Документарците на Moore

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.172
Поени од реакции
4.132
Зошто Америка има најлош здравствен систем во западниот свет???Зошто се на 37-мо место во светот по здравствена грижа???Кој раководи со здравството во Америка???Дали е можно пациент да биде исфрлен на улица затоа што нема пари за преглед???
На сиве овие прашања одговор дава генијалниот Мајкл Мур и неговиот доументарец Sicko.Едноставно ремек дело.Едвај чекам да излезе наредниот документарец на Мур кој ќе биде за светската економска криза.
10/10
 
Член од
29 јуни 2008
Мислења
460
Поени од реакции
27
Многу добро му е среден филмот, дури го гледаш мислиш дека гледаш игран филм а не документарец :)

Инаку ако сакаш да гледаш за светската економија гледај го Zeitgeist Addendum.
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Океј е, нишо посебно... без запознаен за тие работи и пред да го гледам филмот.
Сега има нов документарец, W.
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Го имам дома, ама уште го немам погледнато.
Ќе го сторам тоа, ми звучи интересно.
 
Член од
28 декември 2005
Мислења
29
Поени од реакции
2
A што да се прокоментира за документарецов .
Мур е едноставно најдобар кога станува збор за документарци.
Филмов едноставно мора да го гледате сите.
Да видите како американски пожарникари добиваат медицинска нега во Кубаа бе.(и тоа без пари).free of charge.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Го гледав,сепак сум да се преименува темата во "Документарците на Мур",бидејќи само за овој,нема што да се дискутира.

HMO е бизнис организација,и како таква нормално дека ќе го става профитот пред пациентите,а Американците навистина се пациенти во права смисла на зборот бидејќи поверувале во валидноста на овој предлог уште во 70ти.

37 место,пред Словенија.
Е тоа е веќе срамота :)
 
Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.172
Поени од реакции
4.132
Не би можел да одвојам ниту еден документарец од Мајкл Мур.Сите му се ремек-дела.Нормално на големците во УСА ги боли вистината па често му лепат етикети дека е комунист,анархист,социјалист...
 
Mad Maxx

SSG3000
Член од
4 мај 2005
Мислења
1.235
Поени од реакции
64
Прва работа што ја имам гледано од него е Bowling for Columbine.Посебно интересна ми беше споредбата помеѓу Канада и Америка.Во Америка ко у гето да си,насилства,убиства дрт-мрт,оружје на сите страни,нон-стоп ударни вести за убиства за да се држи народов по пресија...
Преминуваш граница у Канада и зачекоруваш во друг свет,отклучени врати,сите се дружељубиви,пријатни,не плаќаат за медицински услуги,не се сеќаваат кога последен пат имало убиство...
Канаѓаните испаднаа дури и поголеми љубители на оружје од Американците,но овие оружјето го користат за лов на животни,не на луѓе ко америве.Интересно да се погледне,има некои сличности и со ситуацијава кај нас.
Вториот документарец кој го имам гледано е Fahrenheit 9/11
Самото име кажува 9/11 и настаните после.Интересен податок е дека веднаш по нападите бил стопиран целиот авио сообраќај во Америка.Но и покрај таа забрана полетал еден авион во кој била фамилијата на Бин Ладен.Интересни исто така се и врските на фамилијата Буш со арапскиве нафтени магнати.Им застана дебелиов пред америчкиов сенат и прашуваше сенатори дали би си ги пуштиле синовите да војуваат во Ирак ако се толку убедени во исправноста на таа инвазија.
Значи,сума сумарум,Мајкл Мур дига галама,р'чка у осетливи точки,тоа си го кешира и станува славен,а оние против кои галами си тераат по свое и се си е по старо.
 
Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.172
Поени од реакции
4.132
Ајде бе веќе помина месец и пол,а уште не излегол на ДВД снимка Capitalism: A Love Story.
 
Член од
9 ноември 2009
Мислења
14
Поени од реакции
4
Ја сум нов на форумов, ама ги читав претходните постови. Бог да чува. Ич не се слажем со вас, а за Moore немам многу големо мислење. Стварно у Куба пожарникарите добија бесплатен третман. Како на филм. А ако толку му смета капитализмот, нека иде у НДР Кореја и тамо нека живи само еден месец, па после ќе го прашам дали капитализмот не чинел. За Куглањето во Колумбина цело време збори Буш ваќе, Буш таќе, праа бомбе, а когај го спомна бомбардирањето на Србија, Клинтон ич не го спомна. Абе се гледа дека е демократ и збори све само против републиканците. И да, нападите на 11.09. беа чиста фикција, а? Тој ќе ни каже. Можда и на Месец људите не ступнале, све е тоа конспирација. Сум гледал од него и еден документарец за еден пропаднат град у Илиноис по затворањето на фабриката (или беше рудникот) и филмот беше ОК, без политика. Али задниве документарци му са само за пред избори.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.752

Сложи се бе барем малку со нас, не биди таков... :pos2:
Значи, факт бр.1, Мур е деклариран демократ и не ја крие својата политичка определба. Значи никогаш не се претставил како „демек неутрален“ ко овие нашиве интелектуалци. Во право си за тоа дека мета му е Буш а останатите кога се на власт не може човекот саглам документарец да си направи.

Факт бр.2, Мајкл Мур за многу, многу, и уште еднаш многу работи е во право.

Значи, Sicko (2007) за мене е култен документарец, филм во кој се открива целата грдотија на системот во кој живееме и како луѓето на кои им е доверено здравјето на една нација, заработуваат на животите и трагедиите на болните. Никаде Мајкл Мур не вели дека е против капитализмот, туку дава јасен пример како во други капиталистички земји како В.Британија, Франција итн... постои нешто што се вика „бесплатно здравство“, или истото е „Социјализирано“, па овие држави се и понатаму капиталистички и за чудо не пропаднале. Споредбата меѓу Американскиот здравствен систем и оној во Англија и Франција е фрапантен: за истата услуга и квалитет на услугата, во Европските земји не плаќате или плаќате симболично, додека во Америка треба да си ја продадете куќата, ако ја имате. И да не ширам, кој сака нека го погледне филмот, нема да зажали.

Fahrenheit 9/11 (2004) е на тема „кого вие фарбате?“ и е еден од многуте вакви филмови кои го тврдат истото.

Bowling for Columbine (2002) не беше на ниво на другите два и добив животна прилика да се разочарам од личноста на Charlton Heston, попознат како Мојсие, Јуда Бен Хур, и Џорџ Тејлор од Планетата на Мајмуните.

Аха, и дечкото што е мета на обработка и повремено на некој чевел... па, си има причина... :pos2:
 
pojma_nemam

Пиво
Член од
27 јуни 2007
Мислења
288
Поени од реакции
1
Ја сум нов на форумов, ама ги читав претходните постови. Бог да чува. Ич не се слажем со вас, а за Moore немам многу големо мислење. Стварно у Куба пожарникарите добија бесплатен третман. Како на филм. А ако толку му смета капитализмот, нека иде у НДР Кореја и тамо нека живи само еден месец, па после ќе го прашам дали капитализмот не чинел. За Куглањето во Колумбина цело време збори Буш ваќе, Буш таќе, праа бомбе, а когај го спомна бомбардирањето на Србија, Клинтон ич не го спомна. Абе се гледа дека е демократ и збори све само против републиканците. И да, нападите на 11.09. беа чиста фикција, а? Тој ќе ни каже. Можда и на Месец људите не ступнале, све е тоа конспирација. Сум гледал од него и еден документарец за еден пропаднат град у Илиноис по затворањето на фабриката (или беше рудникот) и филмот беше ОК, без политика. Али задниве документарци му са само за пред избори.
Кореја не е комунизам они имат воен режим скоро на интернет имаше за тоа, а Куба ти е бесплатна медицината и образованието. Иначе мојте ми кажува дека една жена од Мајами добила рак и правиле ја операција у Америка операцијата ја коштала 100 000 долари ама после операцијата син и оде за Куба и купува и капки против рак и американските доктори се чудиле колку брзо и се повлечил карциногено од крвта
 
KeleS

insolitus res
Член од
22 јануари 2008
Мислења
734
Поени од реакции
57
Кореја не е комунизам они имат воен режим скоро на интернет имаше за тоа, а Куба ти е бесплатна медицината и образованието. Иначе мојте ми кажува дека една жена од Мајами добила рак и правиле ја операција у Америка операцијата ја коштала 100 000 долари ама после операцијата син и оде за Куба и купува и капки против рак и американските доктори се чудиле колку брзо и се повлечил карциногено од крвта
Треба исто така да се спомне дека кубанските доктори се сметаат за едни од најдобрите во светот ... Куба освен тоа има традициа за испраќање на доктори секаде каде се потребни ( доктори без граници програмата ,како помош во кризни региони и региони настрадани од природни катастрофи ) , потоа овие кога ке вратат се задолжени да минат одреден период како предавачи во Медицинските факултети и да го делат знаењето кое го стекнале .
Генерално Куба има еден од најдобрите здравствени системи во светот .
И е социалистичка држава .. не е комунистичка .
 
Kajgana Shop

На врв Bottom