Редовни дневни активности:
а) Сеир мисии:
1. Поставуваш контејнери на улица на кривина и заземаш заклон
2. Отвараш табла за регулирање на семофори и правиш рандом конфигурација.
3. Земаш жица од калај за лемење, идеш до флиперница или продавница откако ќе затвори. Ја ставаш жицата во брава и ја топиш со упаљач. Сабајлето одиш да испазариш и да си поиграш.
4. Оптегнуваш дебел рибарски конец на 30цм од земја на прометно место, приквечер
5. Викаш такси возило на иста локација од сите компании
6. Фаќаш контејнер-маче, му врзуваш празна конзерва со врвца за опаш, го пушташ во зграда
б) Борби со следниве орудија и помагала
1. ОРУЖЈЕ: На алуминскa цевкa од ТВ-антена лепиш со селотејп испразнет кибрит залепен за цефката кој служи како држач и магацин за муниција; MУНИЦИЈА: црвени топчиња од грмушки, кои растат у маало
2. ОРУЖЈЕ: Даска, ластик чии краеви се заковани со шајки од едната страна на даската, штипка за пружење алишта закована од другата страна на даската; МУНИЦИЈА: тапи, семки од кајсии, семки од цреши, камчиња
3. ОРУЖЈЕ: I) Чатал, дрвен со дебел ластик од внатрешна од точак и парче кожа на средина на ластикот; II) изолирана бакарна жица со тенки гумени конци извадени од ластик од гардероба; МУНИЦИЈА: I) камења; II) пачки
4. ОРУЖЈЕ: Долна половина од пенкало со федер; MУНИЦИЈА: сноп од неколку чкорчиња кои летаат кога ќе ги запалиш
5. 2 штрафа и 1 мутер, рендаш фосфор од главата на чкорчињата. Штрафовите се притегнати еден кон друг со мутерот, а во мутерот е поставен фосфорот. Ја удираш направата од земја и пука.
6. Пуниш кеси со вода(може и куртони), излегуваш на тераса и бомбардираш