Нема зошто. Неса, јас не ни знам у која фаза сум. Сакам уште да слабеам, ама не можам без овошје, и малку бев разочарана: симнав 4 кг, па после пак бев 2 плус, па пак 4 минус, никако да мрднам од 4кг помалку. И денес гледам 5 кг!!! Јееее!
Не се откажувајте, ќе имате такви трендови...
Слатата ја јадевме како зајачиња. Зелена салата, без додатоци и да ти кажам, има посебен вкус, не е толку лоша. Ние дури ни сол не стававме. После почнавме да ја зачинуваме со маслиново масло. АКо јадењето е посно сирење и варени јајца, па нема да биде страшно ако се стави малку маслиново масло и оцет.
Готвам јадења од тие книгичките што ги ставив на линкот, а ќе отворам тема да ставам некој рецепт од моиве, иако се’ се варијации на тема посно сирење, пилешко и мисиркино месо , риба...