The King of Clay
Модератор
- Член од
- 28 јануари 2012
- Мислења
- 5.032
- Поени од реакции
- 3.607
Дејвис купот е натпреварување во тенисот во кое учествуваат повеќе репрезентации распределени во повеќе нивоа. Највисоко ниво на натпреварување е светската група ( World Group ), која на почетокот на годината изнесува 16 држави и се игра осминафинале. По принцип на испаѓање, се доаѓа до финалето во кое двете репрезентации се борат за големата титула. Пониско ниво од светската група е првата Евро-африканска зона која има посложен систем од светската група. Најдобрите 4 репрезентации од оваа зона одат во плеј оф каде учествуваат уште најдобрите 2 репрезентации од зоните Азија-Окенианија и Америка. Покрај овие 8 репрезентации во плеј-офот за светската група играат оние репрезентации кои биле поразени во првото коло во светската група во истата година. Поразените во плеј-оф натпреварите се симнуваат едно скалило подолу, во соодветната зона, додека победниците се промовираат како учесници во светската група за наредната година.
Во последните 4 години, на 3 пати шампион беше репрезентацијата на Шпанија, а во 2010. година беше Шампион нашиот северен сосед, Србија победувајќи ги Французите во Белградската Арена.
Титулата за Шпанија во 2008, гостуваа во Буенос Аирес против Аргентина.
Во 2009 година, повторно Шпанија беше шампион, овојпат на домашен терен и во својот состав го имаше Надал кој не беше физички подготвен за испитот една година порано во Аргентина.
Во 2010 беше прекината мини-серијата на Шпанија, Србија го освои Дејвис Купот.
Интересно беше тоа што Србите имаа ветено дека сите ќе ја скратат косата до максимум во случај да победат, тоа и се случи.
И последниот завршен Дејвис Куп, минатата година, Шпанија - Аргентина 3-1. Овој пат во Шпанија бидејќи претходниот дуел помеѓу овие два ривала беше во Аргентина, следниот ќе биде повторно во Аргентина, па во Шпанија итн.
Тоа беше поважното за Дејвис Купот. Сега за Фед купот, скоро идентично натпреварување на Дејвис Купот, но тука се борат жените, исто за своите репрезентации. Тука има две светски групи, World Group I и World Group II.
Фед купот е помалку популарен и затоа мислам дека не се потребни многу информации, доколку има некој возбудлив меч, ќе го коментираме и ќе го анализираме во темата, важно е да се каже дека во првата светска група се играат полуфиналните натпревари. Во Русија ќе гостуваат Србинките, додека Чешка ќе биде домаќин на тенисерките од Италија.
Последниот Фед куп го освои репрезентацијата на Чешка предводена од шампионката на Вимблдон од 2011, Петра Квитова.
Веќе оваа седмица, од петок до недела се играат четвртфиналните дејвис куп натпревари, сите дуели се играат на земја, ретко се случува тоа, но така одлучија домаќините. Го цитирам својот пост од темата Тенис - општа дискусија :
Очекувам одлични мечеви овај викенд, пред се' што повеќе пет-сетерки и драматични натпревари, по можност секој дуел да дојде до неизвесна завршница.Селекторите на Дејвис Куп репрезентациите ги објавија своите состави :
Шпанија - Австрија (земја)
Шпанија (Ферер, Алмагро, Гранољерс и Марк Лопез)
Австрија (Мелцер, Хаидер-Мауер, Пеја и Марах)
Франција - САД (земја)
Франција (Цонга, Монфис, Бенето и Лодра)
САД (Фиш, Иснер, Б.Брајан и М.Брајан)
Чешка - Србија (земја)
Чешка (Бердих,Штепанек,Росол,Чермак)
Србија (Типсаревиќ, Троицки, Лајовиќ и Зимонјиќ)
Аргентина - Хрватска (земја)
Аргентина (Дел Потро, Монако, Налбандијан и Шванк)
Хрватска (Чилиќ, Карловиќ, Веиќ и Зовко)
Значи секаде ќе се игра на земја, баш интересно. Според мене во првиот меч, Шпанија тепа без проблеми. Интересно ќе биде во Франција каде ќе гостува Америка. Иснер имаше некои проблеми со ногата на Мајами, Фиш и не е баш во некоја форма, но ќе игра во четвртфиналето на Мајами. Во Чешка ќе гостува Србија, без Новак, голем хендикеп за Србите. Мислам дека ќе изгубат затоа што Бердих и Штепанек пред своја публика ќе бидат немилосрдни, јас би сакал да се игра финале Србија - Шпанија бидејќи ќе е во Белград па би сакал да го видам Надал во живо, барем еднаш во животот Аргентина - Хрватска, тука Хрватите не ќе видат бел ден наредниот викенд, запомнете што кажав
Во третата европска зона на дејвис купот ќе игра Дејвис Куп репрезентацијата на Македонија.
Минатата година овај турнир се одржуваше во Скопје, Македонија не успеа да ја доврши работата до крај, загуби во последниот дуел против Турција и не успеа да се врати во втората евро-африканска зона.
Оваа година овај турнир ќе биде одржан во соседна Бугарија, во Софија.
Турнирот ќе започне во Понеделник (30. Април) и ќе се натпреваруваат 13 репрезентации :
Албанија
Андора
Ерменија
Бугарија
Грузија
Грција
Исланд
Литванија
Македонија
Малта
Црна Гора
Норвешка
Сан Марино
Овие и не се некои големи тениски сили, домаќинот Бугарија ќе биде голема опасност, го имаат Димитров и мислам дека може да рачунаат на втора евро-африканска зона уште од сега.... ако веќе не си прерачунелe Сеуште не знаеме кој ќе ги брани боите на Македонија, штом се каже, ќе објавам во темата, но мислам дека треба да биде најрано 7 дена пред почетокот на мечевите.