Тема: Мојот најубав ден на светот во животот
Тешко е да се одлучиш за најубав ден. Ги има толку многу, но сепак мислам дека тоа беше на Ускрс минатата година. Или за Божиќ? Не е важно.
Всушност, зошто е важно кога во секој случај ќе добијам тројка на писмена?
Секогаш добивам тројка, уште од петто одделение. Мислам дека професорката не ги ни чита сите мои задачи...
Сигурен сум во тоа бидејќи неколку пати напишав навистина одлични текстови, па сепак добив тројка.
Ајде да проверам.
Ако ова го чита, професорката некако мора да изреагира. Петка сигурно нема да ми даде. А единица? Тоа би го направила со задволство. Ако ова не е доволно, би рекол дека е една грда, одвратна жена.
И многу глупава!
Како божем Милорад Павиќ е единствен писател на светот. Сигурен сум дека ништо ново нема прочитано во последните десет години.
А колку е само грда!
На крај, сакам да кажам дека тој ден ми беше толку убаво што цела ноќ сонував убави работи!
Добар (3)