1.
Боланца во Дебар (600 денари)
2.
Бајрам во Охрид (близина на меѓуградската,500 денари) 046 269 022
Со снимките што ги имате кај било кој од овие двајца отидете и ако ви кажат операција тогаш сте за операција.
2та се врв од местачи и се
ПРОФИ. Боланца го викаат во бањите за помош, а Бајрам од костозглобно докторите самите идат кај него.
тројца доктори викаат да се оперира коленото, Бајрам виде снимките и кажа нема потреба. Неколку пати кај него и вежби и така бидна.
За тие што можат да вежбаат Фелденкрајс методот е еден од првите и најдобрите - Moshe Feldenkrais
Последните 2 линка идете на нивните канали,има за разни делови.
https://www.youtube.com/watch?v=y6NnVWeJ-nY&index=7&list=PL53A641DCB1BBC246 од 1:10 минута
https://www.youtube.com/watch?v=i9p7_XPK6lM од 2:00 минута.
https://www.youtube.com/watch?v=G-eGo-dJ6po
https://www.youtube.com/watch?v=ed3dw_TPHzQ
Овој од Дебар не го знам ама Бајрам го знам но не ми наплаќаше 500 денари туку колку што ке му оставиш. Јас најчесто 200 -300 . Битно е да се знае дека кусур не враќа

Си имам јас мака со L5 од поодамна од повреда на работа и не дека не ме боли но некако си се навикнуваш и тоа е тоа. И така кај еден кај друг и патот ме однесе и кај Бајрам, ме центрира онака на брзина, станваш како нов што се вика. Напрајвме муабет третиот пат кога бев таму што и како и отворено ми рече дека кај мене нема чаре, тоа е тоа до следниот пат кој може да биди за една недела, месец, година зависи како ке ми се трефни. Исто ми рече дека дискот ми е пукнат ама за сигурно најдобро е да направам магнетна. Така и направив и испадна дека дискот стварно ми е пукнат , докторот ме праша дали дојдов со одење или ме донесоја пошто на снимката ситуацијата изгледаше поприлично сериозна и дека сум на чекор до операција. Ете среќа во несреќа тој што е пукнат пукнат е ама не го фаќа живецот така незгодно па немам такви проблеми како членовите тука туку најчесто имам проблеми дури да се раздвижам или ако седам подолго време па дури да се исправам посебно ако седам на промаја или на ладно. Во полошите ситуации одам малце искривен и навален, ретко многу ретко се движам како спајдермен низ дома, да не речам лазам по ѕидот дури да се исправам. Тогаш правец кај матичниот тоест во случајот Ливанте( кој е од Битола го знае) пошто во мојот случај го прави истото што и Бајрам, го масира грбот или таму еден мускул што е воспален и кој не ти дозволува да се исправиш, ти ја крева полојната со штипење ( каде што е штипнат нервот мускулот или што и да држи таму се слуша еден тап звук или пукање како да крцкаш прсти и наеднаш осеќаш едно големо олеснување ) и тоа е тоа до следното видување. Во глобала 5 мин работа.
Инаку скраја да е во најголем дел од времето сум сосем оперативен, кревам, се движам, трчам , скокам онака баш најнормално.
Појас не носам, еднаш пред години носев, никакви придобивки од него не видов а мака видов дури да го извадам пошто ми се навикна половината на него и ми беше ајде да речам ладно.
И друго што заприметив е дека додека работам физичка работа се чувстувам многу подобро отколку ако залежам. Тогаш можи и со месеци да немам мака. Сега засега барем.