Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

mister blue

Infinity, Eternity, Immortality, Everything...
Член од
4 февруари 2013
Мислења
249
Поени од реакции
96
Секако, човекот (@mister blue ) точно погаѓа само кога греши.
МИКИ1 имам добар предлог за тебе, треба да се бориш за во Македонија да биде воведен шеријатски устав, шеријатот да биде закон во нашата држава и со тоа автоматски и твојата религија ке биде заштитена од “религијска навреда“ како што е случај во Саудиска Арабија, Иран, Пакистан,
Авганистан, Индонезија, Малезија.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Ако си слеп, барај наочари, леќи, тегли, твој проблем. Одговор има, дали ти одговара или не, не е мој проблем:
Еве, јас сум слеп, не ја гледам Телемската вистина, па дај докажи ми дека постои, и јас уште вечерва ќе се зачленам у ОТО.

Само да те потсетам за критериумот за утврдување вистина, кој самиот го наведуваш:

„...Ако видам доказ за одредено тврдење, истото ќе го сметам за вистина...„.
 
Член од
5 мај 2016
Мислења
1.330
Поени од реакции
854
Јас би сакала да се направи некоја јавна анкета меѓу народов и да се види колку всушност имаат познавање за телемата, што е тоа уствари!
Гарантирам дека сите ќе креваат раменици и нема да знаат да одговорат.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.669
Поени од реакции
11.710
Само за тебе: http://sekhetmaat.com/wiki/Documents/The_Antecedents_of_Thelema

А и Адвентистите не се ништо подобри во новиот еон. 1888 година веќе и тие гледаат дека прави што ти е волја и љубовта се поврзани - но сеуште не знаат како бидејќи храброст треба да се излезе од удобната зона на верувањето!
Човештвото оди нанапред во етапи - и дури и тогаш има крвопролевање. Чудни сме ние, луѓето.

P.S.
„Do what thou wilt shall be the whole of the Law“ како стих 40 од Поглавје I од „Книгата на Законот“, како и
„Love is the law, love under will“ како стих 56 од Поглавје I од „Книгата на Законот“

се далеку поразлични од она што се зборувало и учело во стариот еон.

Во стихот AL, I:56 дури стои и ова:
„И не дозволете им на будалите погрешно да ја сфатат љубовта; зашто има љубов и љубов.
Постои гулаб, и постои змија. Одберете добро!
Тој, мојот пророк, одбра, познавајќи го законот на тврдината и големата мистерија на Божјата Куќа.
Сите овие стари букви од мојата Книга се правилни; но צ (Цади) не е Ѕвездата.
Тоа исто така е тајна: мојот пророк ќе им ја открие на мудрите.“


Постојат коментари на „Книгата на Законот“ позната како „Законот е за Сите“ каде што има објаснувања доволно за неиницираниот да знае отприлика што означуваат симболите. За да не се направи збрка. Помини на штандот на АЛЕФ - Скопје и земи ја книгата, нема да ти наштети секако, а ќе знаеш повеќе :)

[DOUBLEPOST=1491513249][/DOUBLEPOST]
Јас би сакала да се направи некоја јавна анкета меѓу народов и да се види колку всушност имаат познавање за телемата, што е тоа уствари!
Гарантирам дека сите ќе креваат раменици и нема да знаат да одговорат.
True story :)
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Еве, јас сум слеп, не ја гледам Телемската вистина, па дај докажи ми дека постои, и јас уште вечерва ќе се зачленам у ОТО.

Само да те потсетам за критериумот за утврдување вистина, кој самиот го наведуваш:

„...Ако видам доказ за одредено тврдење, истото ќе го сметам за вистина...„.
Па во сите мои дијалози со тебе имаше докази, аргументи и факти, ама ти одбиваш да ги видиш. Телемата не промовира надприродни суштества или особини, секој поим се однесува на дел од човечката природа. На пример што е чиста или вистинска волја беше безброј пати објаснето преку примерот со сликање. Што е магика беше објаснето преку дефиниции и теореми. Што е јога беше објаснето преку примери и методи за изведување на истата.... Можам вака да продолжам до утре. Никаде нема џинови, демони, змејови и слично во буквална смисла!

P.S. Побргу ќе се обесам гол на плоштад, отколку ти да се зачлениш во ОТО. Милијарди да ми нудат, не би прифатил такво нешто.[DOUBLEPOST=1491513613][/DOUBLEPOST]
Јас би сакала да се направи некоја јавна анкета меѓу народов и да се види колку всушност имаат познавање за телемата, што е тоа уствари!
Гарантирам дека сите ќе креваат раменици и нема да знаат да одговорат.
Направи успат и анкета за тоа што се лимеси или тригонометрија, подеднаков број на дигнати рамена ќе најдеш. Е сега ако дигнатите рамена се репер за вредност, тогаш ќе испадне дека тригонометријата е безвредна.
 
Последно уредено:
Член од
5 мај 2016
Мислења
1.330
Поени од реакции
854
Па во сите мои дијалози со тебе имаше докази, аргументи и факти, ама ти одбиваш да ги видиш. Телемата не промовира надприродни суштества или особини, секој поим се однесува на дел од човечката природа. На пример што е чиста или вистинска волја беше безброј пати објаснето преку примерот со сликање. Што е магика беше објаснето преку дефиниции и теореми. Што е јога беше објаснето преку примери и методи за изведување на истата.... Можам вака да продолжам до утре. Никаде нема џинови, демони, змејови и слично во буквална смисла![DOUBLEPOST=1491513613][/DOUBLEPOST]
Направи успат и анкета за тоа што се лимеси или тригонометрија, подеднаков број на дигнати рамена ќе најдеш. Е сега ако дигнатите рамена се репер за вредност, тогаш ќе испадне дека тригонометријата е безвредна.
Воопшто не ти е добра компарацијата, кај ти текна само таква глупост..едново се учи во школо и сите ја знаат а телемата никаде не се спомнува, освен овде на форумиве каде што ти и Хепта ја "рекламирате".
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Па во сите мои дијалози со тебе имаше докази, аргументи и факти, ама ти одбиваш да ги видиш. Телемата не промовира надприродни суштества или особини, секој поим се однесува на дел од човечката природа. На пример што е чиста или вистинска волја беше безброј пати објаснето преку примерот со сликање. Што е магика беше објаснето преку дефиниции и теореми. Што е јога беше објаснето преку примери и методи за изведување на истата.... Можам вака да продолжам до утре. Никаде нема џинови, демони, змејови и слично во буквална смисла!
Полека, кочи...

За слободната волја, веќе видов дека не знаеш „што е„.
За вистината, веќе знам дека не ја знаеш, оти не си ја видел-толку од докажувањето за постоење на Телемската вистина.

И пак продолжуваш со „негативна исповест„, што не предмет за кој те прашувам.

Да се вратиме на почетокот; изнеси ми докази за постоењето на Телемската вистина и уште вечерва се зачленуем у ОТО.
 
Член од
5 мај 2016
Мислења
1.330
Поени од реакции
854
Полека, кочи...

За слободната волја, веќе видов дека не знаеш „што е„.
За вистината, веќе знам дека не ја знаеш, оти не си ја видел-толку од докажувањето за постоење на Телемската вистина.

И пак продолжуваш со „негативна исповест„, што не предмет за кој те прашувам.

Да се вратиме на почетокот; изнеси ми докази за постоењето на Телемската вистина и уште вечерва се зачленуем у ОТО.
Немаш шанси ти да се зачлениш во ОТО, ти треба препорака...а богами, не ми се верува дека некој од браќава ќе ти ја даде:)
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Воопшто не ти е добра компарацијата, кај ти текна само таква глупост..едново се учи во школо и сите ја знаат а телемата никаде не се спомнува, освен овде на форумиве каде што ти и Хепта ја "рекламирате".
Итекако си е таман компарацијата. Ете, направи анкета за тоа што се лимеси, да видиш колку луѓе ќе знаат. На крај краеви немора да се работи за математика, еве нека биде анкета за квантна физика! Поентата е дека има милион битни нешта за кои што мнозинството не е свесно! Да беше репер за вредност популарноста, најголема вредност ќе имаа турските серии, фарма, велики брат и слично.
И не е точно дека јас и Хепта сме рекламирале! Јас само реагирам на невистините и клеветите што се пласираат овде! Нити сум убедувал било кого да биде телемит, нити ќе убедувам!
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.669
Поени од реакции
11.710
Но направи анкета кој е Кроули и ќе видеш размисли дадени заради глупости читнато од портали на нет :)
Никој не сака да чита и студира за одредена ствар, се мора да е брзо денес...

Не треба масовност за Телема. Телемата не е религија за широките маси, како што беа религиите во стариот еон...

Тој што има потреба од Телема и нејзините зраци кои доаѓаат од Законот - ја наоѓаат истата...

Јас, не „рекламирам“ Телема. Јас ве запознавам и ви давам линкови и книги кој сака и мисли дека треба, да научи нешто и тој. :)
А и тоа го правам онака како што јас мислам дека треба и како јас сум разбрал преку учење и искуство.

Така да глупо ти е ова „рекламираме“ Телема.
[DOUBLEPOST=1491514910][/DOUBLEPOST]
Немаш шанси ти да се зачлениш во ОТО, ти треба препорака...а богами, не ми се верува дека некој од браќава ќе ти ја даде:)
Ете, гледаш - си научила нешто ти за О.Т.О. :)
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Полека, кочи...

За слободната волја, веќе видов дека не знаеш „што е„.
За вистината, веќе знам дека не ја знаеш, оти не си ја видел-толку од докажувањето за постоење на Телемската вистина.

И пак продолжуваш со „негативна исповест„, што не предмет за кој те прашувам.

Да се вратиме на почетокот; изнеси ми докази за постоењето на Телемската вистина и уште вечерва се зачленуем у ОТО.
Тешка глупост! Итекако си побиен по сите основи кога се работи за слободната волја! Таа е само можност да се бира! Православието нема авторски права над нешто кое е особина и на верници и на атеисти и на окултисти! Неможе за аргумент да користиш кованици што се темелат на слепа верба!

Слична е ситуацијата и со вистината! Со цел памет очекуваш да прогласиш лик од твојата религија за вистина, да трупнеш глупост дека вистината имала име и била човек и да ги отфрлаш сите аргументи што не се согласуваат со таквата глупост како лажни...

За последниов дел, да ти повторам:
P.S. Побргу ќе се обесам гол на плоштад, отколку ти да се зачлениш во ОТО. Милијарди да ми нудат, не би прифатил такво нешто.
 
Член од
5 мај 2016
Мислења
1.330
Поени од реакции
854
Но направи анкета кој е Кроули и ќе видеш размисли дадени заради глупости читнато од портали на нет :)
Никој не сака да чита и студира за одредена ствар, се мора да е брзо денес...

Не треба масовност за Телема. Телемата не е религија за широките маси, како што беа религиите во стариот еон...

Тој што има потреба од Телема и нејзините зраци кои доаѓаат од Законот - ја наоѓаат истата...

Јас, не „рекламирам“ Телема. Јас ве запознавам и ви давам линкови и книги кој сака и мисли дека треба, да научи нешто и тој. :)
А и тоа го правам онака како што јас мислам дека треба и како јас сум разбрал преку учење и искуство.

Така да глупо ти е ова „рекламираме“ Телема.
Во право си, не ми текна на посоодветен збор од рекламирање(па затоа и го ставив во поднаводници)...извини ако Ве навредив.
факт е дека сте анонимуси и факт за мене е дека првпат овде на форумов се запознав со Телема.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.669
Поени од реакции
11.710
Во право си, не ми текна на посоодветен збор од рекламирање(па затоа и го ставив во поднаводници)...извини ако Ве навредив.
факт е дека сте анонимуси и факт за мене е дека првпат овде на форумов се запознав со Телема.
Секој на различни места и преку различна форма се запознава со нови работи - нема ништо чудно во сето тоа...

Од секогаш сум велел дека освен од форумов, многу е помудро да се прочита оригиналната размисла, а не да се чита што јас или било кој друг ќе кажеме за Кроули, Телема, О.Т.О., иницијација итн итн...

Некои се, некои не се анонимуси... секој сам избира. Факт е само дека секакви будали има на овие наши форуми. Не ми требаат будали да ме заморуваат и во реалниот живот, надвор од форумов.
 
Последно уредено:

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Тешка глупост! Итекако си побиен по сите основи кога се работи за слободната волја! Таа е само можност да се бира! Православието нема авторски права над нешто кое е особина и на верници и на атеисти и на окултисти! Неможе за аргумент да користиш кованици што се темелат на слепа верба!
Јас ти опишав прилично детаљно „што е„ слободната волја според мојата вероисповест, а ти непрекидно повторуваш дека слободната волја е „нешто„, ама не е „ништо„ конкретно.

Можеш да си ласкаш дека си ме побил, но побивањето и детаљноста во описот се од мене дадени, а не од тебе.[DOUBLEPOST=1491516457][/DOUBLEPOST]
Слична е ситуацијата и со вистината! Со цел памет очекуваш да прогласиш лик од твојата религија за вистина, да трупнеш глупост дека вистината имала име и била човек и да ги отфрлаш сите аргументи што не се согласуваат со таквата глупост како лажни...
:
Да, вистината има име и е „нешто„ кокретно, од проста причина; ако вистината не е нешто конкретно и постоечко, тогаш трагачот по вистината нема ниту да најде нешто конкретно.

Затоа, како и во случајот со словодноволноста, не можеш да наведеш ништо конкретно.[DOUBLEPOST=1491516555][/DOUBLEPOST]
За последниов дел, да ти повторам:
Ајде де, ваљда ќе доживеам да го видам и цитираниот настан.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Јас ти опишав прилично детаљно „што е„ слободната волја според мојата вероисповест, а ти непрекидно повторуваш дека слободната волја е „нешто„, ама не е „ништо„ конкретно.

Можеш да си ласкаш дека си ме побил, но побивањето и детаљноста во описот се од мене дадени, а не од тебе.
Епа видиш, слободната волја не е ексклузивитет на твојата вера! Неможе да земеш концепт или поим што е дел од сите луѓе и да му залепиш ,,авторски права" врз основа на верување. Белото е бело без разлика дали според твоето верување ќе биде црно или розево!
Да, вистината има име и е „нешто„ кокретно, од проста причина; ако вистината не е нешто конкретно и постоечко, тогаш трагачот по вистината нема ниту да најде нешто конкретно.

Затоа, како и во случајот со словодноволноста, не можеш да наведеш ништо конкретно.
Па вистината не е нешто конкретно! Тешка глупост е да веруваш дека поим како што е вистина, има име! Вистината е реално, точно воочување на одредена работа, област, случка! За да биде конкретна, треба да се посочи конкретната област, случка, работа! Ова се работи што и дете од пет години ги сваќа без проблем, а сепак ти со години верглаш една иста глупост за тоа дека Вистината е личност од твоето верување! И потоа поставуваш прашање и ,,точноста" ја гледаш дали одговорот се совпаѓа со твојата заблуда!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom