- Член од
- 20 септември 2008
- Мислења
- 12.770
- Поени од реакции
- 9.891
Уште една германска компанија од автомобилска индустрија ќе инвестира во земјава, открива за Канал 5 министерот за странски инвестиции Веле Самак. Одлуката од менаџментот е донесена, но компанијата се мисли меѓу Велес и Кавадарци, а ќе произведува делови за Мерцедес С класа.
- Има уште една германска фирма која се одлучи за Македонија, а избира меѓу Велес и Кавадарци. Се работи за голема инвестиција, со 4.000 нови работни места, тоа ќе биде најнова и најголема инвестиција, се планира да се вложи 30 милиони евра, во опрема и зграда. Ова се проекти кои се потврдени, а и има дополнителни осум нови кои се веќе одлучени и би почнале во текот на 2012, изјави Веле Самак, министер за странски инвестиции.
Освен германската компанија, инвестиција најави и Ван Хоол, компанија од Белгија која ќе произведува автобуси за американскиот пазар. Во моментов компанијата има нарачка од Америка за 500 автобуси, па затоа менаџментот планира да започне со градба најдоцна до април во слободната економска зона, ТИРЗ Скопје 2. Еден од главните услови поради која компанијата одлучила да инвестира во земјава е евтината работна сила.
- Ова е една од ретките фирми која брзо ја објави веста за своето инвестирање. Оваа компанијата ќе инвестира во нов гринфилд погон. Оваа инвестиција би била за почеток од 17 до 20 милиони евра, во сосема нов погон за склопување, за почеток тие главнината ќе ја носат од надвор и ќе вработат од 300 до 400 вработувања кои би се вклучиле во различни активности во скопување на овој финален продукт. Тие имаат склучено договор за производство на над 300 автобуси за Америка и идната година мора да испорачаат 50 автобуси, изјави Веле Самак, министер за странски инвестиции.
Статистика покажува дека за првите десет месеци од минатата година инвестициите изнесувале 211 милиони евра. За годинава има резервиран оптимизам, вели министерот Самак. Очекувањата се владините роуд- шоуа, да дадат резултати. Првото роуд- шоу годинава е во Турција. Владината делегација патува денеска и во наредните шест дена ќе ги презентира можностите за инвестирање.