Дејвис куп и Фед куп (натпреварување по држави)

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607
Тука тоа што викаш, се спремаат за на Монте Карло ;)
Шала на страна, си имаат можеби тие семејни проблеми или било што. Кога си видел некој играч константно да игра за било која репрезентација, баш во секое коло.... а и нашиве тенисери играат на турнири во Германија кои не се во АТП програмата и затоа не добиваат бодови, ама си играат за пари што е доста попаметно и поисплатливо од фјучерсите.
 

jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.152
Поени од реакции
2.754
Шала на страна, си имаат можеби тие семејни проблеми или било што. Кога си видел некој играч константно да игра за било која репрезентација, баш во секое коло.... а и нашиве тенисери играат на турнири во Германија кои не се во АТП програмата и затоа не добиваат бодови, ама си играат за пари што е доста попаметно и поисплатливо од фјучерсите.
Каква Германија играат на фјучерс турнири во Грција,Бугарија,Србија со награден фонд од 10.000 до 30.000 долари.
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607
Каква Германија играат на фјучерс турнири во Грција,Бугарија,Србија со награден фонд од 10.000 до 30.000 долари.
Имам праено муабет со еден од нашиве тенисери, така повеќе се исплаќало, секако не одат тие во топ 10 па да им се важни АТП поените.
--- надополнето: 22 април 2012 во 01:56 ---
Иначе викендов се играат Фед Куп натпреварите. После првиот ден, вака се движат резултатите :


Русија 1-1 Србија

Павличенкова - Јанковиќ (4-6 3-6)
Кузњецова - Ивановиќ (6-2 2-6 6-4)

Чешка 2-0 Италија

Сафарова - Скијавоне (7-6 6-1)
Квитова - Ерани (6-4 6-3)

Овие 4 репрезентации играат во светската група број 1, останатите и помалце важни натпревари после првиот ден се движат вака :

fed.jpg
 
Член од
22 март 2009
Мислења
2.356
Поени од реакции
454
Победа на репрезентативките на Србија над Русија 3:2, додека Чешка ја совлада Италија 4:1. На 3 и 4 ноември е закажано финалето во Чешка.
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607
Македонската тениска репрезентација во првиот дуел во групата (Македонија,Ерменија,Црна Гора) ја совлада Ерменија со 3-0.

davis cup.jpg

Утре ќе играат Ерменија и Црна Гора, а во петок Македонија против Црна Гора. Победникот од нашата група ќе игра против еден од победниците од останатите групи во полуфиналето. Доколку победиме и во полуфиналето тогаш во 2013. година ќе играме во втората евро-африканска зона каде што бевме до 2010.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.809
Поени од реакции
15.899
Со Бугарија мислам дека ќе играме ако се избориме за тоа 1/2 финале, а таму ќе не пречека Димитров, каде што нашите тенисери и немаат некои шанси.
Taка да тешко да се избориме за повисок пласман оваа година.
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607
Со Бугарија мислам дека ќе играме ако се избориме за тоа 1/2 финале, а таму ќе не пречека Димитров, каде што нашите тенисери и немаат некои шанси.
Taка да тешко да се избориме за повисок пласман оваа година.
Не знам дали е одредено со кого играме во полуфинале или сепак ќе има ждрепка за тоа откако ќе се дознаат победниците од групите.
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607
Денеска се одигра мечот помеѓу Ерменија и Црна Гора. Со 2-1 победи репрезентацијата на Ерменија која беше поразена со 3-0 вчера од Македонија. Се надеваме дека ова треба да значи лесна победа против Црно Горците па потоа да се фокусираме на големото полуфинале кое може да го врати македонскиот тенис едно скалило погоре.
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607
Македонија се пласира во полуфиналето.

Нашиот најдобар тенисер на сите времиња, Предраг Русевски на својот фејсбук профил напиша дека Деари го совладал Савељич во 2 сета (6-0 6-1), додека Томислав Јотовски бил подобар во вториот меч со 6-2 6-3. За сега е 2-0, во моментот врне дожд во Софија и не може се' уште да стартува дублот. Иначе за утре ќе поставиме линк за пренос на мечот на Димитров против некој од нашите тенисери. Од БНТ изјавија дека ќе го пренусуваат мечот на Димитров, а можеби и останатите 2 но не гарантираат за нив.

Исто така Пецко напиша уште нешто :

" Нашиот Деари е во животна форма, му одговара играта во Софија и е можно изненадување. "
 
L

Löwe

Гостин
Македонија се пласира во полуфиналето.

Нашиот најдобар тенисер на сите времиња, Предраг Русевски на својот фејсбук профил напиша дека Деари го совладал Савељич во 2 сета (6-1 6-2), додека Томислав Јотовски бил подобар во вториот меч со 6-3 6-3. За сега е 2-0, во моментот врне дожд во Софија и не може се' уште да стартува дублот. Иначе за утре ќе поставиме линк за пренос на мечот на Димитров против некој од нашите тенисери. Од БНТ изјавија дека ќе го пренусуваат мечот на Димитров, а можеби и останатите 2 но не гарантираат за нив.

Исто така Пецко напиша уште нешто :

" Нашиот Деари е во животна форма, му одговара играта во Софија и е можно изненадување. "
Читав и јас за тоа на Фејсбук, погрешно мислење сум имал за Деари :P
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.014
Поени од реакции
7.730
е ај нека изненадат тенисерите..
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607
Утре во 10 часот по наше време почнуваат мечевите. На следниот LINK ќе може да ги следите, кој ќе стане обавезно да ја бодри нашата репрезентација пред својот монитор. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom