90-дневна диета
Пред да ја започните диетата мора да си поставите за цел посакуваната од вас тежина, но секако бидете реалисти. На почетокот јас си кажав дека би сакала да ослабам 15кг, ослабев 18кг.
Второ - бидите постојани. Ако ја прекинете диетата нема да ги задржите ослабените килограми долго време.
Вежбањето, пешачењето, возењето велосипед, искачувањето скали и слични се препорачителни, но само ако сте спремни за тоа. Не мора да гледате на диетата како нешто тешко и мачно за вас, а како нов начин на живот, ново хоби, клучот кон вашиот посакуван изглед.
1-ви ден - Протеини
МЕСО, РИБА, ЈАЈЦА, МЛЕЧНИ ПРОЗВОДИ - сирење, кашкавал, млеко, павлака, соја.
Тие можат да се комбинират со печурки, краставици, домати, спанак, пиперки, тиквички.
Забрането е мешањето протеини, секои се конзумираат одделно. Например:
1. Само месо
2. Само јајца
3. Само млечни прозводи
Примерно мени:
Појадок: ОВОШЈЕ
(Секогаш на појадок се конзумира овошје од еден вид - само банана, само јагоди, само цреши и т.н.)
Оброк: Салата домат и краставици со сирење и парче кашкавал ИЛИ свинско месо со зеље
Вечера: Истото на пола.
2-ри ден - Мешунки
ОРИЗ, ГРАВ, ЛЕЌА, КОМПИРИ, ЦАРЕВИЦА
Примерно мени:
Појадок: ОВОШЈЕ
Оброк: Компири на рерна и салата (во салатата слободно ставетеци лажица царевица) ИЛИ грав со салата ИЛИ ориз со зеленчуци
Вечера: Истото на пола.
3-ти ден - Јаглехидрати
Производи кои спаѓаат кон јаглехидрати:
ШЕЌЕР, БРАШНО, ТЕСТЕНИНИ, ШПАГЕТИ, ПИЦА, СЛАДОЛЕД, КОЛАЧИ
Примерно мени:
Појадок: ОВОШЈЕ
Оброк: Шпагети со доматен сос ИЛИ пица со печурки и маслини (без месо!!!)
Вечера: КОЛАААААААААЧИИИИ!!!
Сладолед, палачинка со чоколадо и т.н. со ЗАДОЛЖИТЕЛНО една лентичка ЦРНО ЧОКОЛАДО.
(Јас јадев едно квадратче Lindt 85% какао)
4-ти ден - ОВОШЈЕ/ ЗЕЛЕНЧУК
Целиот ден се јади само овошје или зеленчуци.
Може да се јади на секој два саати, но во салатата не се става зејтин и сол, може сок од лимон.
Може да се конзумираат ореви и слични, но СУРОВИ.
29-ти ден - ВОДЕН ДЕН
Тоа е 29-тиот ден од диетата. Значи кога се исполнети седум вакви 4-ки, 29-тиот ден се пие САМО ВОДА. За време на целата диета има 3 такви денови. После последниот воден ден се прави уште една 4-ка и се завршува.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРАВИЛА:
НАЈБИТНО - СЕКОГАШ деновите одаат во овој ред: Протеини, Мешунки, Јаглехидрати, Овошје.
1.Во диетата не се препорачува пиењето алкохол и газирани пијалоци, пржена храна и т.н.
2. Пиењето свеж џус од овошје е едно јадење.
3. Кафето и чајот се пијат БЕЗ шеќер.
4. Меѓу секое јадење мора да има минимум 3 саати одмор (не важи за 4-тиот ден со овошјето и зеленчуците).[DOUBLEPOST=1402140290][/DOUBLEPOST]P.S.: Се извинувам ако има јазични грешки. Ако нешто не е јасно слободно прашајте.