Малце постов е од памтивек,ама може ли да ми појасниш зошто е Луцифер избркан од кај Господ Бог,и доаѓа на земјата.?
Ти одговори Смекси.
Јас би рекла,
сакал да биде еднаков на Бог. Бог ја видел неговата гордост и го поставил да биде бог на темнината т.е. да владее со темнината.
„Темнина“ во некои преводи се толкува како „зло“. Сеедно.
Поентата е, никогаш нема да биде семоќен Бог ( :
Луцифер е пратен на земјата за да владее овде. Зошто баш го пратил на земјата? Не би знаела. Не сум толку вична, можеби некаде пишува зошто баш на земјата е пратен. Според мене (значи ова е мое толкување и моја претпоставка), Бог го пратил Луцифер на земјата за да не провери нас (т.е. тогаш Адам и Ева) дали ќе му бидеме верни како негови созданија и дали сме достојни да ја уживаме вечноста.
Можеби си чул за Јов, верен човек кој живеел пред нашата ера. Бил многу богат и Бог го благословил со жена и многу деца. Еден ден ѓаволот дошол кај Бог и му рекол ко демек „Дај ја да го искуувам Јов, ќе видиш дека нема толку голема вера во Тебе“ и Бог бидејќи знаел колкава е верата на Јов му дозволил на ѓаволот да го искушува, но животот на Јов да не го допира, да нема опасност од тоа Јов да умре. Јов се разболел, го изгубил целото богатство, децата и жената му умреле, се распаѓал човекот, ама не ја изгубил верата во Бог. Откако завршиле искушенијата, Бог бил задоволен од Јов и го благословил со нова жена и деца, ново богатство итн итн.
Верувам дека истото им го праел на Адам и Ева. Можеби тоа е нашата суета како битија, она што ни е вкоренето од гревот, поттикнато од Лукавиот, да сакаме да бидеме богови. Впроечем, со таа лага змијата ја прелажа Ева, со таа лага се лажеме и ние ден денес. Сам свој газда. The Secret. Сањај како ти стигаат чекови по пошта и нишо не прај и ќе почнат да ти стигаат ( :