Дневник

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Дали сте воделе некогаш дневник? Што мислите дали е тоа добар вентил за исфрлање емоциите или не?
Обично девојчињата се оние кои пишуваат дневници, ретко да се сретне машко кое што го прави тоа.

Јас инаку водев дневник од петто одделение до трета година средно и најубаво се чувствував кога ќе се изнапишев се што ми лежи на душа, баш си го доживував како вентил. Плус многу спомени остануваат запишани внатре.
На пример вчера си го најдов дневникот од 2/3 година и се смеев, баш гледав што сум пишувала и си се расположив, си евоцирав спомени од тој период.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
Иако не бев некој по пишувањето (ако случајно некој набаса на мојот ракопис ќе мора да вика форензичари да го дешифрираат) си правев дневник во мозокот се до пред 2-3 години (последниве години почна меморијата да ме лаже - некои работи ги промашувам во месеци). Никако не можам да се натерам тоа да го ставам на хартија (добро де и на компјутер). А баш добра ствар е, па после се потсетуваш на старите времиња...А најдобра ствар е кога ќе налеташ на дневникот на некоја блиска личност :zlo:
 

Drama Queen

Sky Catcher
Член од
2 септември 2007
Мислења
1.739
Поени од реакции
64
Auuuu,vodev dnevnik do pred 5,6 meseci...go ikmav 2 godini ama mojot brat idiot go najde i mi go procita cel,ko kniga,strana po strana!i od togas nejkam da pisuvam,pamtam....:pipi:
 

Маца_мк

♫♥good girl gone bad♥♫
Член од
13 февруари 2007
Мислења
6.421
Поени од реакции
464
ауу,леле колку пишував дневник..купував специјален,нејќев да пишувам во тетратка или слично:)имам еден преубав ама не е допишан од проста причина што пред 2 год.сакајќи да го скријам на најтајното место за да не може никој да го најде,кога го барав ни јас не можев да го најдам затоа што не ми текнуваше кај сум го скрила:)
сепак на крај,сестра ми ми го најде,и сакав се што се имаше случено во меѓувреме(побитното,сепак помина повеќе од година)да го запишам,ама се ме мрзеше да седнам...
баш го читав пред некој ден,првиот дневник од негде седмо одд.,ми евоцираа спомени и си се смеев..
сакам да пишувам,да се испразнам,ама се некако неам време
тенк ју крејзи што ме потсети,баш ќе пишам сега:pipi:

п.с.саладин мноогу е лошо да читаш туѓ дневник,освен ако не ти дозволи таа личност:):lollipop:
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
п.с.саладин мноогу е лошо да читаш туѓ дневник,освен ако не ти дозволи таа личност:lollipop:
Апсолутно се сложувам со тебе - голем поборник сум за приватноста и како таква ја почитувам до крајни граници, туку зборот ми беше, пред некој ден баба ми ми го даде дневникот на нејзиниот татко (воено лице од 1 светска војна) баш интересно кажуваше таму за тоа како се одвивало бегањето до Крф гледано од очите на прадедо ми.
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Дневник пишував порано некаде во средно тие 2-3 години кога ми беше многу тешко и никој не ме разбираше и не сакав луѓето да ги мачам со мои проблеми и пишував дневник. Сега кога ќе прочитам што сум пишувала уф ми доаѓа да врискам од бол, затоа ги скрив тетратките некаде каде ни јас самата неможам да ги најдам. Секој детал е пишуван во тој дневник, имаше посебно име и се викаше Леона, хах што ти не ќе ти текне во тие години. Али сега не пишувам, тоа пишување го насочив кон песни и раскази.
 

Antagonist

Systematic Victory
Член од
7 април 2007
Мислења
842
Поени од реакции
41
да да , напишав две страни .....и никогаш повеќе не ми текна да пишувам....
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
E морам да пишам на темава. Никогаш, ама никогаш не сум имал желба да пишувам дневник. Некако ме мрзи, побрзо би зел да прочитам некоја солидна книга отколку да пишувам. Инаку за пишување можам да пишувам податоци за она што ме интересира. Колите во детали можам да ги опишам :)
 

kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
во средно решив на компјутер ќе пишувам... пишав едно 3 реченици, ми се виде геј и прекинав.
пак-не.
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Дали сте воделе некогаш дневник?Што мислите дали е тоа добар вентил за исфрлање емоциите или не?
Обично девојчињата се оние кои пишуваат дневници,ретко да се сретне машко кое што го прави тоа.
Обожавам дневници, тоа е најперсоналната работа на еден човек, сите интимни мисли, емоции, се што си ти навистина помеѓу две корици.
Да, водам дневник од крајот на седмо одделение, за мене тоа е еден вид на потврдување на теоријата со пракса, со него можам да видам, каде сум била, која сум била, колку плановите ми се оствариле.
 
M

**MEMORY**

Гостин
Водев дневник во осмо па после пак во втора година средно. Секогаш кога и да ги читам, ми се враќа се` што ми се случувало тогаш. Со една другарка во средно си имавме едно дневниче кај што имавме пишувано апсолутно за се`... школо, љубов, друштво... Баш пред 2 дена го читавме... се убивме од смеење. Убаво е кога има нешто што барем за кратко може да не врати во најубавиот период од животот и да ни ги долови сите лудости од тогаш. Сега немам размислувано за тоа... ама штознам, може да почнам да се излеснувам во некој тефтер...
 

--**ЕмА**--

take me as i am
Член од
14 ноември 2007
Мислења
380
Поени од реакции
11
отсекогаш сум пишувала освен сеа зошто се празнам преку пишување поезија или некој кратки не сватливи текстови , страв ми е мојте да не ми го најдат , баш пред некој ден го читав дневникот од второ одд ЛЕЛЕ СМЕШКИ , на секоја страна имам пишувано Ема и Филип ( на прва страна ) Ема и Стефан ( на втора страна ) на трета страна црна машна бела ташна пукни стефан друг сум нашла :pos2: и на следната Ема и Аце и на следна мастика џвакам Аце го сакам , балонче правам , извини те заебавам :pos2:
а најсмешно , кај секој имам пишувано СЕГА СУМ НАВИСТИНА ЗАЉУБЕНА :tapp: :zver: :pos:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Дневник пишував порано некаде во средно тие 2-3 години кога ми беше многу тешко и никој не ме разбираше и не сакав луѓето да ги мачам со мои проблеми и пишував дневник. Сега кога ќе прочитам што сум пишувала уф ми доаѓа да врискам од бол, затоа ги скрив тетратките некаде каде ни јас самата неможам да ги најдам. Секој детал е пишуван во тој дневник, имаше посебно име и се викаше Леона, хах што ти не ќе ти текне во тие години. Али сега не пишувам, тоа пишување го насочив кон песни и раскази.
мојот се викаше Анабела.А од каде и како тоа име не ми текнува...треба да побарam во меморијата..:)
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Никогаш не сум пишувала дненик. Имав еднаш таква идеја и не успеав да ја реализирам, а сеуште незнам зошто.
Многу луѓе дневникот навистина го чувствуваат како филтер, како со него да може да бидат најискрени. Јас повеќе сакав да се искажувам лично отколку на хартија. Имав една другарка која пишуваше се во дневникот. Еден ден сестра и го најде и го прочита цел, нормално јас го прочитав пола иако знаев дека е погрешно и дека не треба:kesa:
 
Член од
4 февруари 2007
Мислења
1.640
Поени од реакции
16
Никогаш не сум пишувала дненик. Имав еднаш таква идеја и не успеав да ја реализирам, а сеуште незнам зошто.
Многу луѓе дневникот навистина го чувствуваат како филтер, како со него да може да бидат најискрени. Јас повеќе сакав да се искажувам лично отколку на хартија. Имав една другарка која пишуваше се во дневникот. Еден ден сестра и го најде и го прочита цел, нормално јас го прочитав пола иако знаев дека е погрешно и дека не треба:kesa:

Ни јас никогаш не сум пишувала,а мислам дека и нема да пишувам.Едноставно глупаво ми е да се искажувам на лист хартија...
Неможам да се искажам преку зборови.Си знам што осеќам и немора да покажувам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom