Дневна доза сеир!

SinisteR.

Is this your homework Larry?
Член од
10 јуни 2011
Мислења
2.823
Поени од реакции
7.033
малку постаро хитче кое шо опева еден историски момент од финалето на светското 2006та
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Сити мол бесплатен за пензионерите во вторник и петок
Собранието на Град Скопје го усвои предлогот на градоначалникот, новооотворениот трговски центар Сити мол во вторник и петок да биде беспплатен за пензионерите. Градските власти со овој потег очекуваат директно да се подобри перцепцијата за куповната моќ на возрасното население.


Со 47 гласа за, 74 против и тројца опрвадано присутни, Собранието на Град Скопје го усвои предлогот на градоначалникот Коце Трајановски, деновите вторник и петок да бидат бесплатни за пензионерите кои ќе го посетат трговскиот центар Сити Мол.
Освен драстичното зајакнување на куповната моќ, со оваа уредба се очекуваат и други бенефити за градскиот живот, како што е растоварување на гужвите во ЈСП во истоимените денови.
Сите пензионери од Скопје во вторниците и петоците ќе можат комплетно бесплатно да го посетат Сити Мол и истовремено, исто така бесплатно, неограничено да ги распрашуваат продавачките што им е најтазе и кога сабајле отвораат.
Како доказ за пенионерскиорт статус ќе биде доволно да се искаже мислење дека ќе се расипе времето бидејќи вртат колената или да се даде некој друг лесен пензионерски пасворд.
Дознаваме дека градот ја разгледува и можноста во останатите денови, барем дел од производите од Сити Мол да бидат ставени на позитивна листа како и предлог закон цените да мора да бидат означени со поголем фонт.
Здружението на пензионерите го поздрави овој потег на град Скопје напоменувајќи дека надлежните треба да посветат особено внимание во Сити мол да не дојде до појава на промаја, која, како што е познато, е причина број 1 за насекираност кај возрасните лица.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom