Дијагноза: мала протрузија на L5-S1 пропратена со мала спондилолистеза и силни симптоми на ишијас. Болки кои се уште ги осеќам во помал интензитет.
Земав: Diclofenac, Duloxetine, Neurobion и Dexasonе повремено и дијазепам - битно е да си покриен со оваа терапија за да се прекини circulus vitiousus на мускулните спазми. Значи не заборавајте дека про големи болки, ако може да поднесете Duloxetine, многу помага.
Не можев од кревет да станам, пробав се од Таир, Туран, тракции Промедика, физикална Д-р Ангеловски не знам кој...секоја чест на сите, се обидоа да ми помогнат најдобро што знаат, ме подучуваа што е најдобро (за делот на вежбите за долна кичма им симнувам капа,. Д-р Ангеловски ми препорча пливање како метод за трајно решавање на овој одвратен проблем) ама ќе кажам дека најмногу ми помогна докторката од Тонг да Танг со акупунктура на топлини. Луѓето таму се совршени, смирени, насмени, со волја да помогнат. Им препорачувам на сите што имаат вакви грозни проблеми да одат во таа ординација што се наоѓа кај центарот за странски јазици, да го прочитаат писмото што докторот го има напишано и што се наоѓа на масата во чекалната и во тој дух да легнат на столот за акупунктура.
Кој не верува нека му пркоси на недовербата и нека го проба овој метод час поскоро откако ќе дознае за оваа дијагноза, најмногу што може да изгубите е болката.
Докторката мислам дека се вика Благица колку што успеав да видам од нивните трудови кои беа оставени на масичката во чекалната и жената има магија во себе. Им благодарам и топло ви ги препорачувам на сите!!!!!!!!!!!
Напоменувам дека ова не е реклма, тој што не верува во тоа, нека ми пиши приватна порака ќе му се откријаѓ кој сум и ќе го уверам во тоа дека немам врска со ординацијата и дека не правам реклама, Ви го кажувам моето лично искуство.