Христијанството не е идеологија туку е религија.
Религија e систем на верувања и практики кои обично вклучуваат верување во надчовечка контролна моќ што вклучува Бог, богови, божества и така натаму. На кратко, тоа е систем на вера и обожување.
Идеологија е термин кој се користи за да се опише систем на вредности, идеи, ставови, верувања и генерално доктрини кои го обликуваат пристапот во однесување кон политички, економски, социјални, културни и други активности на една личност или организација (на пример : политичка партија, влада, корпорација, НВО итн).
Но сепак ова е многу група поделба, границата е нејасна. Што е разлика помеѓу религија, идеологија и лично мислење? Од друга страна атеизмот иако не е идеологија тежнее да го влече секуларизмот со себе, верува дека религијата не треба да има никаква врска и улога во дневниот живот, политика, економија и така натаму. На крајот од денот, како што напишав претходно, дали Христијанството е идеологија или не е ирелевантно, апсолутно ништо нема да смени во нашава дискусија.