А бе братче, исто мислење имав и јас, и уште имам. Бог да те чува од нив. Ама кај и да е ќе сватиш дека и од овие другиве некој треба да те чува. Се е отидено...
Енивеј, и ја знам многу луѓе што имаат оружје дома. Филмот зборува за тоа како, да не речам, кому ќе му текне може да си набави двоцевка. И после тинејџер влегол во средно школо ги потепал другарите зошто го заебавале на музичко.
Се зборува за контрола на оружјето, но малку си разбрал од тоа. Чарлтон Хестон ме разочара не зошто носи оружје, туку затоа што за еден човек од негов калибар и професиј, покажа огромна доза на расизам, омраза, и да не речам примитивизам. Ал јебига, таков е животот, не е филм.
Без пари кај и да се разболиш е лошо, но и понатаму, здравствениот систем во Франција или Англија не е за никаква споредба со Американскиот, кој е еден крајно не хуман систем. И ако Мур лаже трап не лаже или како беше поговорката: транскриптот од разговорот во кој на претседателот Никсон му го објаснуваат новиот закон за здравство кој треба да го протурка - „накратко г-дине Претседателе, помалку грижа за пациентите, повеќе пари... Аха... ми се допаѓа тоа...“
И што да прајме муабет понатаму?
Немој да браниш работи кои ни самите Американци не се обидуваат да ги бранат, документарците за здравството и оружјето се поткрепени со аргументи и си стојат, одлично се прифатени и од критиката и од јавноста. Штом не сме дошле до ситуација да одлучиме кој прст да ни го сошијат а кој да го фрлат во отпад, не знаеме колку навистина може да биде лошо...