Потребно е секој поединец да си го сработи делот ако сакаме каранфили или лотуси, како и чист воздух... сето ова зависи од обединување на човештвото, поголема свесност и разбирање на поединецот дека не е сам на Земјата, дека ако неговото верување го уништува патот на другиот треба да размисли кај тргнал и со која цел, а не целото човештво да е поделено на база на религии и верувања и кој најубаво верува во неговиот свет... сопствениот свет на Земјата е ништо во однос на бесконечноста.
Настапен е новиот еон, но луѓето по инерција сеуште бираат на власт луѓе кои се држат до старите религии и догми. Затоа е и вака...
Знам дека луѓето очекуваат да трепнеме со окото или да се разбудиме во нов прекрасен свет туку така...
Потребно е секој поединец да си го сработи делот ако сакаме каранфили или лотуси, како и чист воздух... сето ова зависи од обединување на човештвото, поголема свесност и разбирање на поединецот дека не е сам на Земјата, дека ако неговото верување го уништува патот на другиот треба да размисли кај тргнал и со која цел, а не целото човештво да е поделено на база на религии и верувања и кој најубаво верува во неговиот свет... сопствениот свет на Земјата е ништо во однос на бесконечноста.
Очигледно е дека Синот Божни не Е „доволен„ за обединување на човештвото. Но, Он веќе ни најави дека после Него ќе дојде „друг„ кој ќе глуми „обединувач„.
Очигледно е дека Синот Божни не Е „доволен„ за обединување на човештвото. Но, Он веќе ни најави дека после Него ќе дојде „друг„ кој ќе глуми „обединувач„.
Ами јас што зборам? Исус дојде да донесе поделба и меч... исламот исто... ти сега ми ги повторуваш муабетите, ок е - го знам јас тоа!
Глумењето обединување не помага никому... глумењето доаѓа од верувањето дека нештата се онакви какви што сакаме да ги прикажеме пред некој... лажење во фина форма!
Нема глумење, нема верување - само практична примена меѓу луѓето. И порано зборував дека на почеток се започнува со верување, но ако остане само на тоа бидејќи ни е лесно да мастурбираме и да се задоволуваме дека нештата се баш како што ние мислиме дека се, без да сакаме и имаме искуство и знаења, разбирање за другите - што фалус со тоа? Простачко анимално самозадоволување полно со страв што има надвор од верувањето, во човештвото... помеѓу живите!
Да се знае кој кај му е местото... тогаш е најдобро.
Едни ѕвезди привлекуваат повеќе од другите, разни ѕвезди се соединуваат со други и градат прекрасни соѕвездија... но во догматските учења е забрането групирање во соѕвездија ако тоа се коси со догмата, колку и да се добри соѕвездијата, дури и кога ѕвездите го имаат совршениот пат по кој се движат - догматиците креваат прст и креваат врева и сатанизираат...
Што е пракса со векови... не знам колку ќе има влијание тоа денес, таквото злокобно глаголање...
Според мене, ништо слично како старците и јагнецот и пеење во бесконечноста песници и надворешно обожување! НИту пак девици и слични земски глупости што ги имаме собрано од искуството меѓу луѓето. Премногу човечки ствари има во сето тоа - не оди така со боговите мислам... нели?
Дечко, па ти не правиш разлика помеѓу атеизам и агностицизам. Атеистите веруваат дека не постои Бог, ние агностиците не кажуваме дека веруваме туку дека не е возможно да утврдиш дека Бог постои и обратно, дека Бог не постои.
Најрационално е човека да се држи до Агностицизам.
Едно нешто е сигурно, дека Христијанскиот и Исламскиот Бог сигурно не постојат во таква форма каква што е сфатена од просечните верници.Околу оваа проблематика сум милион посто сигурен.
Можеш свои правила да си создадеш без притоа да им наштетуваш на другите.Не мора 10-те божји или било кој други.
Така стануваш само една ефтина копија на се останато кое живеело пред тебе.
Можеш свои правила да си создадеш без притоа да им наштетуваш на другите.Не мора 10-те божји или било кој други.
Така стануваш само една ефтина копија на се останато кое живеело пред тебе.
Атеисти по дефиниција сте штом не веруваш во ниеден бог. Агностицизмот нема врска со дихотомијата теист/атеист. И не се исклучиви. Може да си атеист агностик. Што е тогаш гностик според твоиве грешни дефиниции?
Атеисти по дефиниција сте штом не веруваш во ниеден бог. Агностицизмот нема врска со дихотомијата теист/атеист. И не се исклучиви. Може да си атеист агностик.
Па како да верувам во нешто што не го знам? Не знаеме дали тоа нешто постои, а особено не знаеме дали е едно или се состои од повеќе моќни нешта. Можеби има повеќе богови, можеби тој Бог се протега насекаде или можеби има добро утврдена форма и не е неограничен. Не можеш да кажеш дека сме атеисти, затоа што за разлика од нас, атеистите се УВЕРЕНИ дека Бог не постои, а некои дури тврдат дека имаат ДОКАЗИ за таа теза. Да, може да си атеист агностик, но може и да си чисто агностичен. Едно нешто е сигурно дека ние агностиците не веруваме воопшто во боговите од вашите измислени религии. Имаш 3000+ религии што веруваат во сешто, а повеќето тврдат дека нивните се вистински, а другите се лажни. Сите религии се измислици и се измислувале со цел владеење врз народите и со цел да се истиснат неморалните активности. На пример ако имаш лопов и воведеш закон дека крадењето е страшно, тој нема да те слуша зошто не се плаши од тебе. Но ако измислиш некакво супер суштетство кое џитка лоши луѓе ко него во пекол со температури повисоки од Сонцето, тогаш сериозно ќе се исплаши. Ете за тоа служи религијата. Бројот на нерелигиозни луѓе е предвидено енормно да расте, но сепак Исламот сè уште ќе доминира додека на крај и тој не биде истиснат и пополека луѓето да се вратат во своите фабрички подесувања, т.е. да станат слободни пак и да ги уништат прангите од религиите кои ги уназадувале и ги држеле во затвор.
Ова ти е грешката. Неточна дефиниција. Секој кој не верува во бог (ови) е атеист. Погледај во продолжение на репликата што е допишано. не само првата реченица.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.