојални, пријателски настроени со луѓе (особено деца) и кучиња, паметни но наивни. Оваа е и малце повеќе инат, што доведе до тешко учење на трикови и слични команди, има апла не ме замарај однесување.
Ваква раса не е никако за дома чување, огромна енергија имаат, не застанува воопшто, едино за спиење.
За разлика од многу кучиња, сака бањање и чешлање. Знаат да се бучни, но оваа си наоѓа занимации низ двор, има топки, играчки, трча, копа, умртвува цвеќиња, така што, не лае нешто многу.


Секој што зема милениче на своја одговорност, буквално нештото зависи од вас, треба да е свесен за самата обврска. Јас ич не можам со луѓе што си ги оставаат милениците или полошо, ги гњават/малтретираат. Само да се има искрена желба за чување, другото мислам дека ќе се прилагодиш.
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Супер тема. Ќе се обидам да одговорам на повеќето прашања:

- Кои се најосновните поставки на кои треба да се обрне внимание пред вдомување животно?
Пред се треба да размислиме дали сме спремни да се обврземе на долг рок за чување на животно, дали имаме соодветни услови и простор, време во денот кое ќе го одвоиме да се посветиме на животното и слично.

- Кои се предности, а кои мани на имањето миленик?
Предности: занимација, забава, друштво при осаменост, социјализација и запознавање на многу луѓе преку милениците, физичка активност, намалуваат стрес и нервоза, ги учат децата на одговорност, чувство на задоволство кога ги галиме, дресираме, гледаме како се развиваат, си играат, прават смешни глупости итн.. Едноставно самото чувство кога се грижиш за некое животно те исполнува. Доколку се вдоми миленик од улица или од шелтер најголема предност е што спасувате живот.
Мани: во зависност од типот на милениче и расата, може да бидат голема обврска, екстра трошоци за храна, играчки, ветеринар, трошат време, за одредени раси неопходна е дресура, може да оштетат врати и мебел по дома (иако не сите раси), понекогаш кога немате време за нив бараат внимание и досаѓаат (дур го пишувам ова мачката ми гази по тастатура :ROFLMAO:), кога ќе остарат страдаат од разни состојби и болести и грижата е потешка итн..

- Кои раси се погодни за чување во домашни услови, а кои во двор?
Генерално јас сум против чување на куче исклучиво во двор затоа што тие кучиња често се запоставени од сопствениците, развиваат лоши навики како лаење без причина, агресија кон минувачи и други кучиња и слично. Кучињата се социјални животни и сакаат да бидат дел од семејството и да поминуваат време со нас а не сами во двор. Oсвен ако и вие не поминувате доста време во дворот, но зимно време тоа е невозможно.
Од друга страна, многу раси се мачат доколку се чувани само дома и бараат отворен простор каде што ќе можат да престојуваат поголем дел од денот. Затоа најдобро е расата да се избере според условите за живеење - ако живеете во стан изберете мала, салонска раса, а доколку сте во куќа со двор може да изберете и куче што издржува и надворешни услови, тоа се скоро сите средни и големи раси на кучиња, со тоа што ќе му биде дозволено и да влегува и престојува дома.

- Каков миленик имате вие и како се грижите за истиот?
Едно куче белгиски овчар малиноја и две мачки, но бидејќи мачките се посамостојни а и за нив повеќе се грижат другите по дома, ќе напишам само за кучето. Грижата се состои од спремање оброци, шетање, чешлање и повремено одвојување време за играње.

- Каква е вашата рутина?
Рутината драстично се смени како што порасна (6 години има). Порано поминував по 2 часа секој ден во кучешки парк, а и уште бар саат време во дресирање, шетање и играње во останатиот дел од денот. Ова не е случај со сите раси, но мојата имаше многу енергија и бараше внимание и задачи.
Денес рутината е доста полабава. Сабајле ја шетам и истрчувам околу 45 минути, спремам оброк, околу пладне кратка прошетка колку за нужда, потоа си спие или си лежи некаде до вечер, па тогаш пак ја шетам околу 30-45 минути, спремам оброк и после или оди на спиење или досаѓа ако дојде друштво дома :D

- Колку пати го храните дневно, каква храна му давате?
Два пати на ден: папалини, пилешки батаци, сува храна, повремено ориз и некој друг зеленчук, претежно тоа. Еднаш-два пати месечно по некоја коска.

- Колку често го четкате, шишате, бањате?
Оваа раса има многу лесно крзно за одржување, никогаш не е избањата, ја пребришувам со крпа од време на време. Нема потреба од шишање, а четкање повремено на неколку дена.
Претходно чувавме пудлица и за неа требаше редовно шишање, чешлање, бањање и третман против паразити, значи зависи од расата.

- Колку често го шетате?
Минимум 2 пати дневно. Ако нема временски услови или ептен немам време се шета сама низ двор :)

- Дали вашиот миленик има стекнато некои хигиенски навики?
Да, се разбира, стекна навики уште како кутре.

- Што кога не сте дома?
Ништо, најнормално си спие или си лежи во двор. Ова многу зависи од расата, оваа раса е самостална и нема проблем да биде сама подолг период.

- Што би ги советувале оние кои планираат addition to the family?
Да размислат добро пред да земат миленик и да знаат дека тоа не е играчка за која ќе им помине меракот за неколку месеци туку живо суштество за кое ќе треба да се грижите во наредните 10+ години (освен ако не земете хрчак, тие живеат година дена максимум :D)
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
183
Поени од реакции
237
Моите чуваат папагал тигрица и куче шкотски овчар.
Папагалот .....беше 6+ месеци кога го земавме. Обично за папагали препорачуваат помали, овој веќе си беше посамостален и беше тежок за припитомување. .... Има 3-4 места на кои можеш да го најдеш, во кафез влегува за спиење само. Кажува некои фрази што му се повторувани нонстоп, плус името.
Јаде само просо, скроз економичен е.
Мене ме интересира како стои со хигиена во станот со папагал кој минува подолго време вон кафез.
Барем за вашиот конкретно.
 
Ф

Флеш

Гостин
Мене ме интересира како стои со хигиена во станот со папагал кој минува подолго време вон кафез.
Барем за вашиот конкретно.
папагалите имаат брз организам . серат на секои 10 минути . имај во неко место во собата ,цела опаковка со влажни марамици,доволно е да забришеш,не остава флека гомното . пролет им е сезона за митарење . тогаш очекувај да им паѓа и промена на пердувите . воглавно проблем е серењето и кога јадат ја шетаат храната и подот е со семки полн . земи си влажни марамици и правосмукалка која е портабилна . Александар папагал сопственик .
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.120
Поени од реакции
15.931
Мене ме интересира како стои со хигиена во станот со папагал кој минува подолго време вон кафез.
Барем за вашиот конкретно.
Srekja so ovoj nasiot stoi na nekolku mesta I ne leta I seta sekade. Stoi do kafez I na polici. Ako ne stavis hartija ko so ima vo kafez dole, prebrisuvas na kraj od den kajsto stoel. Ne e strasno, niti odzema vreme.
E sega onie koi se nauceni sekade da si setkaat, sigurno e potesko, pogotovo onie po zemja so odat, ovoj nasiot na zemja nikogas ne sum go videla, po visoki delovi si sedi samo.
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.472
Поени од реакции
7.271
мачка да фаќа глувци. Овие денешни мачки не ни знаат како се прави тоа од што се разгалени од нивните сопственици.
Скопска станарска мачка, разгалена, мачител, убица
IMG_20220326_133128.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom