твој избор, кој му се покорил на Бог, неможе да изгуби, тој е ценет и кај луѓето, а кој ќе им се покори на луѓето и на своите страсти, кај Бог е понижен..а што имаш добро од тие што ти се создадени, што тие ти обезбедиле?
--- надополнето: Nov 30, 2011 10:05 PM ---
Љубовта кон Возвишениот Бог бива, и се реализира, со покорност, со давање на предност на Неговото задоволство над страстите на душата и заведувањата на демоните, како и следењето на Неговиот пратеник, нека е Божјиот мир над него: „Kажи: „Ако Аллах го сакате, мене следете ме!“ (Али Имран, 31). Значи, следењето е мерило на љубовта. А стравот од Него се постигнува со оддалечување од она што го забранил и со давање на предност на сласта на добрите дела и наградата на идниот свет над сласта на гревот на овој свет. Покорноста кон Бога не е како покорноста на Неговите созданија. Ние им се покоруваме на некои луѓе, потчинувајќи се на Божјата заповед, како што е покорноста кон Пратеникот, нека е Божјиот мир над него, или одѕивајќи им се на законите на природата, или страв од опасноста. Народот му се покорува на владетелот, детето го слуша таткото, жената го слуша мажот, човекот го слуша оној кој му направил добрина во она што не му штети. Некој од нас, понекогаш, бива принуден на покорност, па се покорува плашејќи се од непријатност и вознемирување. Сите овие покорувања и потчинувања, освен покорувањето кон Пратеникот, нека е Божјиот мир над него, затоа што тоа претставува покорување кон Возвишениот Бог, се ограничени. Затоа што, апсолутната покорност Му припаѓа на Возвишениот Господар, Аллах. Покорност во сè, во она што нам ни се допаѓа и во она што нам не ни се допаѓа, во она чија мудрост и целисходност ја разбираме и во она што не го разбираме. Оваа покорност е плод на љубовта кон Бога и таа е нејзин доказ.