Ден на победата над фашизмот

Член од
28 март 2009
Мислења
37
Поени од реакции
1
Неспасиаването на евреите от Македониа е срам за Бугарија, но все пак спасихме 55 000. Една Франција, Белгија, Холандија не успеха. По отноштение на фашизма. В Бугариа не е имало фашизм. Даже след 23-та год. Фашизма у Бугарија е измислен от комунистките историчари след 44-та год. По повод на това, че сме биле в Пакта - да биле сме, но војска не сме праштале. Бугариа не е страна победителка, но не е и страна победена. Бугарска војска војува рамо до рамо со Чрвена армиа до краиот на нациска Германиа. Биле ли сме окупатори? Да биле сме, но и СССР и САД и Британија сашто. Както и Франциа. А какво ште кажете за југославиа? Или југославската армиа е била и македонска и хрватска, че и словенска? Да попитаме ли хрватите и словенците или босненци? Бугариа не се е присаединила кам Пакта зарад териториални разширениа (за разлика от 1-ва СВ), а зошто избора е бил Хитлер или Сталин. При Хитлер сме имали малак, но избор, но сос Сталин немаше да имаме никаков избор (вж. Литва, Латвија и Естонија ;), да не пишем за Полша). Могли сме да војуваме с/у Вемахт, но Чехија не го е направила, југославиа нема никаков успех, както и Грциа (миии даже и Франциа). Имало ли е издевателства на бугарска војска? Да имало е, но в какви размери? Нема да правим сравнениа со СССР и Германиа, а само со последните југославски војни. К'дето народи от една држава се избиваха като бесни кучета.
 
Член од
26 ноември 2008
Мислења
37
Поени од реакции
0
Ама ако па толко жалите за тиа евреи у Бугариа и сега има 5-6 ильади .
Ајде, ваши са ! :toe:
 
Член од
28 март 2009
Мислења
37
Поени од реакции
1
Ама ако па толко жалите за тиа евреи у Бугариа и сега има 5-6 ильади .
Ајде, ваши са ! :toe:
Не е вопросот у евреите. Аз разлика не права, евреин, татар, турчин, бугарин, македонец, грк.

Избити са 11 000 човеци!!!

Или да се варнем на Сталин - смртта на един човек е трагедиа, а на милиони - статистика :(.
 
Член од
26 ноември 2008
Мислења
37
Поени од реакции
0
За тебе може да не е ама за некои е. Нали видиш дека на сликите пуштени тука не пише примерно фашистички логори, а пише германски, не пише животот ви го отзеде фашистичка гнасна рака, а е написано "бугарска гнасна рака".
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Бегањето од антифашистичката традиција е беспаќе
Тодор Атанасовски

Неучеството на тетовските првенци-Албанци во одбележувањето на Денот на ослободувањето на Тетово од фашистичката окупација (анексија) е демонстративно напуштање на антифашистичката традиција. Тој чин е дури повеќе од тоа. Тие луѓе колективно демонстрираа однос што тешко може да се објасни и прифати. Од оваа временска позиција искажуваат одобрување на фашистичката агресија 1940-1941 врз балканските држави, солидаризирање со теророт од фашистичка позиција и прифаќање на таа идеологија. Зошто? Поради убедување или од прагматски причини. Тогаш е создадена фашистичката квазидржава голема Албанија. Тоа може да биде и идеологија и политика. Меѓутоа, такво нешто не може да биде историска наука, туку во новите услови кукавичко манипулирање со науката. Да ја погледнеме вистината.

Антифашистичката традиција на Македонија и во неа има посебен релјеф. Таа не е сместена на тесен национален простор. Докажано е и секогаш докажливо е дека на широкиот мултиетнички простор е создавана како конкретен и реален однос во условите на активна вооружена и невооружена борба против фашистичкиот окупатор, анектори и против нивните сателити и слични творби. Република Македонија заслужено го носи атрибутот антифашистичка држава. Пред сў и затоа што против фашизмот се бореа, покрај Македонците, и сите други прогресивни луѓе од редовите на другите национални групи и заедници што живеат во Македонија. Овој неоспорен факт недвосмислено докажува дека антифашистичката традиција во земјава не е еднонационална, туку мултинационална. Со нејзиното оспорување не се повредуваат само Македонците-антифашисти, туку се навредуваат и сите други борци-антифашисти: Турци, Албанци, Срби, Црногорци, Роми, Власи и други. Заедничката борба против фашизмот се надоврза на вековните искуства во заедничкото живеење што постана и неделив културен белег во македонскиот амбиент.

Општествените ситуации никогаш не биле толку чисти и непротивречни. Историска вистина е дека во Втората светска војна и големата Антифашистичка борба, низ планетата и овде во Македонија не бевме сите на иста страна. Низ светот, во регионот, та дури и во нашиот простор и амбиент имаше движења, формации и поединци што се бореа во редовите на фашистичките армии или во формации што колаборираа со нив. Имаше и движења што се обидоа да ги достигнат своите високи цели во спрега со фашистичките агресори. Историската наука, ако е тоа и кога е наука, мора да ги регистрира и тие настани и однесувања. Максимата дека победниците ја пишуваат историјата е повеќе пати потврдена во практика, но, сепак, не е тоа цела наука. Ова што се случува, пак, овој пат се историчарите-Албанци, не само што не е наука туку е повеќе од нациофашистичка лакрдија. Науката секогаш треба да има храброст да ги забележи и непријатните настани и неповолните однесувања во минатото. Во Македонија и тој, да речеме, неповолниот, негативниот и неславниот дел од историјата ни е заеднички. Во стратегискиот простор на фашизмот во Втората светска војна не функционираа само формациите на "Комбтар", туку и македонските бугаро-врховистички ванчомихајловистички вооружени формации - контрачетниците, а во некои реони и големосрпските формации на "кралската војска во татковината°, четниците на Дража Михајловиќ. Ако сериозно се занимаваме со историјата, ќе мораме да ја забележиме и третата вистина со голема специфична тежина, а тоа е и примарно, масите ниту од една национална заедница во Македонија не беа впрегнати во фашистичкото оро. Тие или ја помагаа Народноослободителната војна и борбата против фашизмот на организиран начин, или се симпатизираше таа борба, а ниту од една национална позиција не беа оспорувани НОВ и антифашистичката борба. Според мене, во таа ситуација нашите борци антифашисти-Албанци се надминаа себеси. Тие не можеа да се борат против фашизмот, а истовремено и директно да не се борат и против фашистичката творба голема Албанија. Борците-Албанци не беа ни без национален мотив. Беа свесни дека Македонците-антифашисти се борат и за национална слобода и за своја држава.

И ние Македонците бевме и свесни и убедени дека не ќе можеме да ја достигнеме националната слобода ако истовремено не бидат целосно национално слободни и другите националности во таа држава. Државата што ја градевме мораше да ги брани и гарантира националните слободи не само на Македонците, туку и на сите други во Македонија. Според тоа, никој денес нема право да им припишува непатриотизам на борците-антифашисти од немакедонско етничко потекло. Останува да се запрашаме со каква цел се негира заедничкото антифашистичко минато. Дали е тоа од позиција на мегали-идејата голема Албанија. Тогаш треба да се знае - неизбежен е ударот и врз реалната држава Република Албанија, бидејќи и таа е резултат на анти-фашистичката борба на албанскиот народ. Сосема е друго прашањето зошто и каков режим се создаде по Втората светска војна. Ако мотивот, пак, е исповедување на фашистичка идеологија, тогаш господа историчари-Албанци, оставете ја науката намира, формирајте фашистичка партија и борете се за тие идеи и цели, јавно.

Оваа неофашистичка атака врз заедничките (наши) антифашистички традиции не е ниту прва ниту нова. Многу порано тоа го сторија (нели) македонските надриисторичари и политичари од редовите на бугарофашистичкиот антимакедонски корпус. Ако паметите, почитувани читатели, тие систематски ги анатемисаа историските споменици и обележја од периодот на НОВ и антифашистичката борба. Упорно ги уништуваа бистите на хероите и ги сквернавеа гробниците. Кој ќе ги заборави панихидите и разбушавената поповштина за повампирување на ванчомихајловистичкиот бугароврховизам.

Историчарите-Албанци имаат право да си го искажат својот став за настаните од Втората светска војна и антифашистичката борба, меѓутоа не можат да ја фалсификуваат историјата и да продаваат рог за свеќа. Мора да се има научна одговорност. Младите генерации треба да ја знаат вистината без изопачување. Антифашистите-Албанци не беа неалбанци. Партизаните Турци не беа нетурци, борците-Срби, Црногорци, Власи, Роми и други во Македонија беа гордост и за своите заедници. Погледајте господа историчари, со ваков однос кон минатото во какво беспаќе ги насочувате идните генерации. Неџмија Хоџа го убедува Мојсиу дека Енвер Хоџа е признат ветеран на големата борба против фашизмот, тој молчи, а тој не смее да зине од повампирениот големоалбански нациофашизам. Кажете им на младите кој беше поп (оџа) во тоа време, а што беше боб, па тие самите нека оценат. Според мене, историчарите-Албанци имаат шанси да бидат поумни од историчарите-Македонци ултранационалисти, ревизори на најзаедничкиот дел од историјата на Македонија. Не мора да ги имитираат.

Ниту македонската врвна политика и актуелна научно-политичка промисленост во практика не сакаше посериозно да се потпре врз антифашистичката (наша) традиција и таквото потекло на државата. Сў уште се мисли дека тој факт не е многу прагматичен (дома), а во извесна смисла ги намалува заслугите на новите создатели на македонската држава. Конкретно мислам на формациите што (еве) една и пол деценија ги малтретираат државата и народот. Меѓутоа, неоспорливи се два факта: целиот светски систем - лош или добар - што се создаде по Втората светска војна произлезе од победата над фашизмот и се градеше и уредуваше според Атлантската повелба; и Декларацијата на Првото заседание на АСНОМ - оваа држава - Република Македонија со папочна врвка ја врзува со Атланската повелба.

Таа детерминанта уште трае и не може да се прекине. Затоа овие, и поранешните неофашистички траги не се свртени само против антифашистичкото минато. Тие навестуваат други нововремени опасности што не се само антимакедонски. Просторот не дозволува посеопфатна анализа каде би воделе овие неофашистички пројави. Само патем ќе споменам. Во овој миг реално беснее глобална терористичка и антитерористичка војна. Со таа војна е зафатена и Македонија. Не е лесно да се споредува големата антифашистичка војна (Втората светска војна) и ововремената. Станува збор за различни времиња и кардинално поинакви услови. Би сакал да грешам, но ми се чини дека на врата ни чукаат нови поларизации и конфронтации како и во антифашистичката војна, се разбира во сегашни услови и временски релации.

Младата популација во земјата малку знае за вистинската општествена природа на Втората светска војна. Посебно малку се знае за нејзиниот антифашистичка карактер. Тој аспект на Втората светка војна беше поширок и поопфатен и од самата војна. Ако не ја разбереме суштината на антифашистичката борба во условите на Втората светска војна, тешко ќе разбереме што ни доаѓа во блиска иднина. Терористичката и антитерористичката војна ќе бара од сите нас да се определиме исто како и во минатото, што е предмет на оваа опсервација. Не можам да препознаам ниту еден национален интерес во Македонија што би инклинирал во прилог на глобалниот тероризам и војната што тој ја води. А што ако се лажам, ако некој и во оваа војна мисли дека може да реализира големи цели во стратегискиот простор на глобалниот тероизам и во колаборација со сите што стојат зад него!?

(Авторот е воен аналитичар и генерал во пензија)

http://217.16.70.245/?pBroj=1640&stID=26305&pR=7



.
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
За жал сеуште не е победен фашизмот. Погледнете на југ а бога ми и на исток ги има бајаги.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Сам можеш да си наjдиш во интернет. Нема да вршам чужда работа.
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Мисирков, пак глупости редиш. Не е в'зможно да не знаеш че на 9 септември Б'лгарија не е капитулирала, а е изв'ршен преврат и с него на власт идва Отечественијат фронт. За партизанското движение с'што се изказваш много, ама много неподготвен. Не е от незнание - просто изопачаваш и манипулираш фактите. Но това не е ново в Македонија - достат'чно е да се прочетат статиите на Виктор Цветаноски в Утрински весник за да се види че манипулацијата е на мода.
Можете ли бе една дискусија да оставите нечепјната крв ви ебам татарска.

Убаво цел свет знае кој беше на страната на фашистите и сега немој многу да ни кажуваш не сте капитулирале.:tapp:

Одеднаш да не ви текнало, ај сега ке бидеме од страна на Русија пошто они победуваат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom