Доброто со добро се враќа

Член од
7 јуни 2012
Мислења
214
Поени од реакции
6
Ок... но што ќе ми е Христијанство денес, или било која друга религија, кога преку секојдневниот општествен живот (семејството, училиштето, општеството) секојдневно се соочуваме со морал, етика, а преку нив и со постојана дистинкција и еволуција на смислата на она што е добро, а што не.. и сл. и сл...

тие си ја завршиле својата работа кога требало...
Христијанството субјективно можеш да кажеш дека не ти е потребно (иако спонтано потенцијалот на Св. Дух е присатен во тебе уште во првите моменти на твоето раѓање), но ти си „Му потребен“ на Христа, Зборот. Тој те сака, за Себе, за тебе и за сите околу тебе. Тука си каде си, си бил каде си бил, и ќе бидеш каде ќе бидеш - поради Господ.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Одлука велиш? Кој знае.....
Одлучи жабата да стане лав...... и стана лав :LOL:
Имаш право, одлука не е соодветен збор.
Иако не сум чула за жаба што одлучува да стане лав :)
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Имаш право, одлука не е соодветен збор.
Иако не сум чула за жаба што одлучува да стане лав :)
Ни јас не сум чул, затоа и реков, не е до одлуката. Ако само одлуката беше доволна да станеме нешто што ќе посакаме, сите ќе бевме се’.
„Не се давај“, Атеист(y)
Атеист ни дава ни зема. Не е како 99% самонаречени верници што ги знае.
 
Член од
7 јуни 2012
Мислења
214
Поени од реакции
6
Ни јас не сум чул, затоа и реков, не е до одлуката. Ако само одлуката беше доволна да станеме нешто што ќе посакаме, сите ќе бевме се’.

Атеист ни дава ни зема. Не е како 99% самонаречени верници што ги знае.
Тогаш насмеан нека не зема в раце еикеи-фортисевн...
--- надополнето: 17 јули 2012 во 11:37 ---
Стварно, аватарот ти е промашен:icon_lol:
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Христијанството субјективно можеш да кажеш дека не ти е потребно (иако спонтано потенцијалот на Св. Дух е присатен во тебе уште во првите моменти на твоето раѓање), но ти си „Му потребен“ на Христа, Зборот. Тој те сака, за Себе, за тебе и за сите околу тебе. Тука си каде си, си бил каде си бил, и ќе бидеш каде ќе бидеш - поради Господ.
1. Не е субјективно, објективно е така, коклу и да се опираш пред тој факт... но сепак, тоа е твое субјективно мислење да кажеш како што кажа...

2. Да, се слагам дека „Св.Дух“ е присатен во мене, и во секого, имајќи в предвид дека она што за Христијаните е св.Дух, тоа за Старите Елини е ПСИХА (psyche 1640s, "animating spirit," from L. psyche, from Gk. psykhe "the soul, mind, spirit, breath, life, the invisible animating principle or entity which occupies and directs the physical body" (personified as Psykhe, the lover of Eros), akin to psykhein "to blow, cool," from PIE root *bhes- "to blow" (cf. Skt. bhas-). The word had extensive sense development in Platonic philosophy and Jewish-influenced theological writing of St. Paul. In English, psychological sense is from 1910.), за другите народи со поинаков назив, а кој во суштина е ништо друго освен психичкиот апарат на личноста, дефиниран преку Фројдовите ИД, Его и Суперего (нешто со кое делумно се раѓаш, но најповеќе го стекнуваш и учиш во текот на сиот свој живот).
- Не се слагам со тоа „спонтано“, затоа што нема ништо спонтано во присуството, има само спонтаност во реакцијата (но и тоа е благо речено дискутабилно, со оглед на односот акција-реакција).
- Не се слагам со тоа „потенцијалот“ - што сакаш да кажеш, дека со раѓање некој е предодреден да го има, а некој да го нема? Кој тоа го предодредува со раѓање т.е. со зачнување?! Звучиш смешно, дообјасни се...

3. За ова, „ти си „Му потребен“ на Христа, Зборот. Тој те сака, за Себе, за тебе и за сите околу тебе. Тука си каде си, си бил каде си бил, и ќе бидеш каде ќе бидеш - поради Господ.“ неам зборови, очигледно не си ме разбрал, а и не ме чуди. Само со вакви изјави, немој после на друг да му го накалемуваш зборот „субјективно“, оти од ова твоево посубјективно здравје! Мислам, не ми е јасно, како бре се дрзнуваш ТИ, но и други ко тебе, да накалемувате и ставате на кантар нечија „субјективност“, а при тоа, Вашето општо контање на религијата, религиската догма, е строго врзана за субјективно доживување, а овде го претставувате и чаламите како објективна вистина?!? Па дали си ти нормален човече?!
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
Aпсолутно дека доброто со доброто се враќа; Ако како, на пример Христијанин направиш добро дело во Господ, ќе посакаш да правиш уште добри дела. Така, сакал-не сакал влијаеш на себеси а и на другите, коишто безусловно твоето несебично дело подсвесно (сепак, огромен број на минатите генерации совесно Му се молеле и Му се молат веќе 2000 години; оставена е физичка трага, генетски, во материјалниот Ум; и ќе продолжат да се молат: квантната физика, во нашиот Господ „ќе ги натера“ и атеистите да се молат преку квантната физика - прекрасно:)).

Поентата ми беше дека не треба да правиш добри дела поради господ или петко или цацко туку поради едноставна причина дека тоа е правилно.

За болдот чисто сумјам. Атеистите немаат потреба да се молат ние или знаеме или незнаеме многу едноставен концепт.
 
- „огромен број на минатите генерации совесно Му се молеле и Му се молат веќе 2000 години“ - Ова некако ме потсеќа на изјава на еден чуден чичко со кратки бркчиња, намуртена фаца, строг рамен патец и кафена офицерска капа што му ги покрива очите... И тој велеше 1000 годишен рајх.. но добро..

- а ова „квантната физика, во нашиот Господ „ќе ги натера“ и атеистите да се молат преку квантната физика - прекрасно“ .... тешко на тие научници што се молат во квантната физика, нема потреба зашо да се молат, па има бре експерименти и методи на експериментирање (ако не си природо-научник, ќути си поарно, те молам, оти ќе ти се настрват и партал ќе те напраат, со вакви инфантилни изјави нигде не стигаш). А тоа со дека Бог „ќе ги натерал“ атеистите да се молеле преку квантна физика.- богами тешко на тој Бог, ако „ги натера“ :))))))))))
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.498
Поени од реакции
84.992
Значи ова е типичен христијански концепт.
Типично перење на мозок и предизвикување на злоба и омраза. Му помагаш на некој со предумисла т.е. само затоа да можеш да побараш од истиот тој помош. Тоа не е помош во вистинска смисла тоа е повеке како поговорката на Конфучие: Ти почешај ми гомојот грб а јас ке го почешам твојот.
Според мене вистинска помош е кога не бараш ништо за возврат а се друго е врста на бизнис.
"Немојте да праите добро затоа што можда тоа го праите со задршка.":pos:
"...и плус, злоба и омраза предизвикуете со тоа."
жив ти све...
Не тропај глупости и ти и останатата багра што дошла на темава да мрси муда како не вредело да си морален и чесен. Христијански концепт - мај ес. Си измислувате концепти и копи-пастирате за Христијанството.

Прво и прво самиот Господ Бог Исус рекол дека и срање фаците праат добро на тие шо така ќе им вратат, а дека финтата било да праиш добро и на тие шо нема никад да ти вратат. Значи без задршка, без предумисла - кармичка или световна.
А втора работа е што универзалниот закон на Тримегистос гласи: Kако што е горе така е и доле.

Ај сеа, нека дое некој паметен и нека праша кај го има тој закон у уставот на РМ. Обожавам духовити. И ја самиот сум таков.
 
M

Muranyi

Гостин
Би било убаво да е така како што гласи насловот на темата,но не е.И да,единствено добро може да се нарече кога човек го прави тоа без никакви очекувања од другата страна.
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
"Немојте да праите добро затоа што можда тоа го праите со задршка.":pos:
"...и плус, злоба и омраза предизвикуете со тоа."
жив ти све...
Не тропај глупости и ти и останатата багра што дошла на темава да мрси муда како не вредело да си морален и чесен. Христијански концепт - мај ес. Си измислувате концепти и копи-пастирате за Христијанството.

Прво и прво самиот Господ Бог Исус рекол дека и срање фаците праат добро на тие шо така ќе им вратат, а дека финтата било да праиш добро и на тие шо нема никад да ти вратат. Значи без задршка, без предумисла - кармичка или световна.
А втора работа е што универзалниот закон на Тримегистос гласи: Kако што е горе така е и доле.

Ај сеа, нека дое некој паметен и нека праша кај го има тој закон у уставот на РМ. Обожавам духовити. И ја самиот сум таков.

Ајде да почнеме од почеток. Очиглегно не си прочител некој дел.
Тема: добро со добро се врака.
Од каде произлегува дека со самото правење на добро очекуваш некој да ти врати за добрината. Што доколку не се деси предизвикува злоба и омраза кај првиот. Од каде пак следува дека добрината не е направена безусловно туку со некоја цел. Од каде пак произлекува дека целиот концепт е погрешен уште од почеток. И после рогатиот ширел нетрпеливост а самиот концепт за награда е виновен али јбг.

За вториот дел и јас пишав дека во тоа е финтата ама почетниот услов го исклучува тоа како и самиот религиски концепт.

А за закони има и други. Како на пример т.н. златно правило од древен Египет: Правиму го на другиот тоа што сакаш тебе да ти го прават.
Сребрено правило од Конфучие: Не му го прави на другиот тоа што не сакаш тебе да ти го прават.
Лао Це:
If you want to awaken all of humanity,
then awaken all of yourself.

If you want to eliminate the suffering in the world,
then eliminate all that is dark and negative in yourself.

Truly the greatest gift
you have to give

is that of your own self-transformation.
 
Член од
7 јуни 2012
Мислења
214
Поени од реакции
6
1. Не е субјективно, објективно е така, коклу и да се опираш пред тој факт... но сепак, тоа е твое субјективно мислење да кажеш како што кажа...

2. Да, се слагам дека „Св.Дух“ е присатен во мене, и во секого, имајќи в предвид дека она што за Христијаните е св.Дух, тоа за Старите Елини е ПСИХА (psyche 1640s, "animating spirit," from L. psyche, from Gk. psykhe "the soul, mind, spirit, breath, life, the invisible animating principle or entity which occupies and directs the physical body" (personified as Psykhe, the lover of Eros), akin to psykhein "to blow, cool," from PIE root *bhes- "to blow" (cf. Skt. bhas-). The word had extensive sense development in Platonic philosophy and Jewish-influenced theological writing of St. Paul. In English, psychological sense is from 1910.), за другите народи со поинаков назив, а кој во суштина е ништо друго освен психичкиот апарат на личноста, дефиниран преку Фројдовите ИД, Его и Суперего (нешто со кое делумно се раѓаш, но најповеќе го стекнуваш и учиш во текот на сиот свој живот).
- Не се слагам со тоа „спонтано“, затоа што нема ништо спонтано во присуството, има само спонтаност во реакцијата (но и тоа е благо речено дискутабилно, со оглед на односот акција-реакција).
- Не се слагам со тоа „потенцијалот“ - што сакаш да кажеш, дека со раѓање некој е предодреден да го има, а некој да го нема? Кој тоа го предодредува со раѓање т.е. со зачнување?! Звучиш смешно, дообјасни се...

3. За ова, „ти си „Му потребен“ на Христа, Зборот. Тој те сака, за Себе, за тебе и за сите околу тебе. Тука си каде си, си бил каде си бил, и ќе бидеш каде ќе бидеш - поради Господ.“ неам зборови, очигледно не си ме разбрал, а и не ме чуди. Само со вакви изјави, немој после на друг да му го накалемуваш зборот „субјективно“, оти од ова твоево посубјективно здравје! Мислам, не ми е јасно, како бре се дрзнуваш ТИ, но и други ко тебе, да накалемувате и ставате на кантар нечија „субјективност“, а при тоа, Вашето општо контање на религијата, религиската догма, е строго врзана за субјективно доживување, а овде го претставувате и чаламите како објективна вистина?!? Па дали си ти нормален човече?!
Објективно е бидејќи (како што јас ја разбирам) оваа тема е „за Доброто од и за Доброто“ и ја отвори некој кој себеси се смета за Христијанин, така што си земаме некои права ние верниците тука.
Прединдоевропејски, да, т.е. Предмесопотамски (ако можам да кажам така).
Провидноста е спонтана во Господа, Љубовта е спонтана.
Потенцијалот е во Господа, како и се друго. Немој да си го користиш потенцијалот за да велиш дека (наводно) „некој не те разбрал“.
Квантните физичари не можат да и се начудат, па еве навистина те молам: Дополни ги нивните сознанија за квантната физика, т.е. „сврти го другиот образ“...
--- надополнето: 17 јули 2012 во 13:06 ---
Поентата ми беше дека не треба да правиш добри дела поради господ или петко или цацко туку поради едноставна причина дека тоа е правилно.

За болдот чисто сумјам. Атеистите немаат потреба да се молат ние или знаеме или незнаеме многу едноставен концепт.
Зошто е правилно? Роб ли си од пред две илјади години?
Сумјај, слободно, што сега...
--- надополнето: 17 јули 2012 во 13:15 ---
- „огромен број на минатите генерации совесно Му се молеле и Му се молат веќе 2000 години“ - Ова некако ме потсеќа на изјава на еден чуден чичко со кратки бркчиња, намуртена фаца, строг рамен патец и кафена офицерска капа што му ги покрива очите... И тој велеше 1000 годишен рајх.. но добро..

- а ова „квантната физика, во нашиот Господ „ќе ги натера“ и атеистите да се молат преку квантната физика - прекрасно“ .... тешко на тие научници што се молат во квантната физика, нема потреба зашо да се молат, па има бре експерименти и методи на експериментирање (ако не си природо-научник, ќути си поарно, те молам, оти ќе ти се настрват и партал ќе те напраат, со вакви инфантилни изјави нигде не стигаш). А тоа со дека Бог „ќе ги натерал“ атеистите да се молеле преку квантна физика.- богами тешко на тој Бог, ако „ги натера“ :))))))))))
Не можам да те натерам да се најдеш себеси во горното што го пишуваш, бидејќи за тоа веќе се обидов на некој задоволително да му реплицирам.
Со кого интензивираш смешно, зајадливо, еве мене, да споредуваш (ако...)? Со некој верник, хуманист, совесен научник? Ајде, рекламирај се.
--- надополнето: 17 јули 2012 во 13:19 ---
Ајде да почнеме од почеток. Очиглегно не си прочител некој дел.
Тема: добро со добро се врака.
Од каде произлегува дека со самото правење на добро очекуваш некој да ти врати за добрината. Што доколку не се деси предизвикува злоба и омраза кај првиот. Од каде пак следува дека добрината не е направена безусловно туку со некоја цел. Од каде пак произлекува дека целиот концепт е погрешен уште од почеток. И после рогатиот ширел нетрпеливост а самиот концепт за награда е виновен али јбг.

За вториот дел и јас пишав дека во тоа е финтата ама почетниот услов го исклучува тоа како и самиот религиски концепт.

А за закони има и други. Како на пример т.н. златно правило од древен Египет: Правиму го на другиот тоа што сакаш тебе да ти го прават.
Сребрено правило од Конфучие: Не му го прави на другиот тоа што не сакаш тебе да ти го прават.
Лао Це:​
If you want to awaken all of humanity,

then awaken all of yourself.

If you want to eliminate the suffering in the world,
then eliminate all that is dark and negative in yourself.

Truly the greatest gift
you have to give
is that of your own self-transformation.
Отпочеток, да, во (Пред)Месопотамија.
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Објективно е бидејќи (како што јас ја разбирам) оваа тема е „за Доброто од и за Доброто“ и ја отвори некој кој себеси се смета за Христијанин, така што си земаме некои права ние верниците тука.
Прединдоевропејски, да, т.е. Предмесопотамски (ако можам да кажам така).
Провидноста е спонтана во Господа, Љубовта е спонтана.
Потенцијалот е во Господа, како и се друго. Немој да си го користиш потенцијалот за да велиш дека (наводно) „некој не те разбрал“.
Квантните физичари не можат да и се начудат, па еве навистина те молам: Дополни ги нивните сознанија за квантната физика, т.е. „сврти го другиот образ“...
1. Значи не е објективно, бидејќи говориш како што ти го разбираш, ама може и погрешно да си разбрал, значи, толкуваш по пристапот „мислиш(ам) дека е така“. Така да воопшто не си објективен, туку си подвргнат под сопствената интуиција, инстинкт, логика и смисла за морал и етика. Што не велам дека е погрешно да се раководиш така, но е погрешно истто да го сметаш за објективно, и како такво да го накалемуваш на друг, а при тоа за некој друг таму (во овој случај „атеист“, да му кажуваш дека субјективно гледа на работите). Мислам, кој си па ти да кажуваш што е морално а што не, односно како треба да гледа човекот на тоа што е добро а што не, а особено на философската смисла на изреката „доброто со добро се враќа“ (впрочем ти овде ништо религиски не зборуваш , и во суштина и не треба да зборуваш, затоа што изреката „доброто со добро се враќа“ не е стриктно религиски концепт) ?

2. Како тоа провидноста е спонтана кај Господа? Што Ти подразбираш под провидност, односно провидност кај Господа? И како тоа ти препознаваш на спонтаност кај Господа? В ред, љубовта е спонтана, но тоа е веќе нешто сосема друго и како поим, „љубовта“ е нешто покомплексно отколку да се стави в калап со Бог или било што. Некако имам впечаток дека употребуваш некои зборови без да го сфаќаш нивното реално значење, туку онака како што имаш одредена претстава ти лично, така ги објективизираш за сите.

3. Потенцијалот е во Господа?! Чекај Чекај.. ај објасни го ова?! Од каде ова сеа?!? Што подразбираш ти под „потенцијал“, чив е тој, каков е тој „Потенцијал на Господа“ и дали е тој зависен од нешто друго или се наметнува како таков онаму каде што не постои потенцијал?!
- Како тоа „Немој да си го користиш потенцијалот за да велиш дека (наводно) „некој не те разбрал““ ? Од ова добивам впечаток дека стварно не си ме разбрал.. Каков е тој потенцијал бре што јас го користам (по свему судечи - залудно)?

4. Па не да неможат да и се начудат, него неможат а да не и се восхитуваат. Впрочем затоа и ја истражуваат, а ако не се лажам огромен напредок направија со откривањето на Хиксовиот Бозон. А ниту јас, ниту ти, и ниту било кој овде на форумов не е кадарен за нив па да им соли памет по квантна физика. Пред се затоа што 99 % од овде сме лаици по квантна физика и пљампаме само за она што сме го прочитале во електронскиве весници. И оттука, не ја етизирај и морализирај науката преку фрази „вртење на другиот образ“. Наука си е наука... Ако си физичар изволте, полемизирај на топик физика и наука, ако не.. држи си се до своите знаења - какви такви..
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
Зошто е правилно? Роб ли си од пред две илјади години?
Сумјај, слободно, што сега...
--- надополнето: 17 јули 2012 во 13:15 ---

Хмммм. Ај да размислам зошто е правилно.:tapp:
Да.
Ништо времето ке покаже кој е во право нели.
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Не можам да те натерам да се најдеш себеси во горното што го пишуваш, бидејќи за тоа веќе се обидов на некој задоволително да му реплицирам.
Со кого интензивираш смешно, зајадливо, еве мене, да споредуваш (ако...)? Со некој верник, хуманист, совесен научник? Ајде, рекламирај се.
.
Па не ме терај.. ниту јас те терам на било што, а што е против твоја воља..

Што да рекламирам?!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom