Мистичен
Човек
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 13.578
- Поени од реакции
- 1.097
Проблемот кај анимираната детската порнографија е токму во формата на изразување и последиците кои би можеле да произлезат од неа, без разлика дали никој вистински нема да биде повреден и злоупотребен. Која би била пораката која ја носи делото на такво слободно изразување, макар и анимирано - имајте секс со деца, интересно е?
Многу често погрешно се толкуваат термини како слобода на изразување, слобода на говор и демократија. Демократијата и слободата на изразување се темелат на почитување на закони кои се нејзини столбови, а без нив се би се претворило во анархија. Значи, слободата на изразување сама по себе не е ограничена во барање на формите за да се каже нешто, но пораката која ја носи мора да помине низ некој филтер, кој е дефиниран од општеството.
Инаку, би имале и многу пострашни цртани филмови од овие за кои збориме сега, ако дупката во системот беше секоја порака што сакаш да ја кажеш да го сториш во анимирана форма. Сите ќе бевме аниматори.