Дневен весник "Фокус", од среда во сите трафики!

Статус
Затворена за нови мислења.

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.258
Гарант уште во првиот број Билјана Секуловска ќе се појави од некаде со некоја колумна, Најчевска ќе даде некое интервју за злоупотребата на човековите права и слободи, а Цаца судивката ќе не посоветува како се решаваат судските постапки во Стразбур,,
Не се сомневам дека ке никне и Тања Милевска од некое ќоше од Брисел
Нешто вакво ?
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Истиве овие си плачат како николче е диктаторче и нема слобода на говор и демократија а си отвараат весници со парите на сорос ,значи како се демантираат сами и какви автоголови си даваат тоа е комедија :pos:
 
Член од
21 септември 2011
Мислења
714
Поени од реакции
2.205
Од Среда ке почнеле демек да им биде среќно...ај баш да видиме каква (не)среќа ке имаат:icon_lol:
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.738
Поени од реакции
35.579
Читајте Фокус - за нештата да ви бидат појасни;)
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
Леле сега кога ќе се "распишат" ! Па онака објективно, како никој досега. Ме мрзи премногу да цртам сега но во главата го имам изгледот на насловната страница за во среда.

 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Се во оваа Македонија ќе џвакнам и голтнам, секоја глупост од секој новинар. Ама алергична сум на Б.Секуловска и Латас. Кога и да ги видам.... добивам нагони ,,за по голема нужда,,.
Сега Ива скришум ќе работи... а Латас ќе ја гони.. се прашувам во кое дувло се договараат што да стават утредента како ,,вест на денот,,.

Он:
Не, сериозно, екипава им е Dream Team, се собрале ожалостените, не знам каде Љупчо го нашле... кој при здрав разум нему му дава да каже мислење, може, може, некој анти-македонец, али, Македонец, без оглед дали е за власт, опозиција, незаинтересиран или неопределен, се срами од неговиот лик и дело.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.490
Поени од реакции
24.253
Конечно ќе има кој да ги прави попара вмро-вците и тоа со аргументи и факти...Би сакала и новинарот Зоран Божиновски да се вклучи во тимот на Фокус...
(y)
има голема разлика помеѓу објективен и опозиционен медиум.
ова ке биди А1 на хартија, информации директно од бихаќка, нешто од издризово нешто од атина и брисел.
уште и крајот на кога лисјата ќе паѓаат некако да ја прераскажат во нивна верзија оти нели цело е кога ке има се. онака само за инает на сител и верните гледачи на А1 кои од инает не ја догледаја серијата кај душманите:)
 

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.132
Поени од реакции
801
Весник во кој фигурира Героски мора да биде успешен, тоа го покажал неколку пати. И тоа е неспорно, без оглед дали некој го мрази или го сака...

Добро би било весникот од старт да наметне некој квалитетни новинарски принципи кон кои ќе се придржува и со кои ќе се наметне на читателите.
Фокус отсекогаш важел за нијанса поквалитетно (не премногу квалитетно - само поквалитетно) парче новинарство од останатиот шљам, не верувам дека Младенов безусловно ќе му седне во скут на Бранко. Незнам, можда и сум во грешка.

Во секој случај ќе го купам првиот број, ако ништо друго колку да го видам импресумот, ако се напикани сите А1-новци за жал весникот ќе добие негативен имиџ од старт кој ќе му претставува наковална - како за борба за тираж и публика, така и за пресметка со владините потрчковци. Сега не би требало ова да испадне како (можеби не е прикладна метафората но ќе ја искористам) евреите на Шиндлер, па Героски да ги „згрижи“ своите од медиумите на Рамковски.
Нека има и некои новинари од Перо Наков б.б. Не е тоа проблем, покрај „озлогласените“ таму имаше грст феноменални и луцидни новинари кои не би требало да пропаднат заедно со нивниот бивш газда, но финтата е да не се преслика идеологијата од А1.

Весникот треба да се осмели на искусно уредништво и млади и амбициозни новинарски пера, кои неоптеретени од сопствените гомна од минатото ќе пишуваат критички и објективно за случувањата во земјава.
Нека подигне новинарски стандард. Нека се задржи повеќе на анализите и на разработувањето на суштинските прашања во македонската економија, политика, правниот систем, здравството, образованието... а нека се отргне од секојдневните беспредметни партиски препукувања и булеварските приказни кои не труат низ сегашните медиуми. Нека се изградат во вистински браник на слободата и демократијата, а не во уште еден памфлет весник со некаков скриен интерес.

Им посакувам успех на дечките од Фокус и ќе ги подржувам се до оној момент додека не почуствувам дека нешто почнува да смрди на сино, црвено или пак црно...
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.225
Поени од реакции
34.519
Ај они што се делат на леви и десни ќе разберам, ама што па вие му се замарате толку околу тоа? :)
Мислам, во ред, освен ако работата или платата не ви зависат од тоа...

Бар сега, во времето на интернетот, секој сам си одлучува што ќе чита. Се додека не ми труе некој тајмлајн на Твитер и Фејсбук и додека не замара на форум со лична или партиска пропаганда, без разлика од кој табор доаѓа, јас немам ништо против било кој медиум. Друга работа е тоа што мислам дека стриктно опозициски или стриктно позициски медиуми се тотален промашај е затоа што нив ги чита само нивната сопствена публика. Не очекувајте некој да чита и да размислува подалеку од тоа што што партиските директиви му налагаат. Ама добро, претпоставувам дека таквите медиуми (не зборам конкретно за овој, затоа што сеуште не излегол ни првиот број) постојат само за да ги одржуваат и потпалуваат своите истомисленици... :)

Тоа беше моето мислење, но и појаснување зошто воопшто ништо не ми менува кој, каде и што ќе пишува.
Сепак, полесно е кога ќе сфатите дека медиумите кои ја држат будна власта се од поголема корист на обичните луѓе, отколку тие што само ги промовираат и величаат нивните активности. Едните ги држат будни и ги тераат да се поправат, додека другите само ги заспиваат и ги поттикнуваат на чудни чекори...

Фокус, нека е со среќа :)
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
Лелеле сега ќе фрчат дипломатски дописи од "високи анонимни извори"(читај дада му на Борјан,и внучето Тања).:pos:

А за другиот дел од екипата е страшно и да се помисли,а камо ли да се анализира нивното работење и професионалност.:D

.
.
.
Абе не ми е криво ништо друго освен нивното прикривање и злоуботребување на поимите "демократијата" и "човековите права и слободи"....абе нека си кажат јасно и гласно како Латас,дека си работат за партијата....а не да се лажеме и прикриваме.:coffee:
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Само "Вечер" прифаќам! * Друго!? Ноу тенкс!


* само перверзњаци нема да разберат :)
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
4.601
ова ќе биде огномет бре, од рајот во кој сега живееме (според сител) отидовме под пеколот, каков пекол? пеколот е гола вода за нас, сега ќе измислат нова религиозна застрашувачка установа
--- надополнето: Nov 15, 2011 10:37 AM ---
Прочитај прво што пишува во текстот па после збори...
Он не вика дека Тоше е жив, туку дека се сомнева дека се случила сообраќајната "несреќа"...
Зоран беше прв што имаше газ да го обелодени организираниот криминал во Авард( продукциската куќа на Тоше)...
Наводната сообраќајка се случи под околности, кои сеуште не се разјаснети и има многу отворени прашања околу тоа...

Ај да не бидам оффтопик веќе...
Колку ќе биде цената на Фокус?
Ќе има ли електронско издание? :)
Зоран Божиновски контроверзниот новинар во изјава за хрватските вести на ТВ Нова тврди дека има можност македонската ѕвезда Тоше Проевски да е жив но заштитен во некој манастир од страна на католичката црква.
али си ти сега некоја грешка другарице, али тебе очите те лажат?
ако наводната сообраќајка се случила под сомнителни околности, зошто имаше толку многу статии и детали околусамата сообраќајка? зошто имаше слики од Туарегот? зошто наводната сообраќајка не ја оспорат менаџерката и шоферот? Зошто не прозборат јавно? па менаџерката имаше неколку интервјуа од тогаш, зошто ништо такво не спомна?
иначе продукцијата се викаше фајнал кат а за организираниот криминал сеуште не постојат никакви материјални докази
толку од симпатичните новинари а? саде мозок да се перело, ко да немаат прљава совест за перење.....
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom