Нешто за тангата...
За жените се секојдневна потреба, мажите се луди по нив, поп звездите ги опејуваат, Клинтон "наседна" на нив, а тие измината година го славеа 23-от роденден.
Обичните танга гаќички во вид на триаголник, имаат вкупна површина од 20 цм2. Толку малку површина за толку голема сензација која ја предизвикува оваа микро-мини долна облека.
Танга гаќичките претставуваат културолошки феномен чие производство во индустријата за долна облека забележува голем пораст.
Жените ги сакаат зашто убаво им го обликуваат задникот. Тангата го покрива основното, а за останатото, ако природата се погрижила да изгледа добро, па, и не мора да се покрие.
Најсекси е работ на тангата
Никој не направил ништо за афирмирање на тангата како Моника Левински. Таа јавно призна дека го завела претседателот Клинтон покажувајќи му го работ на својата танга. По ова, почнаа да се произведуваат танга гаќички со големина XL и XXL. Тоа докажува дела сексапилот не доаѓа само од големините 36 и 38.
Мажите за тангата велат:
"Иако многу жени се опседнати со своите гради, на што укажува и експлоатираноста на силиконите, сепак од задникот запира здивот, а адреналинот се качува...
Кај мажите важи едно златно правило - тангата е навистина секси но само како долна облека. Сепак шетањето по плажите со "врвка" во задникот е знак на лош вкус. Жените кои шетаат со танга на плажа, сигурно стануваат мета на воајерите со фото-апарати во рацете, кои потоа нивниот гол задник ќе го "закачат" на некоја интернет страница."