Добро и лошо ?

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Не постои апсолутно нешто како добро и лошо, туку секогаш најголемо добро или најмалку лошо. Лекот кој од сто пациенти лечи деведесет и девет, а усмртува еден од гледна точка на човештвото се прифаќа како добар лек, но од гледна точка на тој што е усмртен од тој лек не е добар лек.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.030
[zEUs];2657606 напиша:
Ние сме шест билиони луѓе на земјата и сите имаме различни мислења, различни ставови, различни укуси едноставно не можемо сите да бидемо исти.
Замисли оваа изјава да е вистина кај би ни бил крајот.
Не сите луѓе имаат различни ставови.
Обично се групирани.
Група на луѓе со омилена боја црна, друга група на луѓе- бела, трета-зелена...
Една група подржуваат абортус, друга не подржуваат, на трети им е сеедно..
Една група луѓе се хомосексуалци, друга хетеросексуалци, трета се шо-знам-таму-шо-не-сексуалци..
Значи не сите имаат различно ставови, некаде нешто мора да се поклопи.
Сите имаме слични искуства и различна перцепција за тие искуства.
Затоа за некого изложувањето на сонце е болна и непријатна работа(пр. има изгореници од сонце, алергии итн), за некој друг е пријатна работа...
[zEUs];2657746 напиша:
Млад сум да. Но за мој години сум искусил премногу.

Инаку животот го разбирам ко ...борба.
Најсилните и најпаметните преживевуаат.
Што ти си искусил за твоите години жити мене?
Ај на 50 години ра се лупнеш у груди дека имаш искуство, брак позади тебе, си одгледал деца, фамилија...
Моментално твојата животна состојба е егоистичка и гледаш само за себе.
Не мораш да се грижиш за некој таму, не мора да искусуваш туѓа болка, желби, мечти...
Практично сме деца кои везе немаат, не се лупај толку у груди па и ти...

И за што во животот треба да се бориш? На бојно поле си?
Не ти создава тоа притисок и страв дека можеби нема да преживееш?
И тоа што ти си жив те прави тебе најсилен и најпаметен?

абееее ако е така земјата и коприва создала па иди ти јади ја....Кај си го чул тоа дека “се што создала земјата е добро?“
Зашо бе така викаш:)
Копривата е најдобро природно средство за чистење на крвта. Таа е природен лек и за болестите на мочните патишта, како што се: воспаленијата, камењата и песокот, па дури може превентивно да делува и на стварањето на каменчиња во бубрегот и мочните патишта. За стимулирање на мочањето, дневно се пијат 3 до 4 шолји свеж чај од коприва.
:wink:

Колкав е процентот на луѓе што умреле од дрога во однос од тој што уште живеат?
Ако гледаш така, тогаш има луѓе и луѓе и луѓе што загинале во сообраќајна несреќа, пр. во кола, сепак колата е престижно и посакувано нешто.
Многу зависи искуството за начинот на кој ги разграничуваме работите дали се добри или лоши.
 
Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
[zEUs];2657606 напиша:
Од кај толкава сигурност за тоа што е добро, а пак што е лошо?
Искуство, искуство и само искуство.
Само тоа може да ни посочи што е лошо, а што добро.
Инаку, никој не може да е доволно сигурен.
На што се должи тоа?
Да не се повторувам, имам напишано погоре.
Се е резултат на искуството.
Од каде знаеме што е добро, а што лошо? Што не учеле како мали или пак што не учела религијата?
Никој не може да те научи што е добро што е лошо.
Иако сите ќе ме истепаат сега вејеќи дека попуштаат пред некој, тоа го прават затоа што некој има наметнато авторитет пред нив, не заради попусливост или хуманост.
Страхопочитта е јака ствар, но со тек на време избледнува.
Или пак тоа што све проаѓале низ животот? Но ипак за сите ли едно исто може да е добро или лошо?
Ако јас сум прошла нешто лошо во животот, за кое некој смета дека е добро, нема јас да бегам подалеку од луѓето кои извршуваат некаква функција, а тој да се здружува со тие луѓе?
Можно е за одредена група на луѓе извесна работа да е добра или лоша, НО, нема шанси за сите луѓе.
Ние сме шест билиони луѓе на земјата и сите имаме различни мислења, различни ставови, различни укуси едноставно не можемо сите да бидемо исти.
Ако сите имаме различни ставови и мислења, светот би отишол во неповрат, би се војувало секој ден.
Луѓето се групираат според своите ставови, мислења, интереси.
Насекаде постојат социјални групи, никој не живее сам.
Точно, постојат луѓе што размислуваат различно од останатите, но и таквите, барем еден на сто илјади, постојат.
Никој не е единствен, посебен.
Па таке не можемо други да овбинуваме дека тоа што го прават е лошо или пак е добро. Ако е за нас тоа добро тогаш не значи дека и за нив е добро. А и од каде ние толку сигурни дека тоа нешто навистина е добро. Од каде ? Не можемо да биде сигурни што е правилно, а пак што е.
Кога ти нешто лошо си искусил, би сакал некој друг да поминува низ истото?
Никој не е попаметен од нас самите па да ни каже што е добро, а пак што лошо да се прави.
Самите ние си знаеме. Со тек на време ќе одлучиме... Кои се вистинските вредности во животот? За што живееме? Што сакаме да правиме, а што не ? (а не што е правилно, а што не)
Понекогаш.. Не си знаеме самите.
Не е причината „ние си знаеме“.
Боли што некој имал повеќе искуство од нас, што истото на нас што ни се случува некој го поминал.
Или не?
Гордоста не дозволува да послушаме нечиј совет во врска со доброто и лошото.
Тоа е, луѓе, мислат дека се најпаметни, а и самите се потпираат на инстинкти.
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Судот за добро и лошо, ние, денешните луѓе го донесуваме врз основа на тоа што не учеле мама и тато како мали. А нашите предци, првите луѓе, па до ден денес ги граделе тие 'правила' за добро и лошо, врз груба основа за тоа што е корисно а што не за организмот. Ете, животните проценуваат според тоа. А и ние сме почнале така. Со процесот на социјализација сме научиле да проценуваме според општиот суд, што би го дал општеството за една наша постапка. Иако, за тоа пак не може да се каже дека е целосно точно, зашто пак има некоја субјективност. Да речеме, две другарки (Прва и Втора) и еден Дечко. Прва иде со Дечко, а он и Втора се засвиѓуваат. Сеа, и он и Втора знаат дека општеството нема да оправда тие двајца да бидат заедно позади грбот на Прва, ама пак го праат тоа, зашто они имаат корист. Значи за нив е добро да бидат заедно. Сепак, се донесува суд врз основа на позитивните и негативните карактеристики на објектот, и влијанието што тие би го имале врз организмот. Социјализацијата само ги замешува тие односи и карактеристики, поради својот, како да го наречам, актерски карактер. Го нареков така бидејќи сметам дека социјализацијата во голем дел е обична глума, со оглед на тоа дека ние поголемиот дел од времето даваме социјално пожелни одговори за да влијаеме позитивно врз впечатокот што другите ќе го стекнат врз нас. Каква корист од секојдневните Добар ден, или прашањата од тип Што правиш? Како си? што ги поставуваме на некој со кој едвај имаме два реда муабет да размениме, а ги поставуваме од 'култура'. Епа, што се очекува како одговор на тие прашања? Ако не е добар да не ќе ни каже што го мачи? Секако дека не. Значи глума е. Добро, јас малкуцка си забегав у друга насока што немаше врска баш со темава. Поентата ја кажав, така да тоа е тоа според мене.
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
Ако некој на пример убие некој човек бидете сигурни дека тоа е навистина лошо.
Толку имам да кажам за тоа дека некои постапки навистина се погрешни односно лоши.

Она што е добро и она што е лошо е јасно поделено без разлика како ние го доживуваме тоа.

На пример во Аушвиц можеби некои од војниците што го спроведувале холокасутот мислеле и чуствувале дека тоа е добро
Но тоа е ужасно и злобно нели?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Ако некој на пример убие некој човек бидете сигурни дека тоа е навистина лошо.
Толку имам да кажам за тоа дека некои постапки навистина се погрешни односно лоши.
Многу сакам личности на кои им е се јасно, кој много добро знаат се, посебно на етички план...

Човек со нож тргнува накај твоите деца и сака да ги убие. Ти во рацете држиш пиштол и единствен начин да ги спасиш децата е да го убиеш човекот. Добро или лошо е да го сториш тоа?

Јас лично познавам неколку луѓе, лихвари, кои би ги убил со радост во срцето, кога би бил сигурен дека законот нема да ме најде...
 
The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Од самите одговори може да се заклучи,не постои добро ниту лошо.Егото дели за да може да владее.Се на светот си има своја смисла и оправдание и се на светот може да биде штетно и фатално.
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
Ако некој на пример убие некој човек бидете сигурни дека тоа е навистина лошо.
Толку имам да кажам за тоа дека некои постапки навистина се погрешни односно лоши.
А што ако го убил во самоодбрана?И тоа е лошо?
Секој си има различен начин на сфакање.Би се задржила на еден коментар погоре.На светот не се еден или двајца,туку повеке и не сме сите исти.
Еве,за мене тоа што го кажа членот погоре дека е лошо ако убиеш некого...Точно.Ама ако е во самоодбрана,тогаш е прифатливо:toe:
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
А што ако го убил во самоодбрана?И тоа е лошо?
Секој си има различен начин на сфакање.Би се задржила на еден коментар погоре.На светот не се еден или двајца,туку повеке и не сме сите исти.
Еве,за мене тоа што го кажа членот погоре дека е лошо ако убиеш некого...Точно.Ама ако е во самоодбрана,тогаш е прифатливо:toe:

Не е прифатливо за мене во никаков случај, но добро ако за вас е прифатливо, тогаш вие сте во право со вашето размислување.
Но нели заборавивте вториот дел од мојот пост да го цитирате и тоа за вас не е лошо и зависи како на тоа гледате?

Зарем навистина сте сериозни???
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444

Ти веќе убиваш, но никој не ти го кажал тоа.
Дел од даноците кои ги плаќаш заминуваат и за воени операции за Афган а до пред некое време и за Ирак.
Со тие пари кои си ги платил (и сите ние) не се купуваат чоколатца,бомбончиња и сладоледи туку оружје со кое се убива раја.
Растурени утроби,откинати екстремитети,изрешетани тела,вапоризирани деца...
Сето тоа го овозможуваме ние дури си читкаме за Светлината и Свеста и удобно контемплираме за Љубовта.

Sooo...let the mind games begin...Данокот е добро или зло?

Sorry mate...:)
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
Не е прифатливо за мене во никаков случај, но добро ако за вас е прифатливо, тогаш вие сте во право со вашето размислување.
Но нели заборавивте вториот дел од мојот пост да го цитирате и тоа за вас не е лошо и зависи како на тоа гледате?

Зарем навистина сте сериозни???
Земи го за пример,примерот на Зарасутра,човек со нож ги брка домашните,и сака да ги убие,а ти имаш можност да го спасиш своето семејство,и убиство во самоодбрана е единствениот начин за да ги спасиш твоите,ке стоеш во место и ке гледаш како ги убива или ке се обидеш да ги спасиш?
Kaко што кажав и претходно,не се еден или двајца на светов,секој си размислува различно.
 
Член од
30 март 2011
Мислења
117
Поени од реакции
12
[zEUs];2657606 напиша:
Од кај толкава сигурност за тоа што е добро, а пак што е лошо?
На што се должи тоа?
Од каде знаеме што е добро, а што лошо? Што не учеле како мали или пак што не учела религијата?
Или пак тоа што све проаѓале низ животот? Но ипак за сите ли едно исто може да е добро или лошо?
Ние сме шест билиони луѓе на земјата и сите имаме различни мислења, различни ставови, различни укуси едноставно не можемо сите да бидемо исти.
Па таке не можемо други да овбинуваме дека тоа што го прават е лошо или пак е добро. Ако е за нас тоа добро тогаш не значи дека и за нив е добро. А и од каде ние толку сигурни дека тоа нешто навистина е добро. Од каде ? Не можемо да биде сигурни што е правилно, а пак што е.
Никој не е попаметен од нас самите па да ни каже што е добро, а пак што лошо да се прави.
Самите ние си знаеме. Со тек на време ќе одлучиме... Кои се вистинските вредности во животот? За што живееме? Што сакаме да правиме, а што не ? (а не што е правилно, а што не)
Ние едноставно треба да правиме тоа што го сакаме. Тоа нешто што не прави среќни. А не тоа што е правилно, а што не е. Бидејќи пак ќе се повторам... Никој не може со сигурност да каже дека некоај постапка е добра, а некоја не е.

Па и не е баш така според мене ...Ние треба сами да одлучиме да но мора некој и да ти даде совет или да те подучи,сепам не е работата во знаење него во искуство,никој не е попаметен од никој но некој има повеке искуство прошол повеке видел повеке научил повеке сето тоа спаѓа во искуство и ради искуството некогаш можеме да распознаеме што е добро а што не ....важно со секој чекор учиш нешто ,ако згрешиш ке научиш дека така не треба а направиш добро значи така треба во секој случај добиваш искуство и ги разликуваш работите....

--- надополнето ---

Земи го за пример,примерот на Зарасутра,човек со нож ги брка домашните,и сака да ги убие,а ти имаш можност да го спасиш своето семејство,и убиство во самоодбрана е единствениот начин за да ги спасиш твоите,ке стоеш во место и ке гледаш како ги убива или ке се обидеш да ги спасиш?
Kaко што кажав и претходно,не се еден или двајца на светов,секој си размислува различно.

Да во такви екстремни случаи и лошото дело е добро ,се сложувам само ако си загрозен ,ако е загрозен твојот живот или на најблиските тогаш е оправдано.
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
Она што е добро и она што е лошо е јасно поделено без разлика како ние го доживуваме тоа.

На пример во Аушвиц можеби некои од војниците што го спроведувале холокасутот мислеле и чуствувале дека тоа е добро
Но тоа е ужасно и злобно нели?

Холокаустот е олицетворение на злото и со тоа темата е разјаснета и нема за што повеќе да се дискутира

освен

ако мислите дека тоа во Треблинка и Аушвиц е релативно за некој добро или лошо.
 
А војните Ирак и Афганистан?
Дали за тебе тоа е добро или зло?
 
VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328
Алчност = ЛОШО - ЦРНО
Љубов = ДОБРО - БЕЛО

Се измеѓу = СИВО

Сивото е со различни нијанси и нешто е посветло сиво, нешто е потемно сиво.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom