Депилација

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.608
Што се става после депилација?
Јас после депилација се иритирам многу, како болен да сум.
Не зборувам за тоа црвените точки туку како акни се формираат вториот ден.
Како да се намали/отстрани ова?
Страшно итирира, чеша и изгледот е најлош. Како некоја болест да имам.
Не ми е прв пат, секој пат се дешава ова.[DOUBLEPOST=1442312546][/DOUBLEPOST]

Да, големи и иам мака со тоа. Секој пат истото е.
Се депилирав брат минатите 2 години гради,стомак и грб. Ама шо фајде? Ајде океј првиот ден си е топ, ни влакно, ни ништо, ама чекај... вториот ден одма акни ова она, катастрофа, непријатно чувство, кога имаш маица осеќаш како да си воден цело време. Ако одиш на езеро,море или базен после депилација некој ден веднаш истите тие ќе се зголемат.... ова е од втор план, прво е многу скапо, а болката што се доживува е ненормална. Од пред неколку месеци користам машинка, доколку баш не прави толку голема разлика депилацијата, сврти на другиов метод, ќе заштедиш време, живци, нема да те боли, не е ефектот ист, задоволителен е, ама ќе заборавиш и на акни и на сите тие глупости. :)
За штедењето пари не станува збор, а исто друга работа што ме нервираше кај депилирањето беше тоа што после секое депилирање, посебно длабоко во летото, како да ми кинеа слој од кожа, бев исончан да речиме па после депилацијата тенот да ми паднал, не целосно, ама доволно колку да има разлика со рацете и да изгледа смешно првите неколку дена...
 
Член од
10 февруари 2010
Мислења
819
Поени од реакции
290
.. види или смени го начинот на депилација.
Прво восочна пробав два пати - истото.
Сега шеќерната - истото ми е.

Еве денес втор ден после шеќерната - се појавија мозолчињата како болен да сум. А одам на одмор за 2 дена.[DOUBLEPOST=1442319851][/DOUBLEPOST]
болката што се доживува е ненормална.
Ја толерирам болката, не е страшна. Да, боли, ама ништо посебно.

Додуша и немам црни влакна, некако накај светло кафени одат, сакам да кажам немам некои јаки црни дебели влакна.
И сепак и сепак се праат. Абе внимавам да не се испотам (колку можам), да го одржувам местото максимално чисто, ама се нафрлувам и се нафрлувам.

Втората депилација ми беше ужасна. Ми се нафрли кожата и два месеци не си одеше исфрланото. Мада мислам дека за тоа сум јас крив пошо заминав на жешко место и носев ранец па препотував.

Сеа зедов алоевера гел па ќе видам колку и дали воопшто ќе смири.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
После депилација неколку часа остави ја кожата да се смири. Никако изложување на сонце и бањање со топла вода и гелови.
Може со ладна вода и после тоа мачкање со бебешка пудра. :D
Заборавив и нанесување на облоги со чај од камилица.
 
Последно уредено:
Член од
10 февруари 2010
Мислења
819
Поени од реакции
290
После депилација неколку часа остави ја кожата да се смири. Никако изложување на сонце и бањање со топла вода и гелови.
Може со ладна вода и после тоа мачкање со бебешка пудра. :D
Заборавив и нанесување на облоги со чај од камилица.
Се истуширав со млака вода неколку саати после депилација. Морав некако да тргнам деловите од шеќерната депилација.
Само со вода.
Ќе пробам со гелов од алое вера. Облоги? Тоа треба цели пешкири да се. Во леген потопени.[DOUBLEPOST=1442322232][/DOUBLEPOST]
..мачкање со бебешка пудра. :D
На која начин помага пудрата? Која пудра ја препорачуваш?
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Се истуширав со млака вода неколку саати после депилација. Морав некако да тргнам деловите од жекерната депилација.
Само со вода.
Ќе пробам со гелов од алое вера. Облоги? Тоа треба цели пешкири да се. Во леген потопени.

На која начин помага пудрата? Која пудра ја препорачуваш?
Обично се препорачува бањање со ладна вода. Да облоги од памук потопен во чајот од камилица. Може и крема од невен и камилица или домашно направено масло од кантарион.

Бебешка пудра од Бекутан.
 
Член од
10 февруари 2010
Мислења
819
Поени од реакции
290
Depiliranje pod mishka??
Pros and cons?
Шеќерна. Друга не.
Не сум пробал, машко сум, не знам.

Али тука негде се истите.
Pros - мазно извесен период
Cons - поголема болка(пошо е осетливо, исто како кур/мадиња да депилираш) и (не)веројатната иритација отпосле.
 
Член од
10 февруари 2010
Мислења
819
Поени од реакции
290
Ако одиш на езеро,море или базен после депилација некој ден веднаш истите тие ќе се зголемат....
Како мислиш ќе се зголемат? Денес јас заминувам на одмор.
Ова исфрланово некако како да се потсмири али е сепак многу видливо. Целиот грб со точки како нафрлан/
Гелов алоевера помогна малку ама не е нешто значително.
Прашањето е дали после два дена од депилација и со вакви ефекти да се сончам (мачкам со крем на грб) и да пливам во море?
 
Член од
9 август 2015
Мислења
71
Поени од реакции
56
Како мислиш ќе се зголемат? Денес јас заминувам на одмор.
Ова исфрланово некако како да се потсмири али е сепак многу видливо. Целиот грб со точки како нафрлан/
Гелов алоевера помогна малку ама не е нешто значително.
Прашањето е дали после два дена од депилација и со вакви ефекти да се сончам (мачкам со крем на грб) и да пливам во море?
земи од аптека камагел , ќе ги смири
 
Член од
10 февруари 2010
Мислења
819
Поени од реакции
290
земи од аптека камагел , ќе ги смири
Веќе нема да се депилирам пошо моево по втор пат ескалира да морам да одам на дерматолог.
Кожата моја тоа не го поднесува веројатно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom