Интересно, математика на големи броеви...
Ако е таа цена, (0,7 денари), а ги продаваат по 2 денари, ќар од една кеса е 1,3 денари. Веројатно и на количина имаат помала цена, но да речеме дека е таа, сосе печатењето на нивното лого (а не земаме предвид дека тоа е бесплатна реклама).
На веб страницата на еден синџир маркети најдов дека имаат 36 маркети во Македонија.
Работното време им е околу 10 часа дневно. Најчесто работат и во недели и на празници, освен два-три дена во годината за најголемите празници.
Е сега, посетеност... Во тој што најчесто одам, тој е поголем, но има и поголеми од него, па (делумно, од око) ќе компензирам со бројката на посетеност. Според моите искуства, касите никогаш не биле празни, секогаш има некој на нив, дури и во период кога е најпразен маркетот. Време на чекање каса изнесува од 3 минути до 10 минути. Но од тоа не може да се извади број на посетители, па сепак би проценил (од тоа колку луѓе гледам додека сум таму) дека за еден саат поминуваат од 100 до 500 луѓе. Да речеме просек 250 (иако со оваа проценка може да сум way off) Дел од нив нема да земат кеси (си носат од дома), дел нема да купат ништо, но има и многу што ќе натоварат корпи, па ќе земат повеќе од една кеса. Да речеме, просек е 150 луѓе што зеле по една кеса.
Сега ги имаме бројките:
1,3 (ќар од кеса) х 150 (кеси на саат) х 10 (саати работно време) х 360 (работни дена во годината) х 36 (маркети) = 25.272.000,00 денари ќар или околу 400 илјади евра, само од еден така незначителен и незабележителен производ како кесата. Тоа е еден синџир маркети, а ги има неколку во Македонија. Добро, еден не наплаќа (се` уште).
Не е ни чудо што при предавање на смена, вработените ги носат со себе парите од касата и ги бројат кесите.