Да, имам водено дневници неколку пати во животов, ама ниеднаш успешно!
Ептен сум неодговорна личност и никогаш немам навика секоја вечер да седнам и да пишувам што ми се случило тој ден.
Последниот дневник го почнав на 1ви септември, со почетокот на школската година, демек средношколка станувам, редно е секој момент да го имам запишано. Ма какви! Првите 10дена траеше тоа и после...забегав!
Инаку и сега кога ќе седнам да го читам истиот дневник си се чудам на паметот и си викам „Зарем ваква бев пред 6 месеци?“ Недозреана, разгалена, глупава тинејџерка! Интересно колку многу можеш да се промениш во период од 6 месеци.
Сега мислам дека дневникот е само губење на време и безпотребно болење на раката. Сите зборови се напишани под ОГРОМЕН излив на емоции и сите донесени одлуки се грешни!
И зашто да се потсетувам на глупави секојдневни работи?? Ако навистина сум требала да се сеќавам на тие работи, мојата меморија би ги запамтила. Ама, не биле толку вредни и не ги запамтила, туку стојат како нафрлани зборови без врска...