Обично не им помагам на мрзливци, не знам зошто овој пат правам исклучок, сепак ете ти фабула од делото.
Ќе се обидам да ги пренесам сите настани кои сметам дека се позначајни, се надевам дека нема да те мрзи да го прочиташ и ова.
Делото започнува кога главниот лик Шимамура патува со воз и пристигнува во Земјата на снегот, во неговото купе има една девојка и еден многу болен човек за кој девојката постојано се грижи и го негува, лицето и нежноста на девојката му оставаат впечаток и постојано размислува за тоа.
Кога пристигнува ја бара учителката по музика во селото и дознава дека болниот човек всушност е нејзиниот син. Се сместува во хотелот, влегува во собата и бара да му донесат некоја гејша. Во неговата соба доаѓа Комако, девојката што била со него претходниот пат кога тој присуствувал во селото и многу добро се знаеле. Ја поминале ноќта заедно и Комако му кажала дека поминале точно 199 од денот кога последен пат биле заедно. Шимамура е зачуден како може да го памети дури и датумот па таа му кажува дека си има дневник во кој ги запишува сите работи што и значат нешто во животот.
Подоцна Комако го поканува во нејзината куќа, таа живеела во домот на учителката по музика. Таму тој повторно ја видел и девојката од возот, онаа што го негуваше болниот човек, дознал дека се вика Јоко. Заминува од собата на Комако и бара третман од една слепа масерка што живеела во селото. Од неа дознава дека болниот човек бил свршеник на Комако и дека таа станала гејша за да може да ги плати трошоците за неговото лекување. Но Комако ја негирала приказната на масерката. Му рекла дека тој човек и е пријател, понекогаш верувала дека можеби ќе се омажи за него, но во никој случај не би станала гејша за да ги плати неговите трошоци. За него се знаело дека е тешко болен и го вратиле во Земјата на снегот само за да умре во својот дом.
Комако се почесто го посетувала Шимамура во хотелската соба, дури и кога тој не ја повикувал, неколкупати дури била и во пијана состојба. Претходно присуствувала и се забавувала на забавите во хотелот извршувајќи ги своите должности како гејша.
Дошол денот кога Шимамура треба да си замине во градот, поради тоа и било многу тешко, но токму во моментот на разделбата се слушнал избезумениот глас на Јоко. Јоко ја моли да се врати дома зашто болниот е на умирање, но Комако не сака да се врати без да го испрати Шимамура. Но Шимамура почнал да ја убедува дека можеби навистина човекот е на умирање и таа мора да се врати дома, им повикал такси, а тој си заминал со возот во Токио.
На следното патување повторно оди сам, без жената и децата со единствена цел, да се сретне со Комако. Таа веќе имала 4 годишен договор и го променила местото на живеење, веќе не живеела во собата кај учителката по музика. Таа починала наскоро по смртта на нејзиниот син.
Јоко постојано била на гробишта, пеела тажни песни над гробовите на учителката по музика и нејзиниот син.
Шимамура и Комако излегле на прошетка и тој сакал да отидат на гробишта, таму ја сретнале Јоко, во тој момент поминувал возот и таа му довикнала на човекот внатре, тоа бил нејзиниот брат Саичиро.
Се вратиле во хотелот и Комако се жалела дека таа вечер ќе има многу работа, па Шимамура и помогнал да ја среди фризурата и облеката како вистинска гејша.
Комако заминува од неговата соба и малку подоцна доаѓа Јоко која му донела писменце во кое Комако му кажува дека забавата е прекрасна и дека имало многу пиење. Шимамура го искористил тој момент за да поразговара со Јоко повторно воодушевувајќи и се. Дознал дека Јоко порано работела како негувателка во болницата, но сега откако починал човекот што и значел најмногу во животот веќе престанала. Тогаш тој и понудил да отиде со него во Токио и да се обиде да најде некоја работа на што таа се согласува. Шимамура се интересирал и за односите меѓу Јоко и Камако но таа не сакала да зборува за тоа, само му рекла да биде добар со неа и дека Комако и рекла дека таа наскоро ќе полудее од тага па се расплакала и излегла од собата.
Потоа Комако влегла пијана и тој и раскажал за неговиот разговор со Јоко. Ја набљудувал некое време па и рекол дека таа навистина е прекрасна жена, но бидејќи била пијана таа тоа го сфатила како потсмевање и почнала да плаче.
Следниот ден Шимамура излегол да се прошета и се интересирал за некои јапонски вештини, во овој дел од книгата се дознава многу за нивната култура и нивните традиции. Потоа бил во некој манастир и таму поминал неколку часа разговарајќи со гостилничарката од ресторанот.
На враќање се сретнал со Комако, додека стоеле и разговарале забележал дека над нив нешто гори. Настанала паника кога се дознало дека има пожар во складиштето со кожурци. Комако била многу вознемирена зашто таму имало многу луѓе поради филмот што таа вечер се давал во складиштето и почнала да се распрашува дали има повредени. Дознале дека пожарот настанал од филмската лента. И Комако почнала избезумено да трча кон пожарот, а Шимамура викал по неа да го почека. Било многу студено и се пожалила дека и солзат очите.
Малку подоцна забележале како изгореното тело на некоја жена паѓа од најгорниот кат од складиштето. Сите луѓе ја виделе таа ужасна глетка и им станало јасно дека тоа е Јоко.
Комако крикнала исплашено, Шимамура се потсетил на сите моменти поминати со Јоко, негувањето на болниот во возот, нејзиниот прекрасен глас и краткиот разговор што го имале.
Комако го кренала безживотното тело на Јоко и си правела пат низ толпата луѓе. Шимамура тешко ја следел, го туркале и ја изгубил рамнотежата, огнот и многу луѓе се истуриле врз него со страшен трескот.
Така и завршува приказната и случувањата во Земјата на снегот.