Дискусија околу Полицијата

Член од
28 март 2006
Мислења
17.694
Поени од реакции
12.100
Види сега ќе ти кажам на кратко зошто ако треба да ти овјаснам се треба со денови да пишам, дали ти знаеш дека полицаец работи строго по наредба кај е поставен и кај му се дадени задачи, ако имаш нешто за што ти треба полиција барај на 192, за со крадецот и мене да ми влезе крадец дома и ако го фатам треба да го "задржам" додека не дојдат полицајци кои се на работа да го приведат, недај боже да го тепам летам од работа.
Баравте демократија ова е тоа.
чекај сега, ако некој не носи лични документи или си одбрани домот, тоа е казниво? А дремење и нула реакција на полиција на сообраќајка? Понуда од полицаец за тужба од провалник кон сопствениците на предмет на кражба е демократија? Молби до папата, да се раатисаат од шприцеви и игли, тоа е демократија? Или како што велиш законски?
Немој така, браниш валканици на таа професија. А ги има премногу.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2010
Мислења
1.248
Поени од реакции
1.752
чекај сега, дремењето и нула реакција на полиција на сообраќајка, тоа е демократија? Понуда од полицаец за тужба од провалник кон сопствениците на предмет на кражба е демократија? Молби до папата, да се раатисаат од шприцеви и игли, едвам еднаш дојдоа, тоа е демократија?
Закани и малтретирање од некои ликови врз обични граѓани е демократија? Или како што велиш законски?
Немој така, срамота е да ги браниш валканиците на таа професија. А ги има премногу.
Чекај сега од кај знаеш зошто е поставен таму кај што бил, остај муабети за џабе многу е просто барај на 192,за тоа со крадецот дали знаеш дека ако полицаецот го приведе така тепан или со повреди одговорноста е негова, за.се има по некоја причина не е така просто како што ти изгледа
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.694
Поени од реакции
12.100
Чекај сега од кај знаеш зошто е поставен таму кај што бил, остај муабети за џабе многу е просто барај на 192,
сообраќајна полиција во периферна населба, си дреме во кола на бензинска, за што е поставен. Камо увидна, камо записник, камо налог да направам снимка на врат...Па негова должност е да повика полиција и други служби ако треба за сообраќајка. И да го обезбеди тој или негови колеги местото на настанот.
крадецот дали знаеш дека ако полицаецот го приведе така тепан или со повреди одговорноста е негова,
се додека сопствениците/оштетените се обични граѓани, цивилни лица. Ако му се колеги...според кој закон цивил не смее да се брани себеси и имотот, а полицаец смее?
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2010
Мислења
1.248
Поени од реакции
1.752
сообраќајна полиција во периферна населба, си дреме во кола на бензинска, за што е поставен, да ги чува гробиштата? Камо увидна, камо записник, камо налог да направам снимка на врат...Па негова должност е да повика полиција и други служби ако треба за сообраќајка. И да го обезбеди тој или негови колеги местото на настанот.
се додека сопствениците/оштетените се обични граѓани, цивилни лица. Ако му се колеги...според кој закон цивил не смее да се брани себеси и имотот, а полицаец смее?
Секакви задачи има во текот на смената од поминување на делегација па се до забележување на некое возило кое се бара, абе ти кажувам многу лесно е, само ке бараш на 192 ке ти пратат друга служба ако е таа зафатена, ако се.жалиш на повреди ке те упатат во болница.
Полицаец има некои овластувања кои обичниот граѓанин ги нема, тоа е со закон така одредено, и за тие овластувања ако го злоупотреби сам сноси одговорност, полицаецот е должен да го брани својот и животот на граѓаните.
Во случајот што го наведе, фатен е крадецот, да, епа има суд ќе му се суди, не сме арабија па ќе го каменуваме сега.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.694
Поени од реакции
12.100
Секакви задачи има во текот на смената од поминување на делегација па се до забележување на некое возило кое се бара, абе ти кажувам многу лесно е, само ке бараш на 192 ке ти пратат друга служба ако е таа зафатена, ако се.жалиш на повреди ке те упатат во болница.
По закон не е така. Во 7 наутро, делегации накај гробишта нема, чека да му заврши смена. Сега да не влагаме у филмови дека е андеркавер со униформа у полициско возило, значи го крши законот во старт за обезбедување по неколку членови.
Полицаец има некои овластувања кои обичниот граѓанин ги нема, тоа е со закон така одредено, и за тие овластувања ако го злоупотреби сам сноси одговорност
нема од кого да сноси одговорност, све тоа партиско и со врски, може да сноси одговорност оној кој го пријавил, друго ништо. А овластувањата ги користи зависно од потребите.
полицаецот е должен да го брани својот и животот на граѓаните.
така треба да биде ама така не е.
Во секој случај, постои распашана команда, непочитување на закони и овластувања и нула реакција според истите закони. И оној мал % ок полицајци со тек на време мора да се прилагодат на другите кои се какви што се инаку ќе си имаат проблем. Секоја чест на исклучоци.
И не се натегам повеќе, нема цел муабетов. Нит сум од Шведска дојден нит сум од вчера роден.
 
Последно уредено:

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.136
Поени од реакции
18.135
Дали е "по закон" да те запрат сообраќајци со претрчување на спротивна лента од каде се паркирани?
Ситуација еден - без вртење дали зад нив идат возила?
Ситуација два - ај сврти ја колата до нашава паркирај (значи преку две ленти, од спротива)?
 
Зошто да не може да те сопре од спротивна лента ?
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377
Зошто да не може да те сопре од спротивна лента ?
Па како ќе оствари контакт со тебе џандарот без да направи прекршок? Или ќе се довикувате преку улица? :icon_lol:
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.389
Поени од реакции
20.047
Дали смее џандар да те испрашува на сред пат? Во смисла си одиш на работа или се шеташ по улица и од никаде ти излегува џандар и почнува да те прашува каде работиш, каде одиш ова она?

Не ми се случило ова но би сакал да си ги знам правата.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.704
Поени од реакции
38.916

па нормално дека може затоа е полицаец, но сигурно нема да те замара никој беспотреба. У случај да те легитимира побарај адвокат па он ќе ти ги каже правата :icon_lol:
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.389
Поени од реакции
20.047
па нормално дека може затоа е полицаец, но сигурно нема да те замара никој беспотреба. У случај да те легитимира побарај адвокат па он ќе ти ги каже правата :icon_lol:
Не мислам на легитимирање, тоа е апсолутно негово право. Мислам на прашување за твои приватни работи како на пример каде работиш, дали си во врска, роднини итн. Поточно, он/а може да прашува за се и сешто но дали може да одбијам да му одговорам на некои прашања (кои ги спомнав горе)?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.704
Поени од реакции
38.916
Не мислам на легитимирање, тоа е апсолутно негово право. Мислам на прашување за твои приватни работи како на пример каде работиш, дали си во врска, роднини итн. Поточно, он/а може да прашува за се и сешто но дали може да одбијам да му одговорам на некои прашања (кои ги спомнав горе)?
никој нема да те прашува тоа
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.389
Поени од реакции
20.047
никој нема да те прашува тоа
Прашувам бидејќи имаше член пред неколку страни кој кажа дека нешто слично се случило со мајка му која работела на клиника па ја барале после да им заврши работа.

Но во ред, најверојатно лошо сум прочитал или па ситуацијата била поинаква.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom