Мислам дека сум ги пробал и убаво сум ги истестирал сите можни софтвери за навигација што постојат (освен Том Том) па еве го крајниот заклучок.
Гармин НЕ Е НАЈДОБАР. Лоша работа е што ги мешате мапите со софтверот, па ако има добри мапи, тогаш и софтверот... Епа не е така, затоа во иднина тие што немате појма, не тресете зелени. Едни компании прават софтвер за нацигација, други прават мапи. Мапите што ги користат повеќето софтвери за навигација или се од Navteq или се од Tele Atlas, а поретко се среќава и Open Street Maps. За Македонија а богами и за балканов, Navteq е најдетална, нивна е убавата мапа за Македнија, така да на кој софтвер и да ја ставите, мапата и точките од интерес се тие. Се разбира треба да гледате која верзија ја ставате, понова или постара, повеќе или помалце детали и слично. За европскиве земји, што и да одберете нема да згрешите. Кај едните може да има некоја точка од интерес плус, кај други друга, али ништо значајно.
Е сега iGO како софтвер е најлесен, најпрактичен и најбрз за користење. Попаметен е од гарминот кога бараш нешто и сл. Незнам кој спомна горе за прецизнос... Не тресете зелени ќе ве молам кога немате појма
Официјално си постои за Android и официјално и лично истестирано е прецизен колку што дозволува GPS технологијата за комерцијална употреба. Вчера се вратив од одмор. Без iGO немаше ни да стигнам фала богу. Прекрасен софтвер, 0% утка има кај него ако имаш убави мапи. Да не почнам само да зборам колку поубаво објаснува гласовната навигација кај треба да вртиш за разлика од Гарминот. Не е проблем кога имаш раскрсница лево десно и право, проблемот е кога имаш 7 кривини со во нив одма уште по 2 кривини, и кога ќе дојдеш да се чудиш низ кој пат да пројдеш. Гарминот тука е прилично мутав и тежок за разбирање. Не треба јас да учам за да разберам што сака да ми каже, треба навигацијата на мене да ми служи, од најмутав до најпаметен шофер без да гледа во екранот да може да се снајде и ова е многу битно. Навигација не се тестира на паркинг во скопје или да искочите на партизанска и да видите како функционира.
Гарминот ептен се фураше до пред неколку години од причина што скоро сите користеа Симбианци (немаше iOS или Android) и беше единствен софтвер што имаше квалитетни мапи за македонија за него и не бараше интернет. Арно ама спијат малце хрватите, колку години веќе немаат ништо сменето во интерфејсот? Одкако знам за Гармин од пред 4-5 години, ништо ама буквално ништо немаат променето, истиот интерфејст кој тогаш сме го користеле зашто сме биле приморани, па некако сме се навикнувале, а сега кога имаш да бираш нешто подобро и попаметно, премногу мутав изгледа Гарминот. Незнам само кога ќе се освестат да направат промена кон подобро.
Додека за HTC Sensation, џабе ќе се мачиш да ја смениш резолуцијата, што се не пробав, не прочитав на некој да му успеало. Ќе мора да почекаме да искочи убава верзија за нашиот модел. Јас имам исто Сензешјн и не е толку страшно ако ти е пресечен екранот. Ќе инсталираш верзија со резолуција 800x480, како Галакси С што има и таа користи ја. Отприлика 4 инчи ќе ти е екранот, може уште нешто помалце, али супер се гледа, нема да ти бара интернет, имаш прекрасни мапи и ќе видиш дека кога ќе возиш доволно ќе ти е да слушаш што ќе ти збори, нема да имаш многу потреба да гледаш во екранот.