Се` што се случува во Хабардовиот центар за Дијанетика и Скинетологија, според моето искуство, е базирано на пари. Од се што нудат како помош, третман, едукација, информација единствено бесплатен е стрес тестот. Ако успеат да те навлечат со "бесплатниот стрес тест" понатака ќе си го платиш, и тоа солидно.
Пред неколку години, некакви едукативни предавања, во времетраење од еден час, им чинеа 100 денари. Доколку "стручни лица" проценат дека ти е потребен третман (а без исклучок ќе), тогаш ти е потребна подолгорочна помош и истата ќе те чини (бар во тоа време) 6000 денари или 100 евра. Ако случајно се зачудиш на висината на износот веднаш има спремен одговор дека парите се сосема ирелевантни во однос на она што ќе го добиеш :uvo: !!!
Иначе од она што го добиваш се се сведува на самопомош (да се самоспознаеш и "саморешиш"), а за 6000 ден. добиваш ментор кој ќе те следи и во моментите кога не ќе знаеш како понатаму, ќе те насочи. Мислам... :helou:
Мене ме интересираше до каде може да отиде човековата алчност, па од таа причина ги прашував и ги знам сите овие работи.
Не знам каква е сега ситуацијата, пошто ова се случуваше пред неколку години. Од сите промени што се случиле до сега очекувам дека би можело да се промени износот на парите, и тоа на подобро :banned:!