Дејвис куп и Фед куп (натпреварување по држави)

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607

Дејвис купот е натпреварување во тенисот во кое учествуваат повеќе репрезентации распределени во повеќе нивоа. Највисоко ниво на натпреварување е светската група ( World Group ), која на почетокот на годината изнесува 16 држави и се игра осминафинале. По принцип на испаѓање, се доаѓа до финалето во кое двете репрезентации се борат за големата титула. Пониско ниво од светската група е првата Евро-африканска зона која има посложен систем од светската група. Најдобрите 4 репрезентации од оваа зона одат во плеј оф каде учествуваат уште најдобрите 2 репрезентации од зоните Азија-Окенианија и Америка. Покрај овие 8 репрезентации во плеј-офот за светската група играат оние репрезентации кои биле поразени во првото коло во светската група во истата година. Поразените во плеј-оф натпреварите се симнуваат едно скалило подолу, во соодветната зона, додека победниците се промовираат како учесници во светската група за наредната година.

Во последните 4 години, на 3 пати шампион беше репрезентацијата на Шпанија, а во 2010. година беше Шампион нашиот северен сосед, Србија победувајќи ги Французите во Белградската Арена.

Титулата за Шпанија во 2008, гостуваа во Буенос Аирес против Аргентина.


Во 2009 година, повторно Шпанија беше шампион, овојпат на домашен терен и во својот состав го имаше Надал кој не беше физички подготвен за испитот една година порано во Аргентина.


Во 2010 беше прекината мини-серијата на Шпанија, Србија го освои Дејвис Купот.


Интересно беше тоа што Србите имаа ветено дека сите ќе ја скратат косата до максимум во случај да победат, тоа и се случи. :)

И последниот завршен Дејвис Куп, минатата година, Шпанија - Аргентина 3-1. Овој пат во Шпанија бидејќи претходниот дуел помеѓу овие два ривала беше во Аргентина, следниот ќе биде повторно во Аргентина, па во Шпанија итн.





Тоа беше поважното за Дејвис Купот. Сега за Фед купот, скоро идентично натпреварување на Дејвис Купот, но тука се борат жените, исто за своите репрезентации. Тука има две светски групи, World Group I и World Group II.
Фед купот е помалку популарен и затоа мислам дека не се потребни многу информации, доколку има некој возбудлив меч, ќе го коментираме и ќе го анализираме во темата, важно е да се каже дека во првата светска група се играат полуфиналните натпревари. Во Русија ќе гостуваат Србинките, додека Чешка ќе биде домаќин на тенисерките од Италија.

Последниот Фед куп го освои репрезентацијата на Чешка предводена од шампионката на Вимблдон од 2011, Петра Квитова.



Веќе оваа седмица, од петок до недела се играат четвртфиналните дејвис куп натпревари, сите дуели се играат на земја, ретко се случува тоа, но така одлучија домаќините. Го цитирам својот пост од темата Тенис - општа дискусија :

Селекторите на Дејвис Куп репрезентациите ги објавија своите состави :

Шпанија - Австрија (земја)

Шпанија (Ферер, Алмагро, Гранољерс и Марк Лопез)
Австрија (Мелцер, Хаидер-Мауер, Пеја и Марах)

Франција - САД (земја)

Франција (Цонга, Монфис, Бенето и Лодра)
САД (Фиш, Иснер, Б.Брајан и М.Брајан)

Чешка - Србија (земја)

Чешка (Бердих,Штепанек,Росол,Чермак)
Србија (Типсаревиќ, Троицки, Лајовиќ и Зимонјиќ)

Аргентина - Хрватска (земја)

Аргентина (Дел Потро, Монако, Налбандијан и Шванк)
Хрватска (Чилиќ, Карловиќ, Веиќ и Зовко)

Значи секаде ќе се игра на земја, баш интересно. Според мене во првиот меч, Шпанија тепа без проблеми. Интересно ќе биде во Франција каде ќе гостува Америка. Иснер имаше некои проблеми со ногата на Мајами, Фиш и не е баш во некоја форма, но ќе игра во четвртфиналето на Мајами. Во Чешка ќе гостува Србија, без Новак, голем хендикеп за Србите. Мислам дека ќе изгубат затоа што Бердих и Штепанек пред своја публика ќе бидат немилосрдни, јас би сакал да се игра финале Србија - Шпанија бидејќи ќе е во Белград па би сакал да го видам Надал во живо, барем еднаш во животот :) Аргентина - Хрватска, тука Хрватите не ќе видат бел ден наредниот викенд, запомнете што кажав :D

Во третата европска зона на дејвис купот ќе игра Дејвис Куп репрезентацијата на Македонија.

Минатата година овај турнир се одржуваше во Скопје, Македонија не успеа да ја доврши работата до крај, загуби во последниот дуел против Турција и не успеа да се врати во втората евро-африканска зона.

Оваа година овај турнир ќе биде одржан во соседна Бугарија, во Софија.

Турнирот ќе започне во Понеделник (30. Април) и ќе се натпреваруваат 13 репрезентации :

Албанија
Андора
Ерменија
Бугарија
Грузија
Грција
Исланд
Литванија
Македонија
Малта
Црна Гора
Норвешка
Сан Марино

Овие и не се некои големи тениски сили, домаќинот Бугарија ќе биде голема опасност, го имаат Димитров и мислам дека може да рачунаат на втора евро-африканска зона уште од сега.... ако веќе не си прерачунелe :D Сеуште не знаеме кој ќе ги брани боите на Македонија, штом се каже, ќе објавам во темата, но мислам дека треба да биде најрано 7 дена пред почетокот на мечевите. :)
Очекувам одлични мечеви овај викенд, пред се' што повеќе пет-сетерки и драматични натпревари, по можност секој дуел да дојде до неизвесна завршница. :)
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607
Типсаревиќ : " Не можам да дочекам да започне Дејвис Купот "

Слушнете го интервјуто во аудио запис - ТУКА.
 
L

Löwe

Гостин
Пуштајте Спорт Клуб. Не очекува многу интересен дуел од Дејвис Купот помеѓу Цонга и Харисон. Моментален резултат 3-2 за Цонга без брејк предност.
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607
После половина од првиот ден, резултатите се движат според очекувањата, без некои поголеми изненадувања.

Шпанија - Австрија (2-0)
Алмагро го " реши " Мелцер во 3 сета (6-2 6-2 6-4) со што и го даде првиот бод на Шпанија, вториот бод за " Црвената Фурија " го донесе Ферер победувајќи го Хаидер-Мауер рутински допуштајќи му само 5 гема во текот на целиот меч (6-1 6-3 6-1).

Франција - САД (1-1)
Тсонга против Харисон одигра 4 сета и го совлада после мали проблеми со губењето на третиот сет. Конечниот резултат на овој меч беше 7-5 6-2 2-6 6-2.
Вториот меч го одиграа Симон и Иснер, 3-0 Иснер поуспешен од Французинот (6-3 6-2 7-5)

Чешка - Србија (1-0) - моментално се игра вториот сингл
Томаш Бердих без никакви проблеми излезе на крај против Троицки, 6-2 6-1 6-2. Србинот не пружи никаков отпор, барем според резултатот, не го гледав мечот, можеби имаше нешто повеќе но не верувам.
Во вториот меч Типсаревиќ има брејк во првиот сет против Штепанек, води со 3-2 и сервира во моментот, 40 40 е резултатот во актуелниот гејм.

Аргентина - Хрватска (0-0) - првиот сингл е во тек
Налбандијан - Чилиќ, се игра третиот сет. 1-1 после првите два сета, во третиот Давид Налбандијан има предност од 4-2 во гемови.
После завршетокот на првиот сингл се очекува старт на мечот Дел Потро - Карловиќ.
--- надополнето: 6 април 2012 во 19:36 ---
Јанко го изгуби првиот сет иако имаше предност од брејк. Моментално се игра трет сет, вториот припадна на Србинот.

 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.794
Поени од реакции
15.819
После 5 часа и 9 минути, Чилич го доби мечот против Налбандијан со 3-2 во сетови.. последниот сет 6-3 беше, повеќе и неможеше да се движи Налбандијан по теренот :)
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607
После 5 часа и 9 минути, Чилич го доби мечот против Налбандијан со 3-2 во сетови.. последниот сет 6-3 беше, повеќе и неможеше да се движи Налбандијан по теренот :)
Еве го последниот поен од мечот, браво за Хрватите.


Слушав дека имал некои стомачни вируси, болки Дел Потро... можеби и Карловиќ ќе изненади :)
--- надополнето: 6 април 2012 во 23:00 ---
Браво за Типсаревиќ, победи 9-7 во петтиот сет против Штепанек. Сега е 1-1 во тој дуел.


Интервјуто на Јанко после мечот :

 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ајде момци ми требаат два посигурни натпревари од Дејвис Купот за утре. Имат некој предлог?:)
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.794
Поени од реакции
15.819
Ајде момци ми требаат два посигурни натпревари од Дејвис Купот за утре. Имат некој предлог?:)
Двојки играат утре, незнам колку е паметно да се кладиш на нив.
Пробај недела, само да видиме со кој играчи ќе испаднат во тој ден.. оти некој и ќе се решени до недела.
Шпанија - Австрија утре ти е 1, ама па и сигурно е мал коефициентот.
 

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Знае некој што му е на Степанек сељакот?
Браво Јанко мајсторе :D
 
Член од
22 март 2009
Мислења
2.356
Поени од реакции
454
Убаво рече Јанко дека можел мечот да го заврши порано, но, во четвртиот сет на 4:3 за него и сервис, и кога го загуби, толку му требаше, потоа каде сервираше за опстанок во 4 сет и тој го загуби, и го продолжи мечот за уште саат и нешто.
Инаку, непрофесионално од страна на Степанек што не се поздрави на крај, во ниту еден случај Јанко не направи нешто за да направи така, но, кој губи има право да се љути. :)
 
С

сашенко

Гостин
Типсаревич ми го скрати животот за 5 години синоќа.Го чекав само уште него и уште се чудам како успеа од водство во сите сетови да му дозволи на Степанек да се врати, во пети сет да го отера мечов и дури и до неколку меч топки да дојде:tapp:
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607
Сите 4 четвртфинални мечеви се 2-1, значи првиот меч утре во сите дуели ќе си биде нормално до 3 добиени сетови, да се надеваме дека ќе се играат петтите мечеви при 2-2, секако, за да биде поинтересно. :D

Австрија намали на 2-1 победувајќи ја Шпанија во дубл, 3-1 во сетови.
Србија изгуби од Чешка во 3 сета, доста неочекувано, ако ништо друго, не волку убедливо.
САД очекувано славеше над Франција, во 3 сета.
Најдраматичниот меч денеска, Аргентина после 5 сета ја совладува репрезентацијата на Хрватска во дубл, погледнете го последниот поен на следното видео.

 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.794
Поени од реакции
15.819
Mичо Душанович:icon_mrgr:
Какви епски мечеви играат Аргентина и Хрватска.. тоа е чудо . Не дека нешто се атрактивни, ама времетраењето е битно. Исцрпени до максимум, прашање е утре колку и дали Чилич ќе му се спротистави на Дел Потро.
Би требало Делпо да го добие тој дуел, брзо лесно..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom