Ограбена куќата на Бојан 13-ка
Непознати сторители токму за времето на концертот на Цеца во Струга ја ограбија куќата на контроверзниот телевизиски водител и манифестациски организатор Бојан Јовановски, повеќе познат под неговото сценско име Бојан 13-ка. Тие оттаму украле шест златници и избегале
Непознати сторители токму за времето на концертот на Цеца во Струга ја ограбија куќата на контроверзниот телевизиски водител и манифестациски организатор Бојан Јовановски, повеќе познат под неговото сценско име Бојан 13-ка. Крадците од семејната куќа на Бојан 13-ка, во сопственост на неговите родители Миле и Јасмина Јовановски, украле шест златници. Кражбата се случила во период меѓу 28 и 30-ти минатиот месец во куќата број 28 на улица "Варшавска", лоцирана веднаш до кафе барот "Голема Змија". Настанот и официјално за вечер го потврди полицијата. Грабежот е извршен на начин што неколку непознати сторители најпрвин го искршиле цилиндерот од влезната врата на куќата, а потоа непречено влегле внатре. По извршениот детален претрес внатре, во ф
иока од регал тие го пронашле и го украле златото. Веднаш, откако семејството Јовановски на 30-ти се вратило од Струга, ја откриле кражбата и случајот околу 17 часот го пријавиле во најблиската полициска станица. На месотото на настанот пристигнале увидни екипи на СВР Скопје, кои го обезбедиле периметарот. Инспектори од одделот "кражби" на скопската полиција извршиле прибирање на отпечатоци и материјални докази од местото на кражбата. Освен тоа, како што налага процедурата во ваквите случаи, извршено е документирање на настанот со земање на искази и изјави од соседи. Во текот на вчерашниот ден Бојан 13-ка, за "Вечер" избегна да го коментира настанот. Единствено нешто што додаде е дега е револтиран оп целата ситуација и дека државата требала да најден начин како да ги зашити јавните личности. Неофицијално, онака како што дознава "Вечер", од своите полициски соговорници, арамиите најверојатно се професионалци во работата. Тие точно знаеле каде се сместени златниците, а воопшто не било никаков проблем ниту времето кога е извршена кражбата. Според многубројните изјави на Бојан и рекламни кампањи во телевизиите и весниците, воопшто, не било проблем да се заклучи дека во куќата подолг период ќе немало никој. Овие досетливи професионални крадци, едноставно, го искористиле моментот што им бил даден на тацна. Повикувајќи се на официјални полициски информации, екипите на скопската полиција активно работеле на случајот регистриран во куќата број 28 на улица "Варшавска". Во тек биле активности и мерки за разрешување на кражбата, бидејќи истрагата што е во тек, била на добар пат и се очекувало скорешно приведување на сторителите.