Дури и според Њутн не е v=s/t туку v=ds/dt (брзината е прв извод од должината по времето). v=s/t е само огромно поедноставување во идеални линеарни услови што никаде не постојат.„Брзината“ на течење на времето на некое тело зависи од брзината со кое што се движи телото.
Брзината на движење на тоа тело зависи од „брзината“ на течење на времето: V=s/t.
Оваа ( брзината на времето од брзината на телото ) зависност е таква да кога брзината на телото ќе се зголеми, според ајнштајн, времето за телото треба да тече побавно, а од тоа следи дека и брзината на телото ќе му биде помала, што значи дека всушност времето нема да тече побавно за телото кое што се движи, туку тоа ќе тече исто за целиот универзум.
Дури ни t не е t. Туку во зависност од брзината.
t' = t * 1/sqrt(1-v^2/c^2)
t - идеално време, односно време при непостоење на движење
t' - реално време
Ако тело се движи со брзина од 1000 км/час времето на течење за референтното тело кое стои и тоа кое се движи се разликува за 1 нано секунда. Затоа при мали брзини се поедноставува t'=t, односно времето да не зависи од брзината.
Заклучок: Бидејќи користиш идеализирана формула доаѓаш и до идеализиран заклучок дека времето секаде тече исто. Времето тече различно за секое тело кое се движи, од електрон до џиновски сонца (човекот е тука некаде помеѓу).